Економија
МБИ-10 скокна за 5 насто
Индексот на десетте најликвидни компании во Македонија МБИ-10 денеска скокна за 4,99 насто, постигнувајќи вредност од 3.836,52 индексни поени
Индексот на десетте најликвидни компании во Македонија МБИ-10 денеска скокна за 4,99 насто, постигнувајќи вредност од 3.836,52 индексни поени.
МБИД оствари пораст од 4,06%, а неговата вредност достигна 3.933,68 индексни поени. ОМБ порасна за 0,65%, и со тоа се искачи на ниво од 106,22 индексни поени.
Прометот на македонската берза при тргувањето во средата изнесуваше 59.653.432,52 денари, а 52.103.228,00 денари од тој промет беше остварени со обичните акции.
На официјалниот пазар прометот изнесуваше 44.727.157,52 денари, а се оствари преку 435 трансакции. Редовниот пазар оствари промет од 14.926.275,00 денари кои се остварија преку 160 трансакции.
Убедливо најтргувана акција од официјалниот пазар беше Алкалоид Скопје со промет од 9.672.620,0 денари. Постигната беше просечна цена од 6.418,46 денари, а дневниот пораст изнесуваше 4,93%. Минималната цена на акцијата при тргувањето изнесуваше 6.300,00 денари, а максималната 6.550,00 денари. Истргувани беа вкупно 1.507 акции кои се реализираа преку 63 трансакции.
Гранит Скопје со промет од 6.943.828,00 денари беше втора акција според ликвидност од официјалниот пазар. Просечната цена изнесуваше 1.010,60 денари што значеше дневен пораст од 3,68%. Ценовниот распон се движеше од 990,00 денари до 1.050,00 денари. Истргувани беа 6.871 акции преку 78 трансакции.
Трета хартија од вредност според ликвидност од официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 5.861.810,97 денари. Просечната цена изнесуваше 79,81% од номиналната вредност, што значеше дневен пораст од 1,08%. Истргувани беа 120.060 обврзници.
Од редовниот пазар најтргувана акција со промет од 3.045.186,00 денари беше Прилепска Пиварница Прилеп. Просечната цена изнесуваше 14.927,38 денари, додека на дневно ниво порастот беше 9,99%. Истргувани беа 204 акции преку 19 трансакции.
Втора по ликвидност од редовниот промет беше Тутунска Банка Скопје со промет од 2.798.592,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.444,73 денари при пораст од 6,12%. Истргувани беа 514 акции кои се реализираа преку 20 трансакции. Минималната цена изнесуваше 5.400,00 денари, а максималната изнесуваше 5.643,00 денари.
Охридска Банка Охрид, Сосиете Женерал Груп склучи договор за кредит со Сосиете Женерал, Париз, Франција на износ од 20 милиони евра. Договорот е склучен на период од една година, со можност за обновување по шест месеци. Кредитот е наменет за извршување на редовните активности од работењето на Охридска Банка Охрид.
Од 15.10.2009 година на Македонската Берза АД Скопје ќе може да се тргува со нова обична акција со шифра ТОСГ. Името на друштвото е Треска Осогово АД Крива Паланка, бројот на издадени акции изнесува 5.391, а номиналната вредност е 100 ДЕН. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Алкалоид Скопје2. Гранит Скопје3. Р.Македонија – Денационализација 084. Комерцијална Банка Скопје5. Прилепска Пиварница Прилеп Хартии од вредност со најголем пораст 1. Жито Вардар Велес 22,22%2. Хотели Метропол Охрид 19,77%3. Металец Прилеп 19,69%4. Млаз Богданци 13,64%5. Прилепска Пиварница Прилеп 9,99%
Хартии од вредност со најголем пад
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Рекордни приходи од концесиски надоместоци во 2025 година
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година достигна историски највисоко ниво.
„Наплатата за 2025 година, со вкупни 1.223.455.203,00 денари, претставува историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии во Република Северна Македонија“, соопшти Министерството.
„Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи: засилени инспекциски контроли и теренски проверки, испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските, едностран раскин на 46 договори со концесионери кои не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот), стапување во сила на новиот Тарифник од 1 јануари 2025, кој го зголеми износот на концесиски надоместок до 100% и подобра координација меѓу Министерството и општините“, се наведува во соопштението.
Во него се додава деја зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет.
„Зголемената наплата овозможува: значително зголемени буџети на општините во кои работат концесионерите, инвестиции во комунална инфраструктура, поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори и поголеми средства за заштита на животната средина“, појаснува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Економија
„Лукоил“ го продава имотот во странство на американска компанија
Рускиот енергетски гигант „Лукоил“ ќе го продаде поголемиот дел од својот странски имот на американската инвестициска фирма „Карлајл“, објави денес одделот за односи со јавноста на „Лукоил“. Одлуката следува по воведувањето санкции од страна на САД врз руската нафтена компанија во октомври.
САД воведоа санкции врз „Лукоил“ и „Роснефт“, во октомври лани, замрзнувајќи ги американските средства на „Лукоил“ и заканувајќи се со секундарни казни за странските субјекти што работат со нив. Санкциите, првите такви мерки наметнати од втората администрација на Трамп, се дизајнирани да извршат притисок врз Москва да се согласи на мировни преговори во Украина, со оглед на тоа што приходите од фосилни горива играат клучна улога во одржувањето на воените напори на Русија.
Договорот со „Карлајл“ не ги вклучува средствата на „Лукоил“ во Казахстан и сè уште чека одобрение од Министерството за финансии на САД, соопшти руската компанија, додавајќи дека разговорите со други потенцијални купувачи се во тек.
Вредноста на договорот не беше откриена, иако меѓународниот имот на „Лукоил“ се проценува на вредност до 22 милијарди долари.
„Лукоил“ е втор по големина производител на нафта во Русија и една од најголемите компании во земјата, со учество од 2 проценти од глобалното производство на нафта. Покрај удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Блискиот Исток, Африка и на други места, „Лукоил“ управува и со три рафинерии за нафта во Европа и стотици бензински пумпи низ целиот свет, вклучително и во САД.
Администрацијата на Трамп претходно одобри ослободување од санкции за бензинските пумпи на „Лукоил“ во странство додека продажбата беше во тек. Швајцарската трговска куќа „Гунвор“ првично беше заинтересирана за купување на средствата на компанијата во странство, но ја повлече својата понуда во ноември откако Министерството за финансии на САД ја опиша како „кукла на Кремљ“.
Економија
Божиновска на серија средби со амбасадори: меѓународна соработка за енергетска сигурност
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари серија билатерални средби со претставниците на дипломатскиот кор во земјава. Меѓународната соработка и партнерствата со пријателските земји се клучни за обезбедување на безбедна и одржлива енергетска иднина за нашата земја, истакна Божиновска.
Продлабочувањето на енергетската соработка беше фокус на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со амбасадорката на Литванија, Вилма Дамбраускиене. Акцентот беше ставен на размената на искуства во енергетската транзиција и напредокот на нашата земја на тој план, како и реализација на проекти од енергетскиот сектор во насока на еколошка, економска и социјална одржливост.
Божиновска, на средбата ја истакна посветеноста на Министерството да обезбеди услови за земјата да се насочи кон енергетски одржлив амбиент.
Во рамки на средбите, министерката Божиновска разговараше со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија Н.Е. Мартин Памер, при што беа разменети мислења за енергетските политики, енергетската транзиција и можностите за австриски инвестиции и експертска поддршка во развојот на одржливи енергетски проекти.
На средбата со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џианг Сиаојан се разговараше за размена на искуствата меѓу двете земји, при што беше истакната подготвеноста од кинеска страна за примена на нивните практики во справување со загадување на воздухот и примена на обновливи извори на енергија.
На средбата со амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, министерката Божиновска ги презентираше конкретните чекори коишто се преземаат со цел исполнување на европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ. При тоа, министерката Божиновска ја нагласи подготвеноста на нашата земја да помогне во напорите за заздравување на украинскиот енергетски сектор.
Билатералните средби коишто Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги реализира се потврда за посветеноста на Министерството во насока на остварување на визијата за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина

