Економија
Бритиш Ервејс објави големи загуби
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/65fb0c67-7c2d-4dd7-8ac8-c36ceedcb931.jpeg)
Британската авиокомпанија „Бритиш Ервејс“ соопшти загубите за девет месеци до декември се зголемиле за 245 милиони фунти поради слабата побарувачка.
Британската авиокомпанија „Бритиш Ервејс“ соопшти загубите за девет месеци до декември се зголемиле за 245 милиони фунти поради слабата побарувачка. Од компанијата се во очекување на пресметката на загубите за целата година. За истиот период во 2008-ма година е регистрирана загуба од 127 милиони фунти. Приходите се намалени за 12,9 отсто до 6,14 милијарди фунти за деветте месеци до декември. И покрај ова, од Бритиш Ервејс објави загуби помали од очекувањата поради даночните олеснувања и ограничувањето на расходите. /крај/бгнес/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
Усвоен кварталниот извештај: Макроекономските движења минатата година соодветствуваат со проекциите на Народната банка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Совет-на-Народната-банка-1.jpg)
Советот на Народната банка на својата последна седница, одржана на четврти февруари годинава, го усвои Кварталниот извештај, во кој се заклучува дека макроекономските движења беа главно во согласност со октомвриските проекции на Народната банка. Инфлацијата и натаму се намалува, економијата и натаму постепено закрепнува, а девизните резерви остварија солиден раст. Но, ризиците сѐ уште постојат. Во Извештајот се наведува дека глобалната економија и натаму закрепнува, при пониска инфлација и поповолни финансиски услови, но сѐ уште има понагласена геополитичка неизвесност, заради војните и конфликтите, како и евентуалните трговски санкции.
Во домашната економија, реалниот БДП во третиот квартал бележи годишен раст од 3%, што е близу до очекувањата во согласност со октомврискиот циклус проекции. Сигналите од расположливите високофреквентни податоци за економската активност во последното тримесечје од 2024 година засега упатуваат на позитивни годишни остварувања, пред сѐ во услужниот сегмент и кај градежната активност. За целата 2024 година, основното сценарио од октомври претпоставува економски раст од 2,3%, но имајќи ги предвид официјалните процени за остварен раст во првите три квартали од годината од 2,6%, постојат изгледи за малку подобри остварувања од проекциите за целата година. Растот би забрзал искачувајќи се на 3,3% во 2025 година и би достигнал 4% на среден рок, при очекувања за поповолно надворешно окружување, поволен амбиент за странски и домашни инвестиции и позитивен придонес од започнатите инфраструктурни проекти. Зголемената геополитичка неизвесност заради војните и конфликтите преовладува на краток рок, додека на среден рок, пак, посилната фокусираност на капиталните инвестиции, вклучително и на новиот план на Европската Унија за раст на Западниот Балкан, би ја зајакнала економската интеграција, којшто би ги подобрила економските изгледи на земјата.
Инфлацијата за целата 2024 година, во просек, изнесува 3,5%, што во целост соодветствува со октомвриските согледувања. Според октомвриските оцени, за 2025 година се очекува сведување на инфлацијата на 2,5% и нејзино постепено нормализирање на 2% на среден рок. Ризиците околу инфлацијата сè уште постојат и се поврзани со цените на примарните производи на светските берзи, но и со одредени домашни фактори коишто делуваат врз побарувачката.
Податоците за бруто девизните резерви за четвртиот квартал упатуваат на подобри остварувања во однос на октомвриските проекции, а со тоа и повисок раст за целата година. Нивото на девизните резерви, на крајот на 2024 година, достигна 5.019 милиони евра и во согласност со сите показатели обезбедува соодветна поддршка за одржување на стабилноста на домашната валута.
Во четвртото тримесечје од 2024 година, кредитната активност на банкарскиот сектор се засили, при што годишната стапка на кредитен раст на крајот на 2024 година достигна 11,2%. Ваквата кредитна динамика беше поддржана и од зголемувањето на депозитниот потенцијал на банките, којшто и натаму забрзано расте со годишна стапка на раст од 11,4%, којашто е над проекциите.
Советот на Народната банка на седницата разгледа и повеќе други точки поврзани со тековното работење на банката.
Економија
СДСМ: Странските инвеститори си одат од земјата, „Аптив“ заминува од Бунарџик
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/02/bunardzik-industriska-zona-fabriki.jpg)
Компанијата „Аптив“, која со години функционираше во индустриската зона Бунарџик и вработуваше околу 500 лица, ја затвора својата фабрика во Бунарџик, велат од СДСМ.
„Производствените капацитети се преселуваат во други земји, оставајќи стотици македонски граѓани без работа и егзистенција.
Дополнително, компанијата „Џонсон Мети“, која исто така има долгогодишно присуство во Бунарџик, најавува намалување на бројот на работни позиции.
Ова е јасен показател за лошата бизнис-клима, лошите економски политики, недостатокот на јасна стратегија и катастрофалното менаџирање со државата од страна на Власта.
Наместо Владата да обезбеди услови за стабилност и раст на економијата, таа дозволува вакви удари врз економијата, работниците и нивните семејства.
Податоците на статистика покажуваат загрижувачки тренд – извозот на земјава во периодот јануари-ноември 2024 година е намален за 5,9 проценти во споредба со истиот период во 2023 година.
Ова не е случајност, туку директен резултат на неспособноста на власта на Мицкоски да се справи со економските предизвици“, се вели во соопштението на СДСМ.
Економија
Се зголемува цената на мазутот, кај бензинот и дизелот останува иста
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/benzin-3-.jpg)
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,61 oтсто во однос на одлуката од 3 февруари.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,437%, кај дизелот за 0,769%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,295% и кај мазутот зголемувањето е за 3,476%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5531%.
Од 6.2.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,025 (денари/килограм)
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,353 ден/кг и сега ќе изнесува 46,025 ден/кг
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.2.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.