Економија
Зголемен промет на берзата, скок на трите индекси
Македонската берза за хартии од вредност денеска оствари зголемен промет кој изнесуваше 17.236.190,23 денари, а трите главни индекси имаа позитивен тренд.
Македонската берза за хартии од вредност денеска оствари зголемен промет кој изнесуваше 17.236.190,23 денари, а трите главни индекси имаа позитивен тренд. Прометот со државните обврзници изнесуваше 4.3 милиони денари, додека 100.000,00 денари беа реализирани со приоритетните акции на Стопанска Банка Скопје при просечна цена од 500,00 денари по акција. МБИ10 остварувајќи го четвртиот дневен пораст по ред ја зголеми вредноста на 2.902,90 индексни поени, а дневниот пораст изнесуваше 1,32%. МБИД со дневен пораст од 1,54% го постигна третото непрекинато зголемување, а вредноста при затворањето на пазарот изнесуваше 1,54%. ОМБ со незначителен пораст од 0,02% постигна ниво од 109,98 индексни поени.Алкалоид Скопје беше најликвидна од целиот, како и од официјалниот пазар со промет од 2.752.302,00 денари. Просечната цена од 4.968,05 денари беше доволна за зголемување од 0,67%, што значеше четири дена на континуиран пораст. Втора најликвидна беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 2.341.476,00 денари. При просечна цена од 85,00% остварено беше само минимално намалување од 0,01%. Третопласирани според ликвидност од официјалниот пазар беа државните обврзници од старото девизно штедење со промет од 1.489.028,17 денари. Просечната цена од 95,53% значеше незначителен пораст од 0,03%. Од редовниот пазар, најтргувана акција беше Тутунска Банка Скопје со промет од 1.504.264,00 денари. При просечна цена од 4.899,88 денари, порастот на дневно ниво изнесуваше 0,39%. Следуваше акцијата на Македонска берза Скопје со промет од 749.997,00 денари. Просечната цена изнесуваше 149.999,40 денари, додека на дневна основа немаше промена. АД ОХИС “Наум Наумовски Борче” – Скопје објавува Оглас за продажба на фабрика Белема во Берово. Асортиман на производство: полиетиленска самолеплива трака, антикорозивна трака, чевларска лента, креп хартија, фластер, ханзапласт. Продажбата ќе се врши по пат на прибирање на писмени понуди. Услов за доделување на договорот за продажба е потенцијалниот купувач да го задржи ова производство во наредните 5 години и да ги превземе 8те вработени. Почетна цена: 742.500 евра без ДДВ. ДГ Бетон АД Скопје склучи договор со Влада на Република Македонија за изградба на административен објект Министерство за надворешни работи на РМ на Кеј Димитар Влахов бб. Вкупната вредност на договорот со вклучен ДДВ изнесува 979.666.681,00 денари. Пет најтргувани хартии од вредност1. Алкалоид Скопје 2. Р.Македонија – Денационализација 083. Р.Македонија – Девизни влогови4. Тутунска Банка Скопје5. Гранит Скопје Хартии од вредност со најголем раст1. Македонија сообраќај Скопје 57,50%2. Стопанска Банка Скопје – Приоритетни 11,11%3. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 7,30%4. Стопанска Банка Скопје 6,58%5. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 3,34%Хартии од вредност со најголем пад1. РЖ Институт Скопје 13,54%2. Скопски Пазар Скопје 4,55%3. Прилепска Пиварница Прилеп 2,31%4. Р.Македонија – Денационализација 08 0,01%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“
Економија
Комисија за заштита на конкуренцијата: Лани се изречени казни во вредност од над 53 милиони денари
Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во текот на 2025 година се изречени казни за повреди на одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за повреди на одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики, во вкупна вредност од 53.044.555,00 денари.
„Со овие санкции, Комисијата испраќа јасна и недвосмислена порака дека картелските договори, забранетите договори, злоупотребата на доминантна позиција, непријавените концентрации и нефер трговските практики нема да се толерираат. Казните имаат изразена превентивна улога и претставуваат ефикасен механизам за одвраќање од идни повреди на пазарните правила“, велат од Комисијата.
Од таму најавуваат дека ќе продолжат со активен надзор и доследна примена на законските овластувања, со цел обезбедување фер и транспарентни пазарни услови, еднаков третман на економските оператори и ефективна заштита на конкуренцијата и интересите на потрошувачите.
Економија
Македонија2025 објави повик за компании: Аплицирајте за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници
Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов – Програмата за претприемачи.
Битов – Програмата за претприемачи е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и меѓународно ниво.
Македонија2025 има заедничка мисија со Catalyste+ да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега, преку оваа програма се поддржани над 30 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе ја донесат својата експертиза директно во Македонија, и ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании, согласно нивните барања и потреби.
Македонија2025 целосно ја покрива тарифата за советникот, како и доаѓањето до Македонија. Компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно).
Кој може да се пријави?
Програмата е наменета за микро, мали и средни компании* кои ги исполнуваат следните услови:
· Минимум една година од постоење на компанијата;
· Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител;
· Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик;
· Високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата;
· Во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот);
· Ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.
По можност да работат во следните дејности: туризам и угостителство, финансии, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн.
*Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.
Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација ќе ги најдете ТУКА.
За искуствата, и придобивките на компаниите кои учествувале во програмата погледнете ТУКА.
Краен рок за пријавување: 15.03.2026 год.

