Економија
Русија, Белорусија и Казахстан ја основаа Евроазиската економска унија
Русија, Белoрусија и Казахстан во казахстанската престолнина Астана во четвртокот го потпишаа договорот за Евроазиската економска унија (ЕАЕС) кој ќе стапи на сила од 1-ви јануари 2015 година, организација којашто има цел да ги јакне односите и економската соработка меѓу овие три поранешни советски републики кои веќе се поврзани со царинската унија на која и’ беше понудено да пристапи и Украина пред соборувањето на претседателот Виктор Јанукович.
Како што пренесуваат агенциите, документот во Астана го потпишаа на заседанието на на високиот Евроазиски економски совет, челниците на трите земји, Владимир Путин, Александар Лукашенко и Нурсултан Назарбаев. Станува збор за економски и трговски блок кој би требало да претставува заштита од, но и конкуренција на светските економски гиганти како Европската унија, САД и Кина.
„Нашата денешна средба има посебна и, без претерување, епохално значење”, изјавил Путин по потпишувањето на договорот.
„Оваа унија е економска и нема да се однесува на суверенитетите на земјите учеснички”, истакна Назарбаев, додавајќи дека организацијата претставува „мост меѓу Истокот и Западот”.
Формирањето на Унијата ги издигнува на повисоко ниво интеграциите меѓу земјите потписнички на договорот кој треба да стапи на сила од 1-ви јануари 2015 година, откако ќе го ратификуваат парламентите на Русија, Белорусија и Казахстан, истакнале тројцата претседатели, пренесува РИА Новости.
Со договорот, трите држави, исто така, преземаат обврски да го гарантираат слободното движење на стоки, услуги, капитал и работна сила, спроведување на координирани политики во клучните сектори како енергетиката, индустријата, земјоделието, транспортот… Со тоа, всушност, се завршува формирањето на најголемиот заеднички пазар на просторот од Заедницата на независни држави (ЗНД – независни државни настанати со распаѓањето на Советскиот сојуз), од 170 милиони население, кој треба да според планот „да претставува нов моќен центар на економскиот развој”.
До потпишувањето на договорот Москва, Минск и Астана водеа повеќегодишни комплексни преговори. Според советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, пред потпишувањето на договорот за формирањето на ЕАЕС останале нерешени неколку прашања коишто ќе бидат разгледувани на ниво на замениците премиери на трите земји и кои мора да бидат надминати. Првиот руски вицепремиер Игор Шувалов во четвртокот претпладне пред состанокот на челниците на трите земји изјави за руските медиуми дека делегациите ги надминале сите разлики.
Русија се надеваше претходно дека на Унијата ќе и’ се приклучи и Украина, но нејзините односи беа замрзнати по избувнувањето на протестите коишто во ноември 2013 година ги започна прозападната украинска опозиција којашто подоцна го собори претседателот Виктор Јануковиќ, обвинувајќи го дека земјата ја врти кон Москва поради тоа што одлучи да го суспендира потпишувањето на Спогодбата за придружување и слободна трговија со Европската унија.
Другите земји произлезени од советскиот сојуз засега не влегуваат да влезат во ЕАЕС, иако Ерменија и Киргистан најавија дека ја разгледуваат можноста за влегување во оваа асоцијација./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

