Економија
Драстичен пораст на берзанскиот индекс
Клучниот индекс на македонската берза МБИ10 во петокот оствари значителен пораст од 3,75%, а неговата вредност достигна 3.497,59 индексни поени.
Клучниот индекс на македонската берза МБИ10 во петокот оствари значителен пораст од 3,75%, а неговата вредност достигна 3.497,59 индексни поени.
МБИД оствари зголемување од 3,70%, додека нивото се покачи на 3.716 индексни поени. ОМБ ја задржи својата позиција од претходниот ден на 106,23 индексни поени.
Вкупниот промет при денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност изнесуваше 21.045.814,06 денари. Официјалниот пазар оствари промет од 17.843.296,00 денари при реализирани 204 трансакции. Редовниот пазар оствари промет од 3.202.518,00 денари, а беа реализирани 59 трансакции. МБИ10 оствари значителен пораст од 3,75%, а неговата вредност достигна 3.497,59 индексни поени.
Најмногу тргување на официјалниот пазар имаше со Комерцијална Банка Скопје со промет од 4.597.286,00 денари. Просечната цена од 3.428,25 денари значеше дневен раст од 3,37%. Истргувани беа 1.341 акции кои се реализираа преку 36 трансакции.
Втора според ликвидност беше Макпетрол Скопје со промет од 4.206.358,00 денари. Просечната цена изнесуваше 46.223,71 денари, додека порастот на дневно ниво беше 0,59%. Истргувани беа вкупно 91 акции.
Со акцијата на Алкалоид се оствари промет од 1.910.177,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.877,47 денари, а беше остварен раст од 5,20%. Истргувани беа 325 акции преку 23 трансакции.
На редовниот пазар најтргувана беше акцијата на Стопанска Банка Скопје со промет од 906.110,00 денари. Просечната цена изнесуваше 358,15 денари, а порастот беше 5,15%. Истргувана беше количина од 2.530 акции.
Арцелормиттал (ХРМ) Скопје оствари промет од 787.533,00 денари. Со просечната цена од 281,16 денари беше остварен раст од 8,98%. Истргувани беа 2.801 акции кои се реализираа преку 16 трансакции.
Технометал Вардар АД Скопје објави неревидиран биланс на успех. Нето добивката за првите три квартали од 2009 година изнесува 371.000,00 денари, додека нето добивката за третиот квартал изнесува 117.000,00 денари.
Технометал Вардар АД Скопје изјавува дека вкупниот број на акции на друштвото со право на глас изнесува 80.186, а во структурата на вкупниот капитал процентното учество на членовите на управниот и надзорниот одбор кои поседуваат акции, изнесува 23,36%, од кое Кочо Моцан – Претседател на управниот одбор учествува со 88 акции, односно 0,11%, а Јован Јоанидис – Претседател на надзорниот одбор учествува со 18.640 акции односно 23,25%.
Алкалоид Скопје изјавува дека неревидираниот неконсолидиран и консолидиран биланс на успех за периодот јануари – септември 2009 година ќе бидат објавени на ден 02.11.2009 година во 9 часот.
Гранит АД Скопје известува дека неревидираниот неконсолидиран биланс на успех за период 01.01. – 30.09.2009 година ќе биде објавен на 02.11.2009 година на СЕИ НЕТ во 13:00 часот.
Лотарија на Македонија АД Скопје објави неревидиран биланс на успех за период од 01.01.2009 г. до 30.09.2009 година. За првите три квартали од 2009 година остварена е загуба од 45.824.000,00 денари.
Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална Банка Скопје2. Макпетрол Скопје3. Алкалоид Скопје4. Гранит Скопје5. Стопанска Банка Скопје
Хартии од вредност со најголем пораст1. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 15,75%2. РЖ Услуги Скопје 9,85%3. Макстил Скопје 9,61%4. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 281,16%5. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 7,51%
Хартии од вредност со најголем пад1. Жито Вардар Велес 13,18%2. Стопанска Банка Скопје Приоритетни 7,69%3. ИДЕВЕЛОП Скопје 6,99%4. КЈУБИ Македонија Скопје 5,00%5. ЗК Пелагонија Битола 1,80%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

