Контакт

Економија

Македонија очекува напредок на индексот на економски слободи

Објавено пред

Република Македонија очекува да ја подобри позицијата на рангирањето во наредниот Economic Freedom Index, врз основа на спроведените реформи.

Република Македонија очекува да ја подобри позицијата на рангирањето во наредниот Economic Freedom Index, врз основа на спроведените реформи.

Ова во вторникот во Вашингтон го истакнал македонскиот министер за економија Фатмир Бесими на средбата со преставници од “Heratige foundation“, кои се изготвувачи на наведениот индекс

Како што соопшти денеска кабинетот на Бесими, на состанокот станало збор за подобрување на деловното опкружување во Македонија,  политичката стабилност, како и напредокот во борбата против корупцијата.

Министерот Бесими  истакна дека Владата е фокусирана кон привлекување на инвестиции како клучен фактор за развој и подобрување на конкурентноста на економијата во Македонија како идна членка на ЕУ, се вели во соопштението.

Официјалната посета на министерот Бесими продолжила со три со три работни средби во Стејт Департментот

Министерот за економија присуствуваше и на вечерата со претставниците на дијаспората, односно со раководствата на Обединетата македонска дијаспора и Националниот албанско-американски совет. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Почна аплицирањето по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година

Објавено пред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување барања за субвенции за 2019 година е почнат и ќе трае до 30 мај.

Во овој период ќе се поднесуваат единствените барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, односно за директни плаќања за растително производство, и тоа за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади, како и за сточарско производство, и тоа за одгледување говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица.

Барањата за добивање на финансиската поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Оние баратели што не знаат сами да поднесат барање или имаат потреба од помош при создавање електронското барање може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели со состојба на 15 март 2019 година. Барањата за мерките од сточарското производство за говеда, овци, кози и пчели се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето.

Агенцијата ги потсетува одгледувачите на стока, пред поднесување на барањето, задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.
Сите корисници на оваа финансиска поддршка по аплицирањето и добивањето на отпечатениот примерок, добро да ги проверат податоците и ако има одредени отстапувања, во рок од 30 дена од денот на аплицирањето да ги извршат потребните корекции.

Прикажи повеќе...

Економија

„Алкалоид“ ја проширува програмата за практикантство и со средните училишта

Објавено пред

По успешната имплементација на програмите за практиканство со четири факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, „Алкалоид АД Скопје“ одлучи соработката од овој вид да ја прошири и со средните училишта. Во првиот циклус од програмата насловена „Серијална практична обука“, компанијата потпиша меморандуми за соработка со две средни училишта на територијата на град Скопје: средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ и средното хемиско училиште „Марија Кири-Склодовска“.

„Во насока на нашите заложби за корпоративна општествена одговорност, а поттикнати од успешните примери на практикантство со академските инстанци, каде добивме сериозни индикатори за тоа како активниот ангажман на младите, талентирани и амбициозни студенти може да се искористи во полн капацитет а при тоа да се има обостран бенефит, одлучивме да ги отвориме вратите и за практична соработка со средните стручни училишта поврзани со нашите бранши. Се надевам дека новите генерации ќе ја искористат шансата за надградување на нивните знаења и стекнување на нови практични вештини рамки на реални процеси“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид АД Скопје“.

За целите на спроведување на проектот, кој е верифициран од страна на „Стопанската комора на Македонија“, а поддржан и од управата на „Град Скопје“ денес во седиштето на „Алкалоид“ беа потпишани меморандумите за соработка помеѓу компанијата и образовните институции:

„Оваа програма за изведување практична настава отвора нова можност за учениците да стекнат практични вештини, знаења и искуства во оваа компанија. Верувам дека учениците ќе ја искористат оваа можност и стекнувајќи практично искуство, ќе ја зголемат својата атрактивност на пазарот на труд по завршувањето на образованието“, изјави Блерим Небиу, директор на СУГС „Марија Кири-Склодовска“.

Според ВД директорката на средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, Маја Салиу, потпишувањето на меморандумот за соработка со „Алкалоид АД Скопје“ е резултат на зедничката визија за поттикнување на вработливоста на младите:

„Стратешка ориентација на нашето училиште е да се продуцираат стручни кадри кои ќе одговорат на потребите на пазарот на трудот преку стекнување вештини низ практична работа во реални услови. Сето ова е во насока на воспоставување систем на дуално образование во склоп на заложбите за одржлив економски раст и развој“, рече Салиу.

Поаѓајќи од фактот дека квалитетното и соодветно образование е темел на општествениот и економски развој на секој град и држава, а во насока на унапредување на стандардите на образовните услуги во средните училишта и подигање на компетенциите на учениците раководителката на секторот за образование на Град Скопје, Даниела Адамова, изјави:

„Наша цел е преку поддршката на позитивните пракси од европските модели на дуално образование, да креираме сопствени модели на соработка со бизнис-заедницата кои ќе ги рефлектираат нашите специфични потреби за ефикасен и продуктивен образовен систем“.

Првиот циклус од програмите за практиканство „Алкалоид АД Скопје“ и Универзитот „Св. Кирил и Меториј“ го почна во април 2018 година. Преку истиот, 11 од вкупно 17 ангажирани практиканти останаа да работат за компанијата. Целта на новиот циклус на практиканство со средните училишта е да се поттикне развојот на младите стручни кадри преку нивен активен ангажман во автентични процеси. За својот практичен ангажман, средношколците ќе добијат симболичен паричен надомест од компанијата, а првата група од околу петнаесетина практиканти се очекува да почне со практичната обука кон средината на месец јуни годинава.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Заев и Анѓушев во Гевгелија: Компаниите да ги искористат можностите од преспанскиот договор за соработка со грчките партнери

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, по обиколката на системот за водоснабдување на Гевгелија, остварија средба со бизнисмени и деловни луѓе од овој регион.

Како што информираат од владината-прес служба, на средбата станало збор за мерките за поддршка на конкурентноста на домашните компании од Планот за економски раст и за важноста од меѓуграничната соработка помеѓу граѓаните и компаниите од Грција и Северна Македонија.

„Драго ми е што толку многу луѓе од Гевгелија и Гевгелискиот Регион беа денеска присутни и на средбата заедно со директорот на Царинската Управа на Северна Македонија, Ѓоко Танасоски и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, за да разговараме за она што е актуелна проблематика на деловната заедница, а секако и за перспективите што се отвораат за целата наша земја, и посебно за овој регион. Со договорот од Преспа се отвораат сериозни перспективи за нашето членство во ЕУ и НАТО што има сериозен и директен импакт за деловната заедница, за бизнисите, за домашното производство и извозот. Во Гевгелискиот Регион ова треба да биде неколкукратно мултиплицирано затоа што првиот импакт од пријателството со Грција доаѓа токму овде“, изјави премиерот Заев.

Тој нагласи дека на средбата биле презентирани сите можности и перспективи што се отвораат на располагање преку отворање нови фондови, преку ИПА-компонентата и европските фондови.

„Информиравме за сите мерки за поддршка на конкурентноста на компаниите кои оваа година се усовршени. Сакаме да поттикнеме што поголемо нивно користење. Нашата цел е овие определени пари од буџетот да ги искористат бизнисмените и фирмите, малите и средни претпријатија па и поголемите, заради тоа што на тој начин компаниите се стекнуваат можност за повеќе профит, што потоа носи развој на компаниите и раст на платите на вработените, како и отворање нови работни места и намалување на невработеноста. Трендовите се почнати, јас верувам дека ќе бидат се поголеми“, истакна премиерот.

Заев додаде дека финансиската состојба и ликвидноста на државата се одлични и дека компаниите треба да ги користат мерките и можностите што државата ги отвора за нивниот развој.

Вицепремиерот Анѓушев посочи дека поврзувањето на гасоводот ќе даде простор за нови проекти и ќе го намали трошокот на компаниите и граѓаните, а во однос на поддршката на развој на малите и средни претпријатија, вицепремиерот истакна дека ваквите претпријатија имаат централно внимание во економската програма на владата, и тоа преку две можности, од кои едната е преку Законот за финансиска поддршка, а втората преку Фондот за иновации.

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 201910 часа

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија11 час

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Македонија12 часа

Од утре теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал утре ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Избори 201913 часа

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија14 часа

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија16 часа

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет17 часа

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет18 часа

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет19 часа

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија19 часа

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет20 часа

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа20 часа

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Свет1 ден

(Видео) Светските знаменитости во боите на Франција

Многубројни светски споменици минатата ноќ светнаа во боите на Франција како знак на поддршка и солидарност по повод трагичниот пожар...

Македонија2 дена

Вклучен аларм во училиштата по случаите на деца што се самоповредувале поради интернет-игри

Во врска со информациите поврзани со учеството на ученици во игри објавени на глобалната интернет-мрежа, кои се карактеризирани како ризични...

Македонија2 дена

(Видео) Антикорупциската ќе поднесе прекршочни постапки против градоначалниците Бочварски и Георгиевски

ДКСК делумно ги прифати приговорите на ВМРО-ДПМНЕ против општините Гази Баба и Штип и одлучи да поведе прекршочни постапки за...

Македонија2 дена

Епидемија на морбили има, вакцини во Кичево нема

Речиси цел месец во Здравствениот дом во Кичево нема вакцини против морбили. Родителите реагираат бидејќи иако сакале да ги вакцинираат...

Македонија2 дена

(Видео) Фазлиу: Градоначалниците да објават како ги трошат парите на нивните веб-страници

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, им порача на градоначалниците дека ќе бара одговорност доколку парите ги трошат недомаќински и...

Македонија2 дена

(Видео) Франција треба да каже како да ѝ помогнеме

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека сè уште нема конечна одлука на кој начин ќе ѝ се помогне на Франција...

Крвав четврток2 дена

До крајот на мај, обвинение за организаторите на крвавиот четврток

Вилма Рускоска, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, рече дека најдоцна до крајот на мај очекува да...

Македонија2 дена

(Фото) Барокниот летниковец на плоштадот стана нужник

Барокниот летниковец од проектот „Скопје 2014“ стана нужник. Околу летниковецот, кој чинеше 350 илјади евра и се наоѓа меѓу недоизградените...

Досие