Економија
Прометот намален, акциите во пораст
Негативниот трендот кој претходните четири дена преовладуваше на берзата, во средата е заменет со оптизизам, а аналогно на тоа остварен е пораст на двата акциски индекси
Негативниот трендот кој претходните четири дена преовладуваше на берзата, во средата е заменет со оптизизам, а аналогно на тоа остварен е пораст на двата акциски индекси
Додека вредноста на повеќето акции растеше, вкупниот промет изнесуваше само 7.932.720,00 денари, што претставува најнизок дневен износ за месец ноември.
МБИ10 со порастот од 2,63% успеа да се искачи на ниво од 3.298,01 индексни поени и да се оддалечи од нивото од 3.000,00 индексни поени што претставува психолошка граница. МБИД по четири-дневен пад, се зголеми за 1,52% и достигна вредност од 3.338,81 индексни поени, а ОМБ падна за 0,17% позициорнирајќи се на 106,29 индексни поени.
Официјалниот пазар оствари промет од 4.940.015,00 денари при реализирани 76 трансакции, додека на редовниот пазар прометот изнесуваше 2.992.705,00 денари при реализирани 65 трансакции. Заврши доминацијата на Комерцијална Банка Скопје како најтргувана акција на официјалниот пазар. При вчерашниот ден не се најде ниту помеѓу првите 5 најликвидни хартии од вредност од официјалниот пазар. Најликвидна од официјалниот пазар беше Топлификација Скопје со промет од 872.220,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.700,78 денари, што значеше дневен пад од 0,27%. Истгувани беа 153 акции кои се реализираа преку 7 трансакции. Распонот на цените се движеше од 5.690,00 денари до 5.800,00 денари по акција. Следеше Стопанска Банка Битола со промет од 867.600,00 денари. Просечната цена од 4.092,45 денари го продолжи растечкиот тред што резултираше со раст од 4,93%. Истргувани беа вкупно 212 акции. Цените се двиежеа од 4.060,00 денари до 4.100,00 денари. Алкалоид Скопје иако со не многу голем обем на тргување, ја завзема третата позиција при промет од 694.317,00 денари. Просечната цена од 5.599,33 денари предизвика нагорна промена од 2,30%. Истргувани беа вкупно 124 акции. На редовниот пазар, а воедно и на целата берза најтргувана беше Македонски Телеком Скопје со промет од 1.247.639,00 денари. Постигната беше просечна цена од 422,07 денари што значеше дневно зголемување од 0,71%. Истргувани беа 2.956 акции кои се реализираа преку 26 трансакции. Тутунски Комбинат АД Прилеп известува дека со решение за давање одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда издадено од комисијата за хартии од вредност заведено под бр.07-2669/11 од 11.11.2009 год. на Тутунски Комбинат акционерско друштво од Прилеп е дадено одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност – втора емисија и тоа 1.335.395 обични акции со номинална вредност од 50,13 евра или вкупна вредност од 68.278.746,35 евра. ЕМО Охрид известува за втора емисија на 247.285 обични акции. Вкупната номинална, односно продажна вредност изнесува 7.586.703,80 евра односно 464.038.461,92 денари. Средствата се наменети за конверзија на обврските на ЕМО АД кон Владата на РМ, во износ од 464.038.461,92 денари, за зголемување на акционерскиот капитал. Цената на хартиите од вредност е 30.68 евра по акција или 1.876,53 денари по акција според курс од 06.08.2009 година и изнесува 61,1647 денари за едно евро. Рокот на запишување и купување на хартиите од вредност е 15 дена по конечноста на решението од КХВ за издавање на акциите. Пет најтргувани хартии од вредност1. Македонски Телеком Скопје2. Топлификација Скопје3. Стопанска Банка Битола4. Алкалоид Скопје5. Макпетрол Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. Лозар – Пелистерка Скопје 100,00% 2. Охридска Банка Охрид 11,50%3. Макстил Скопје 8,09%4. Стопанска Банка Скопје 7,12%5. ФЗЦ 11 Октомври Скопје 5,11% Хартии од вредност со најголем пад1. Струмица Табак Струмица 62,43%2. ТТК Банка Скопје 12,89%3. Фустеларко Борец Битола 5,56%4. Македонијатурист Скопје 2,65%5. ЗК Пелагонија Битола 2,29%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Kонцесионерите мора да носат развој за граѓаните, кажа Божиновска и најави засилен инспекциски надзор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Општина Прилеп оствари средба со градоначалникот Дејан Проданоски, на која се разговараше за состојбите и развојните можности во рударскиот сектор, како и за придобивките што локалната самоуправа ги има од концесиските активности.
На средбата беше истакнато дека Прилеп претставува една од општините со најголем број активни концесионери во државата, што директно влијае врз локалниот економски развој, отворањето работни места и зголемувањето на приходите во општинскиот буџет. Соговорниците разговараа за ефектите од зголемените концесии, како и за потребата од одржување стабилен баланс помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина.
Посебен акцент беше ставен на соработката меѓу општината и концесионерите, при што беше констатирано дека е важно доследното почитување на законските обврски и стандардите за работа, како и континуираниот дијалог со локалната заедница со цел одржлив развој на секторот.
„Развојот на рударството мора директно да се чувствува и на локално ниво. Нашата цел е општините да имаат реален бенефит, а компаниите да работат согласно највисоките стандарди и прописи“, истакна министерката Божиновска.
На средбата се разговараше и за унапредување на инспекцискиот надзор, при што беше најавено отворање на нова канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп. Новото присуство на инспекциските служби на локално ниво ќе овозможи поголем увид на терен, поефикасни контроли и навремено постапување, што ќе придонесе за дополнително зајакнување на довербата и транспарентноста во работењето.
Министерката Божиновска нагласи дека Министерството останува посветено на партнерски однос со локалните самоуправи, со јасна цел — развој на рударството како економски двигател, но со целосно почитување на прописите и интересите на граѓаните.
Економија
Народната банка одбележува 80 години централнобанкарско работење во земјава
Оваа година, Народната банка одбележува 80 години институционализирано централнобанкарско работење во земјава – значаен јубилеј што сведочи за долгорочен, динамичен и одговорен институционален развој, обележан со постојани трансформации и приспособувања кон економските и општествените промени.
Институционалните темели на централнобанкарското работење во земјава беа поставени со Уредбата за спојување на кредитните претпријатија од државниот сектор од 25 септември 1946 година, со која Македонската стопанска банка беше определена како Централа на Народната банка на ФНРЈ за Народна Република Македонија. Тие беа дополнително зацврстени со фактичкото спојување со Народната банка на ФНРЈ на 19 октомври истата година. Со конституирањето на независната држава и со прогласувањето на монетарната самостојност во април 1992 година, Народната банка прерасна во самостојна централна банка, носителка на сите значајни функции на современото централно банкарство.
Во текот на изминатите осум децении, Народната банка работеше во различни општествени и економски околности, од периоди на стабилност и напредок до фази на длабоки трансформации. Притоа, постепено ги воспостави своите надлежности, функции и институционален интегритет на независна и современа централна банка на нашата држава.
Денес, Народната банка е модерна, професионална и кредибилна институција, со високо ниво на доверба кај јавноста и признат углед во меѓународните финансиски и централнобанкарски кругови. Преку доследно спроведување на своите законски цели – одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, таа создава стабилни макроекономски услови и придонесува кон одржлив економски раст и развој на општеството.
Континуитетот, стабилноста и кредибилитетот на Народната банка се темелат врз професионалното знаење и искуство, интензивната меѓународна соработка, но пред сè врз трудот, посветеноста и одговорноста на генерации вработени и раководни лица кои го вградиле својот професионален век во институцијата. Токму оваа институционална зрелост ѝ овозможи на Народната банка успешно да се справува со сложени економски предизвици и периоди на зголемена неизвесност, оправдувајќи ја довербата на граѓаните како највреден капитал на секоја држава.
По повод јубилејот „80 години централнобанкарско работење“, Народната банка ќе оствари низа активности со кои ќе се одбележи богатото институционално наследство и ќе се афирмира улогата на централното банкарство во современото општество.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.

