Економија
МБИ10 оствари дневен раст од четири проценти

Драстичен пораст на индексите забележан е на последниот трговски ден од неделата на македонска берза.
Драстичен пораст на индексите забележан е на последниот трговски ден од неделата на македонска берза, при што само акциите на две компании се во минус
Водечкиот индекс МБИ10 оствари зголемување од 4%, додека неговата вредност достигна 3.499,43 индексни поени. МБИД имаше дневен пораст од 2,95%, а неговата вредност изнесуваше 3.572,42 индексни поени, а ОМБ оствари незначителен раст од 0,02%, а неговата ниво изнесуваше 105,46 индексни поени.
Вкупниот промет на берзата денескаизнесуваше 44.616.199,05 денари. Официјалниот пазар оствари промет од 35.184.464,05 денари при реализирани 342 трансакции. На редовниот пазар прометот изнесуваше 9.431.735,00 денари при реализирани 97 трансакции. Од официјалниот пазар најмногу се тргуваше со Гранит Скопје, а вкупниот промет со оваа акција изнесуваше 6.866.525,00 денари. Остварена беше просечна цена од 917,25 денари при дневен пораст од 1,86%. Минималната цена изнесуваше 900,00 денари а максималната 934,00 денари. Истргувани беа 7.486 акции преку 64 трансакции.Втора според ликвидност беше Комерцијална Банка Скопје со промет од 6.708.721,00 денари. Просечната цена изнесуваше 3.362,77 денари, а дневниот пораст беше 0,45%. Истргувани беа вкупно 1.995 акции. Со акцијата на Алкалоид Скопје се оствари промет од 5.104.957,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.854,31 денари, а тоа значеше дневен скок од 5,17%. Вкупно се истргуваа 872 акции кои се реализираа преку 50 трансакции.Најтргувана на редовниот пазар беше акцијата на Алкалоид Берово со промет од 3.136.000,00 денари. Просечната цена од 8.000,00 денари беше без промена. Истргувани беа 392 акции преку една трансакција. Втора според ликвидност од редовниот пазар беше Тутунска Банка Скопје со промет од 1.834.800,00 денари. Просечната цена од 5.082,55 денари значеше пораст од 0,88%. Истргувани беа 361 акции преку 12 трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Гранит Скопје2. Комерцијална Банка Скопје3. Алкалоид Скопје4. Топлификација Скопје5. Макпетрол Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. РЖ Институт Скопје 77,46%2. Факом Скопје 68,00%3. РЖ Интер – Трансшпед Скопје 16,67%4. Скопски Пазар Скопје 16,66%5. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 10,00% Хартии од вредност со најголем пад1. Реплек Скопје 0,30%2. Р.Македонија – Девизни Влогови 0,13%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.