Економија
СБ: Регионот излегува од рецесија, Македонија со раст од 3,0 отсто
Економиите на Југоисточна Европа почнаа со закрепнување од рецесијата во 2012 година, со раст од 2,2 проценти во просек за 2013 година, се вели во најновиот Редовен економски извештај за Југоисточна Европа (РЕИ ЈИЕ).
Според извештајот, предвидено е регионот да има раст од 1,9 проценти во 2014 и 2,6 проценти во 2015, благодарение на растечката надворешна побарувачка, но значителни ризици ги затемнуваат изгледите, вклучително очекуваното влијание од неодамнешните поплави во регионот. За македонската економија се предвидува дека во оваа година ќе оствари раст од 3,0 тосто, а во 2015 година растот се очекувада забрза на 3,5 отстоТешките поплави, особено во Босна и Херцеговина и Србија, кои се случија во средината на мај, предизвикаа хуманитарна криза со десетици загинати и милиони раселени или оставени без пристап до вода или електрична енергија. Домови, земјоделски култури и добиток се изгубени, а исто така главните транспортни поврзувања се прекинати. Поплавите несомнено ќе имаат негативно влијание врз растот во 2014 година, иако се уште е рано да се мери вкупното влијание. Проценката на штетата и потребите за реконструкција започнаа, додека почетните хуманитарни дејности продолжуваат.Во 2013 година, секоја од шесте земји на Југоисточна Европа забележа стапка на позитивен раст, со раст од 3 проценти или повеќе во Косово, Македонија и Црна Гора. Во сите земји, добрата година за земјоделството и растот во индустријата ја поддржаа економската активност во регионот.
“Во 2013 година, Југоисточна Европа започна да заздравува од рецесијата“, вели Елен Голдстин, директор за Југоисточна Европа при Светска банка. “Економскиот раст беше можен благорарение на зголемената побарувачка за регионален извоз од високо развиените земји, особено од оние во Европската унија (ЕУ). Катастрофалните поплави во средината на мај претставуваат хуманитарна катастрофа за неколку земји од Југоисточна Европа и ќе имаат влијание врз економското закрепнување во следните неколку години на начин кој се уште треба целосно да се оцени“.
Според извештајот, извозот се зголеми за скоро 17 проценти во 2013 година, предводен од забрзувачкиот раст на извозот во Србија. Големо зголемување во 2013 година дојде од извоз на машини и опрема за транспорт, главно од Србија и Македонија. Во меѓувреме, извозот на минерални горива беше особено значаен во Албанија и Црна Гора, а основните метали преставуваа четвртина од извозот на Косово во 2013 година.
Спротивно на тоа, домашната побарувачка на регионот се намали во 2013 година. Забележувајќи го ова, Голдстин вели “Ги поттикнуваме земјите од Западен Балкан да се префрлат од модел на раст предводен од внатрешна побарувачка на оној предводен од извозот, кој води кон поголема интеграција на европските и глобални пазари.
Со закрепнувањето кое е во тек, сега е време за фокусирање на создавање инвестициска клима предводена од извозно ориентиран раст и подобрено поврзување“.
Домашната побарувачка беше дополнително потисната со намалување на дознаките во регионот во 2013 година, што го рефлектира се уште слабото економско заздравување и доминантната висока невработеност во земјите на ЕУ. Со малку нови работни места, дознаки кои се во опаѓање, и огранично кредитирање на економијата, домашните приходи и профитите на компаниите не беа во можност да ја поттикнат домашната потрошувачка или инвестициите во регионот.
“Севкупно земено, додека закрепнувањето донесе раст, земјите во регонот имаат ограничен успех во конвертирање на економското закрепнување во создавање на работни места“, вели Галина А. Винчелете, главен економист и еден од авторите на извештајот. “Невработеноста остана се уште висока во регионот и изнесува во просек повеќе од 24 проценти во 2013 година. Постојаните високи стапки на невработеност и хронична невработеност се особено распространети помеѓу ранливите групи, како што се младите, жените и неквалификуваните“.
Во извештајот се вели дека предизвиците остануваат и потребна е акција во финансиските и фискални сектори. Прилагодување на високите и се уште растечки нефункционални кредити; повторно отпочнување на кредитниот раст за одржливи корпоративни кредити; продолжени напори за одлучувачка консолидација за повторно воспоставување на фискален баланс: и намалување на јавниот долг – би помогнале во стимулирање на економската активност. За да се одржи растот во регионот, земјите треба и понатаму да ги зајакнуваат нивните домашни макроекономски перформанси и политики, кои ја поттикнуваат нивната продуктивност и еластичност кон надворешни превирања.
Дополнително, скорешното економско закрепнување е можност за повторно промовирање на долго одложуваните структурни реформи. Приоритетите за раст и креирање работни места вклучуваат макроекономска и фискална стабилизација, подобрена конкуретност и поврзаност, подобрени вештини и работна продуктивност и зајакнато владеење и антикорупција. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

