Економија
Прометот мал, идексот непроменет

Тргувањето на македонската берза во петокот беше обележано со мал обем на тргување од 10.860.876,00 денари на промет, а индексто МБИ10 остана непроменет.
Тргувањето на македонската берза во петокот беше обележано со мал обем на тргување од 10.860.876,00 денари на промет, а индексто МБИ10 остана непроменет.
Притоа 8.546899.38 денари беа реализирани на Официјалниот Пазар додека останатите 2.313.977,00 денари на редовниот Пазар за хартии од вредност.МБИ10 немаше процентуална промена и застана на бројката од 2.793,86 индекси поени, додека МБИД индексот забележа благ пад на својата вредност од 0,22 проценти и застана на 3.027,9 индекси промени, додека индексот на обврзниците порасна за 0,19 прпоценти во однос од четвртокот и неговата вредност достигна 109.95 поени.
Комерцијална Банка Скопје веке втор работен ден е најјтргувана акција од официјалниот пазар која оствари промет од 2.272.426,00 денари. Просечната цена од 2.822,89 денари значеше намалување од 0.62% на дневно ниво. Истргувани беа 805 акции преку 20 трансакции.Втора според ликвидност од официјалниот пазар беа обврзниците од осмата емисија од денационализација на кој се тргуваа по цена од 85,00 проценти од својата номинална вредност и при тоа се истргуваа 32.680 количина и реализираа 1.699.291,15 денари промет.Трета по својата ликвидност беше акцијата на Алкалоид АД Скопје кој се тргуваше по просечна цена од 4.736,34 денари од акција или тоа беше за 1,20 проценти пониска во однос од претходното тргување со овие акции. Со неа се истргуваа 264 акции и при тоа вредноста на тргување беше 1.250.395,00 денари од 18 реализирани трансакции.Од редовниот пазар најтргувана беше акциите на Тутунска банка АД Скопје кој се тргуваа по цена од 4.767.93 денари и остварија вредност на тргување од 915.443,00 денари промет и при тоа нејзината цена преставувае скок за 0,40 проценти во одност од четвртокотВтори по вредноста на Редовниот Пазар беше акцијата на Македонски Телеком Скопје која оствари промет од 582.880,00 денари. Просечната цена од 419,64 денари преставуваше благ пад на својата вредност од 0,009 проценти. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Комерцијална Банка Скопје2. Р. Македонија обврзници од денационализација 8 емисија3. Алкалои АД Скопје4. Тутунска банка АД Скопје5. Гранит АД Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. Статер банка АД куманово 25%2. Стопанска банка АД Битола 7,27%3. РЖ Услуги 4,11%4. Ф-ка за цевки 11 Октомври Куманово 2,44%5. Гранит АД Скопје 1,68% Хартии од вредност со најголем пад1. Тиквеш АД Скопје 12,5%2. Технометал Вардар Скопје 9,07%3. Бетон Скопје 8,3%4. Фершпед Скопје 7,73%5. РЖ Арцелормитал ХРМ 2,99%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Николоски потпиша договор за грант средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.
Економија
Објавен јавен повик за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство

Денеска е објавен Јавниот повик 08/2025 за доставување на барање за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2025 година.
Поддршката е наменета за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство, со цел зачувување на руралните подрачја и промовирање на одржливо земјоделство.
Право на поддршка имаат земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Висина на поддршката:
• 100% од исплатената просечна нето-плата во период од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина еднаква или повисока од 700 метри;
• 60% од исплатената просечна нето-плата во период од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина пониска од 700 метри.
Услови за доделување:
• 1 вработено лице на 150 овци;
• 1 вработено лице на 100 кози;
• 1 вработено лице на 50 говеда, но не повеќе од 620.000 денари по вработено лице.
Задржување на истиот број вработени најмалку една година по исплатата.
Барањата со потребната документација потребно е да се поднесат најдоцна до 30.07.2025 година.