Економија
Ирска, Луксембург и Холандија под истрага на ЕК

Европската комисија ќе започне официјална истрага за фискалните мерки овозможени од Ирска, Луксембург и Холандија до мултинационалните корпорации како Apple, тврди Wall Street Journal, пренесува AFP.
Брисел се прашува дали некои компании искористуваат „поповолен даночен режим, отколку што е предвидено според правилата на Европската унија”, а што се манифестира како „неовластена државна помош”, тврди бизнис весникот, повикувајќи се свои извори.
Неколку големи компании како Apple, Google, Starbucks или Amazon беа земени на нишан од многу западни влади поради сметководствени трикови кои корпорациите ги користат а тоа им овозможува да плаќаат само мал процент од даноците во некои земји.
Истрагата е во рамките на една поширока борба од страна на ЕУ против даночното затајување, борбата која стана приоритет за европските лидери.
Ако се „покажа дека компаниите добиле државна помош, Европската комисија може да побара враќање на средствата”, пишува американскиот весник, истовремено истакнувајќи дека во практиката „таквите барања се ретки”.
Во САД парламентарна комисија 2013 година ја истражуваше мрежата од странските подружници, користени од Apple, за заобиколување на плаќањето на даноци на десетици милијарди долари профит. Без да ја обвини компанијата за нелегални активности, таа ја потенцираше позицијата на Ирска, редовно обвинувана во игри со мултинационалните компании, нудејќи особено низок данок – за само 12,5 отсто, додека просечната норма за еврозоната е 23 проценти.
Според парламентарната истрага во САД, некои компании како Apple, кои секогаш велат дека го почитуваат законот, некогаш дури преговараат и за уште пониска стапка – помалку од 2 процента./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.