Економија
Светската банка ги намали процените на економскиот раст
Светската банка ги намали прогнозите во средата за светскиот економски раст во 2014 година, предвидувајќи разочарувачко темпо на развој во земјите во развој поради сланиот почеток на годината што го одложи очекуваното забрзување на активностите.
Годинава свеската економија според објавениот извештај на Светската банка „Излгедите за светската економија (GEP)” би требало да порасне за 2,8 отсто. Во јануари Банката го процени годинешниот раст на 3,2 отсто. Прогнозите за 015 и 2016 година, се потврдени на 3,4 односно 3,5 отсто.
Светската банка ги намали и прогнозите за раст во групата земји во развој во оваа одина, на 4,8 отсто, од 5,3 проценти колку што проценуваше во јануари. Во 2015 година активностите според сегашните показатели би требало да забрзаат на 54, отсто а наредната 2016 година на 5,5 отсто, проценуваат експертите на Банката. Во јануари прогнозите за следната година изнесуваа раст по стапка од 5,5 отсто, кој во 2016-та би требало да за забрза на 5,7 отсто.
Кинеската економија во 201 година би требало да порасне за 7,6 отсто, но тоа ќе зависи од успехот во настојувањата на Пекинг да ги префрли тежиштето од извозот врз домашната побарувачка.
Токму тавата политика на Кина, заедно со лошите временски услови во САД изминатава зима, кризата во Украина и бавното спроведување на структурните реформи го ограничува растот во групата земји во развој третата година со ред на под 5 отсто, се истакнува во проекцијата на Светска банка.
Намалена е и прогнозата за раст во групата земји со високи приходи, на 1,9 отсто, од јануарската прогноза од 2,2 отсто. Во 2015 година растот според најновите процени на Светската банка би требало да забрза на 2,4 и на 2,5 отсто во наредната 2016 година. Во јануари, пак, за двете години беше процента стапка на раст од 2, отсто.
Прогнозата на годинешниот раст во еврозоната е потврдена на 1,1 отсто додека САД по падот на активностите во првиот квартал поради острата зима, би требало во целата година да остварат стапка на раст од 2,1 отсто. Во јануари Банката прогнозираше 28-процентен раст на американската економија во 2014 година.
Во Светската банка проценуваат дека на земјите со високи доходи во 2015 и 2016-та повторно ќе отпаѓа половината од растот на светската економија, во однос на помалку од 40 отсто колку што нивниот удел изнесување во изминатата 2013 година.
Се истакнува и дека забрзувањето на економиите со висок доход е претставува важен поттик за земјите во развој.
„Економиите со висок доход би требале следните три години да инјектираат дополнителни 6.300 милијарди американски долари во глобалната побарувачка, што претставува чувствително повеќе во однос на 3.900 милијарди долари вбризгани во изминатите три години и повеќе од очекуваниот придонес на земјите во развој”, се истакнува во извештајот на Светската банка./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ повисока цената на бензинот и дизелот
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за 2,881%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251% и кај мазутот има исто така намалување за 2,898%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7827%
Од 11.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,427 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.11.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторна.
Економија
Скопје го предводи порастот на хипотеки – над 1.500 впишани за три месеци
Во периодот април – јуни годинава се запишани 2.876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и 8.319.220.917 денари, покажува Извештајот за работата на Агенцијата за катастар на недвижност за вториот квартал годинава.
Од април до јуни годинава во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 1 522 хипотеки во вредност од 289.526.966 евра и 4.999.018.379 денари, а во 29-те одделенија на катастарот низ државава 1 354 со вредност од 262.010.698 евра и 3.320.202.538.
Хипотеките во вториот квартал се за 280 повеќе во однос на тие во првиот квартал 2025-та кога биле впишани 2.596 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 384.969.557 евра и 4.929.828.022 денари.
Статистиката на АКН покажува зголемување на бројот на хипотеки во изминатите неколку години. Минатата година, во периодот јануари – декември се запишани 8.748 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 1.719.022.360 евра и 15.161.817.874 денари, а во 2023 година 7.844 со вредност од 1.572.943.764 евра, 11.585.447.070 денари, 77.983.115 швајцарски франкови и 108.772 американски долари. Во 2022 година, пак, се регистрирани 7.658 товари врз недвижностите во вредност од 1.549.977.309 евра, 9.452.669.859 денари и 20.000 американски долари, а во 2021 8.386 и со вкупна вредност од 1.997.252.023 евра и 15.824.963.591 денар.
Во базата на Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал годинава се внесени 6.135 купопродажби на недвижности (збир од вкупниот број на продажби, продажби на лицитација, продажби од инвеститор и откуп од Република Северна Македонија), за 580 повеќе во однос на претходниот квартал, кога биле регистрирани 5.388.
Според последните податоци на Народната банка, во септември годинава, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, на месечна основа се зголемени за 0,9 проценти и 1,6 проценти, соодветно, при годишен раст од 10,2 проценти и 16,1 процент соодветно.
Економија
Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ
Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:
„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“
Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.
Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.
(ПР)

