Економија
Берзата со промет од 28,8 милиони денари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/248bae3a-3794-4aa5-9f7e-d433d76920b7-2.jpeg)
Македонскиот пазар на капитал на тргувањето во четврток оствари промет од 28.844.008,69 денари
Македонскиот пазар на капитал на тргувањето во четврток оствари промет од 28.844.008,69 денари.
Прометот со акциите изнесуваше 98% од вкупниот промет. Официјалниот пазар постигна промет од 22.416.198,69 денари при реализирани 301 трансакции. На редовниот пазар прометот изнесуваше 6.427.810,00 денари, а беше остварен преку 71 трансакции.
МБИ10 го продолжи растечкиот тренд такашто денот го заврши со пораст од 2,92%, односно ниво од 3.364,72 индексни поени. МБИД оствари пораст од 2,83%, а вредноста достигна 3.470,10 индексни поени. ОМБ оствари незначително намалување од 0,09%, позиционирајќи се на ниво од 105,44 индексни поени.
Најликвидна од официјалниот пазар беше акцијата на Гранит Скопје со промет од 5.794.916,00 денари. Просечната цена изнесуваше 900,53 денари при дневен пораст од 3,43%. Вкупно се истргуваа 6.435 акции кои се реализираа преку 67 трансакции. Минималната цена изнесуваше 885,00 денари, додека максималната беше 925,00 денари.
Со акцијата на Комерцијална Банка Скопје се оствари промет од 4.144.310,00 денари. Просечната цена од 3.347,58 денари значеше пораст од 4,61%. Истргувани беа вкупно 1.238 акции.
Меѓу најликвидните од официјалниот пазар беше и Алкалоид Скопје со промет од 2.588.425,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.566,51 денари, а порастот беше 1,71% на дневно ниво. Цената се движеше од 5.511,00 денари, до 5.651,00 денари по акција.
Од редовниот пазар најтргувана беше Благој Ѓорев Велес со промет од 2.590.000,00 денари. Со просечната цена од 700,00 денари се постигна зголемување од 2,94%. Истргувани беа 3.700 акции, кои се реализираа преку една трансакција.
Втора според ликвидност од редовниот пазар беше Стопанска Банка Скопје со промет од 1.503.017,00 денари. Просечната цена од 356,93 денари преставуваше мал пад од 0,02%. Вкупно се истргуваа 4.211 акции преку 26 трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Гранит Скопје2. Комерцијална Банка Скопје3. Благој Ѓорев Велес4. Алкалоид Скопје5. Стопанска Банка Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. Хотели Метропол Охрид 20,00%2. Адинг Скопје 10,00% 3. Комуна Скопје 10,00%4. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 9,97% 5. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 9,76% Хартии од вредност со најголем пад1. Р.Македонија – Денационализација 06 1,23%2. Р.Македонија – Девизни Влогови 0,95%3. Реплек Скопје 0,13%4. Стопанска Банка Скопје 0,02%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
(Видео) Бочварски: ДПМНЕ ветуваше намалување на буџетскиот дефицит под 3, сега го зголемуваат на 4.9 проценти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-185301-1.jpg)
ВМРО-ДПМНЕ во својата програма велеше дека јавниот долг од крајот на 2023 година достигнал 62,1% од БДП, и дека ќе преземе мерки за фискална консолидација, земјата да има умерено ниво на задолженост. Со новиот ребаланс на буџетот, наместо намалување на јавниот долг, тој ќе биде зголемен на 4.9% уште во првата година од мандатот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеникот Благој Бочварски, денес на Комисијата за финансирање и буџет.
-Потоа, велеа дека инфлацијата ќе ја намалат на 2%, а денес слушаме дека таа е 3.5%. Јасно е дека ќе се кратат сретсва од веќе предвидени проекти.
Пиар програмата на власта е едно, а реалноста е друго, рече Бочварски.
Тој потенцираше дека СДСМ ако не ги зголемеше платите и пензиите на граѓаните во време на кризи и инфлација, тешко дека ќе преживеаа граѓаните, особено со минималната плата од 9 илјади денари, каква што беше во времето на ДПМНЕ, а од каде нивните стручњаци велеа дека не е добро да се покачуваат платите.
-Колку за споредба, во 2017 минималната плата беше 9 илјади денари, а денес таа е 22.500. Просечната во 2017 беше 22.500, а денес е 41.100. Пензиите се зголемија за 6.500, а сега имаме бомбастични најави за зголемување од 5 илјади денари, за кое ни останува да видиме дали ќе се случи“, рече Бочварски.
Економија
Трипуновски: Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Трипуновски-26.07.2024-3.jpg)
Министерот Цветан Трипуновски после состанокот со откупувачите и преработувачите на црвена пиперка соопшти дека е постигнат договор за откупните цени.
„Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остварив заедничка средба со преработувачите и откупувачите на црвена пиперка. Постигнавме договор за откупни цени на црвената пиперка и тие истите според класи ќе бидат: прва класа – 40 денари за килограм, прва/втора класа – 30 денари за килограм, втора класа – 20 денари за килограм, трета класа – 12 денари за килограм“, соопшти Трипуновски.
Тој во неколку наврати одржа состаноци со земјоделците, преработувачите и откупувачите каде што главна тема беше откупната цена и текот на откупот на црвената пиперка.
Откупувачите и преработувачите се согласија дека ќе се придржуваат до договорените цени во текот на целиот откуп, но во согласност на побарувачката истите имаат тенденција да се зголемуваат за што Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка. Вистински се грижиме за македонските земјоделци, тие конечно имаат партнер во Министерството, рече Трипуновски.
Економија
Нови цени на горивата од полноќ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/benzin-gorivo-960x639.jpg)
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 22.7.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,072 %, кај дизелот 1,940 %, кај екстра лесното масло 2,096 % и кај мазутот намалувањето е 3,565 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,2688 %.
Од 27.7.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 81,50 (денар/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС 98 83,50 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денара/литар)
Мазут М-1 НС 44,656 (денари/килограм)
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,101 денар/кг и сега ќе изнесува 44,656 денари/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.