Економија
Индексот МБИ-10 загуби 2,8 насто
Индексот на десетте најликвидни акции на македонската берза МБИ-10 на тргувањето во вторник забележа пад од 2,79 насто и се спушти на 3.540,05 индексни поени
Индексот на десетте најликвидни акции на македонската берза МБИ-10 на тргувањето во вторник забележа пад од 2,79 насто и се спушти на 3.540,05 индексни поени.
Индексот МБИД ја намали вредноста за 3,18%, спуштајќи се на 3.700,31 индексни поени, а ОМБ падна за 0,10% позиционирајќи се на ниво од 106,55 индексни поени.
Вкупниот промет на македонската берза за хартии од вредност при тргувањето во вторник изнесуваше 70.613.274,08 денари.
Промет од 49.785.438,08 денари беше остварен со државните обврзници, а остатокот, односно промет од 20.827.836 денари се оствари од купопродажбата на акциите.
Прометот на официјалниот пазар изнесуваше 67.626.841,08 денари при реализирани 205 трансакции.
На редовниот пазар се оствари промет од 2.986.433,00 денари кои се реализираа преку 53 трансакции.
Убедливо најтргувана на официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од петтата емисија со промет од 48.659.854,30 денари. Просечната цена изнесуваше 82,84% од номиналната вредност, а беше остварен пад на дневно ниво од 0,79%. Истргувани беа вкупно 960.279 обврзници кои се реализираа преку 8 трансакции.
Втора според ликвидност од официјалниот пазар беше Алкалоид Скопје со промет од 7.360.252,00 денари. Просечната цена од 5.786,36 денари значеше намалување од 3,33%. Минималната остварена цена изнесуваше 5.720,00 денари, а максималната 5.850,00 денари. Истргувани беа 1.272 акции кои се реализираа преку 62 трансакции.
Макпетрол Скопје оствари промет од 2.130.709,00 денари. Остварената цена од 48.425,20 денари значеше дневен пад од 0,57%. Истргувани беа 44 акции преку 15 трансакции.
На редовниот пазар најмногу се тргуваше со акцијата на Македонски Телеком Скопје, а прометот изнесуваше 632.700,00 денари. Просечната цена беше 453,87 денари, а падот изнесуваше 1,92%. Истргувани беа 1.394 акции кои се реализираа преку 10 трансакции.
Втора според ликвидност од редовниот пазар беше Стопанска Банка Скопје со промет од 620.350,00 денари. Просечната цена од 349,49 денари оствари драматичен пад од 6,80%. Истргувани беа 1.775 акции преку 13 трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Р.Македонија – Денационализација 052. Алкалоид Скопје3. Макпетрол Скопје4. Топлификација Скопје 5. Комерцијална Банка Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. ЕМО Охрид 26,67%2. Стопанска Банка Скопје Приоритетни 8,33%3. Адинг Скопје 6,67%4. Тетекс Тетово 1,24%5. Фершпед Скопје 0,55% Хартии од вредност со најголем пад1. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 14,51%2. Стопанска Банка Скопје 6,80%3. Прилепска Пиварница Скопје 5,98%4. Винарска визба Тиквеш Скопје 5,53%5. Бетон Скопје 5,06%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

