Економија
МБИ-10 порасна за 0.57 насто
Клучниот индекс на Македонската берза МБИ-10 го заврши тргувањето во среда со раст од 0,57 насто на 3.403,70 индексни поени
Клучниот индекс на Македонската берза МБИ-10 го заврши тргувањето во среда со раст од 0,57 насто на 3.403,70 индексни поени.
МБИД загуби 1,30% од вредноста спуштајќи се на ниво од 3.585,71 индексни поени, додека ОМБ се зголеми за 0,09% позиционирајќи се на ниво од 106,31 индексни поени.
Берзата оствари вкупен промет од 12.828.548,40 денари, од кои 10.479.516,40 денари беа остварени на официјалниот пазар. Најтргувана од официјалниот пазар беше Комерцијална Банка Скопје со промет од 3.800.704,00 денари. Со просечната цена од 3.442,67 денари се оствари незначителен пораст од 0,03%. Истргувани беа вкупно 1.104 акции.
Втора според ликвидност од официјалниот пазар беше акцијата на Алкалоид Скопје со промет од 1.248.328,00 денари. Просечната цена од 5.779,30 денари значеше пораст од 1,23%. Истргувани беа вкупно 216 акции кои се реализираа преку 18 трансакции.
Гранит Скопје оствари промет од 1.172.093,00 денари. Просечната цена од 867,57 денари значеше дневен пораст од 2,59%. Истргувани беа 1.351 акции преку 13 трансакции.
На редовниот пазар најликвидна беше Тутунска Банка Скопје со промет од 839.650,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.247,81 денари, беше остварен пораст од 3,61%. Истргувани беа вкупно 160 акции.
Македонски Телеком Скопје оствари промет од 820.030,00 денари. Просечната цена од 432,05 денари значеше дневен пораст од 1,25%. Истргувани беа 1.898 акции кои се реализираа преку 12 трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Комерцијална Банка Скопје2. Алкалоид Скопје3. Гранит Скопје4. Тутунска Банка Скопје5. Македонски Телеком Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. Макпетрол – Тема Скопје 50,00%2. Пекабеско Скопје 10,00%3. Технометал Вардар Скопје 9,18%4. Тетекс Тетово 8,09%5. Тутунска Банка Скопје 3,61% Хартии од вредност со најголем пад1. РЖ Уготур Скопје 21,43%2. РЖ Економика 21,43%3. Комуна Скопје 15,38%4. Попова Кула Демир Капија 15,33%5. Макошпед Скопје 9,09%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

