Економија
Индексот МБИ-10 падна за речиси 2 насто
Индексот на Македонската берза МБИ10 во среда оствари пад од 1,91%, а вредноста му се спушти на ниво од 3.472,60 индексни поени.
Индексот на Македонската берза МБИ10 во среда оствари пад од 1,91%, а вредноста му се спушти на ниво од 3.472,60 индексни поени.
МБИД се намали за 0,82%, а неговата вредност изнесуваше 3.669,93 индексни поени. ОМБ опадна за 0,26% позиционирајќи се на ниво од 106,27 индексни поени.
Вкупниот промет од тргувањето на македонската берза за хартии од вредност во среда изнесуваше 17.646.056,19 денари. Прометот со државните обврзници изнесуваше 6.551.323,19 денари.
Официјалниот пазар оствари промет од 15.808.170,19 денари при реализирани 130 трансакции. На редовниот пазар прометот изнесуваше 1.837.886,00 денари кои беа реализирани преку 26 трансакции.
Најликвидна од официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од третата емисија со промет од 5.693.944,95 денари. Просечната цена од 87,50% не резултираше со промена на дневниот просек. Истргувани беа вкупно 106.386 обврзници преку 2 трансакции.
Втора според ликвидност беше акцијата на Гранит Скопје со промет од 2.763.886,00 деари. Просечната вредност изнесуваше 899,12 денари, а остварен беше дневен пад од 2,68%. Истргувани беа вкупно 3.074 акции преку 37 трансакции.
Акцијата на Комерцијална Банка Скопје оствари промет од 2.241.300,00 денари. Просечната цена од 3.390,77 денари значеше намалување од 1,72%. Вкупно се истргуваа 661 акции од оваа банка.
Од редовниот пазар најтргувана беше акцијата на Градежен институт Македонија Скопје со која се оствари промет од 420.000,00 денари. Просечната цена од 7.000,00 денари значеше дневен пад од 6,67%. Истргувани беа 60 акции преку една трансакција.
Втора според ликвидност од редовниот пазар беше Карпош Скопје со промет од 357.000 денари. Просечната цена од 350,00 денари значеше голем пораст од 75,00%. Преку една трансакција се истргуваа вкупно 1.020 акции. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Р.Македонија – Денационализација 032. Гранит Скопје3. Комерцијална Банка Скопје4. Макпетрол Скопје5. Алкалоид Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. Карпош Скопје 75,00%2. ОХИС Скопје 9,05%3. Тутунска Банка Скопје 0,83%4. Македонски Телеком Скопје 0,54% Хартии од вредност со најголем пад1. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 7,79%2. Хотели Метропол Охрид 7,55%3. Градежен институт Македонија Скопје 6,67%4. Фершпед Скопје 3,16%5. Гранит Скопје 2,68%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

