Економија
Државната обврзница го зголеми прометот на берзата
Значително поголем промет кој изнесуваше 23.619.131,76 денари остварен е при денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност.
Значително поголем промет кој изнесуваше 23.619.131,76 денари остварен е при денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност.
Главниот виновник беше државната обврзница за денационализација од втората емисија, чиј промет изнесуваше 12.615.475,04 денари, а вкупниот промет со државните обврзници изнесуваше 13.844.902,76 денари.
Поголемиот дел од прометот беше остварен на официјалниот пазар, односно 21.847.882,76 денари беа остварени преку 118 трансакции. На редовниот пазар прометот изнесуваше 1.771.249,00 денари при реализирани 30 трансакции.
Акциските индекси беа дел од позитивниот бран што преобладуваше на берзата, така што продолжи позитивната тенденција на МБИ10, а МБИД забележа промена на трендот во однос на претходниот трговски ден. МБИ10 со порастот од 0,73% ја зголеми вредноста на 2.908,61 индексни поени, така што беше остварена растечка низа од два дена. МБИД оствари благо зголемување од 0,28%, а вредноста при затворањето на пазарот изнесуваше 3.153,86 индексни поени. ОМБ ја намали вредноста за 0,21% позиционирајќи се на ниво од 110,11 индексни поени. Убедливо најликвидна хартија од вредноста на целата домашна берза беше државната обврзница за денационализација од втората емисија со промет од 12.615.475.04 денари, што претставува 53,4% од вкупниот промет. Просечната цена изнесуваше 91,00% од номиналната вредност и беше без промена на дневна основа. Истргувани беа вкупно 225.400,00 денари кои се реализираа преку една трансакција.
Од акциите кои котираат на официјалниот пазар најтргувана беше Гранит Скопје со промет од 2.232.091,00 денари. Просечната цена изнесуваше 780,72 денари, предизвикувајќи пораст од 0,44%, така што порастот се одржува веќе четири дена едно по друго. Ценовниот распон се движеше од 780,00 денари до 790,00 денари. Истргувани беа 2.859 акции кои се реализираа преку 34 трансакции. Трета според ликвидност на официјалниот пазар беше Макстил Скопје со промет од 1.250.000,00 денари. Просечната цена од 250,00 денари по акција значеше пораст од 1,68%. Беа истргувани 5.000 акции кои се реализирани преку 11 трансакции. Од редовниот пазар најактивно се тргуваше со Тутунска Банка Скопје која оствари промет од 564.300,00 денари. Просечната цена од 4.950,00 денари предизвика пораст од 1,03% на дневна основа. Истргувани беа 114 акции кои се реализираа преку 7 трансакции. Втора според ликвидност од редовниот пазар беше Македонски Телеком Скопје со промет од 507.332,00 денари. Просечната цена од 471,50 денари резлутираше со пораст од 0,68%. Максималната цена изнесуваше 476,00 денари, а минималната 470,00 денари. Истргувани беа 1.076 акции кои се реализираа преку 9 трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 02 2. Гранит Скопје3. Макстил Скопје4. Алкалоид Скопје 5. Стопанска Банка БитолаХартии од вредност со најголем раст1. Македонијатурист Скопје 5,00%2. РЖ Техничка контрола Скопје 4,84%3. РЖ Услуги Скопје 2,50%4. Жито Вардар Велес 2,22%5. Макстил Скопје 1,68%Хартии од вредност со најголем пад1. Витаминка Прилеп 9,31%2. Винарска визба Тиквеш Скопје 7,75% 3. Бетон Скопје 2,68%4. Стопанска Банка Скопје 1,26%5. Р.Македонија – Денационализација 08 0,85%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска: Соларната енергија е еден од клучните столбови на македонската енергетска транзиција
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска се обрати на настанот „Соларен ден – чиста енергија во пракса“, организиран од Агенцијата за иновации и научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, по повод 26 јануари – Меѓународниот ден на чистата енергија.
Во своето обраќање, Божиновска истакна дека одбележувањето на Меѓународниот ден на чистата енергија претставува силен потсетник за заедничката одговорност, но и за стратешката можност што ја има државата во процесот на енергетската транзиција кон одржлив, сигурен и модерен енергетски систем.
„Соларната енергија денес е еден од најважните столбови на националната енергетска транзиција. Македонија има сериозен сончев потенцијал и наша јасна стратешка определба е тој потенцијал да го искористиме максимално – преку стабилна регулаторна рамка, поддршка на инвестициите и активна улога на државата“, нагласи Божиновска.
Таа посочи дека изминатата година е забележан значителен раст на фотоволтаичните капацитети, како резултат на зголемениот интерес и од инвеститорите и од граѓаните, што ја потврдува довербата во соларната енергија како исплатливо и одржливо решение. Министерката нагласи дека Министерството не е само регулатор, туку активен двигател на процесите, со фокус на државни инвестиции во соларни капацитети, системи за складирање на енергија и стратешко планирање на декарбонизацијата.
Во обраќањето беше истакната и важноста на партнерството со приватниот сектор, академската заедница и граѓаните, како неопходен предуслов за успешна и праведна енергетска транзиција.
„Енергетската транзиција не е проект на една институција. Таа е заеднички процес кој бара соработка, знаење и визија. Само така можеме да изградиме модерен, сигурен и одржлив енергетски систем кој ќе обезбеди подобар квалитет на живот и почиста животна средина“, порача Божиновска.
Настанот „Соларен ден – чиста енергија во пракса“, кој се одржа во Europe House, вклучи едукативна сесија и панел-дискусија за можностите и предизвиците на соларната енергија во Македонија, со учество на претставници од институции, академската заедница и компании од енергетскиот сектор.
Економија
Потпишан Протокол за правила за потекло со Обединетото Кралство
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон, денеска го потпишаа Протоколот за правила за потекло, кој претставува интегрален дел од Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство.
Протоколот за правила за потекло овозможува практична и правна примена на проширената кумулација со материјали со потекло од Европската унија, земјите на ЕФТА, како и од другите земји опфатени со ПЕМ-конвенцијата, со кои двете држави применуваат преференцијална трговија.
„Проширената кумулација на потекло на стоките директно ќе придонесе за унапредување на можностите на македонските извозници за користење преференцијален третман при утврдување на потеклото на стоката во трговијата со Обединетото Кралство. Ова е особено значајно за секторите со сложени производни ланци и висок удел на материјали од Европската унија и другите земји опфатени со ПЕМ-конвенцијата, како и во контекст на усогласувањето со новите трговски односи на Обединетото Кралство по излегувањето од Европската унија.
Со потпишувањето на овој Протокол се создаваат услови за зголемен извоз, отворање нови работни места, зајакнување на економијата и поголема економска сигурност за граѓаните, преку подобро позиционирање на македонската економија на еден од најзначајните европски пазари“, соопштија од Министерството.
Економија
Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави
Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен интерконектор со Грција, а почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе нашата држава Србија, објасни премиерот Христијан Мицкоски на прашања поставени на панелот во Давос кои се однесуваа на вештачката интелигенција и потребните центри за гасови, како и тоа што прави Македонија да привлече странски директни инвестиции наспроти Хрватска и Словенија.
„Во однос на вештачката интелигенција ние ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија но не само за електрична енергија, исто така ги зајакнуваме нашите преносни линии со преносните линии за гас. За центрите за податоци, ви е потребно одржливо би рекол, снабдување со електрична енергија. Значи некој мора да произведе одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија за центрите за податоци, за да имаат добри, би рекол одлични перформанси на вештачката интелигенција. Во тој поглед градиме еден гасен интерконектор со Грција, а сега почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе мојата земја со Србија.
Што значи ова? Ќе го зголемуваме капацитетот на гас до осум милијарди кубни метри годишно. Досега трошиме половина милијарди кубни метри годишно, што значи дека илјадници и илјадници мегавати инсталиран капацитет електрани на гас да снабдуваат нови центри за податоци со електрична енергија. Ова е еден столб на еден пример и целиот институционален ризик го прифаќаме како Влада. Ова е нешто што можеме да им го обезбедиме на инвеститорите како поттик“, рече Мицкоски во Давос.
Во моментов се развиваат три важни проекти за производство на електрична енергија од хидроцентралите во вредност од 2 милијарди евра. Овие проекти, информираше премиерот, не се важни само за Македонија туку и за регионот.
„Сега развиваме три големи проект во однос на производство на електрична енергија од хидроцентрали. Зборуваме за проекти од 2 милијарди евра. Тие проекти се многу важни за нас, не само за производство на електрична енергија, туку тие три проекти се и стратешки важни за нас. Но не само за нас, туку и за регионот во целост.
Зборуваме за три големи брани кои ќе создадат три големи резервоари со многу чиста вода за пиење. Имајќи ги предвид климатските промени, мислам дека регионот ќе има потреба од тие резерви со вода за пиење, со чиста вода за пиење. И двата проекта се дел од каскада што се потпира на една голема река, наречена Црна Река. Низводно од таа каскада имаме најдоброто земјоделско земјиште во Европа, а тој регионот е познат како Тиквешки регион.
Практично сме фокусирани на енергијата, а во исто време имаме и други приоритети. Но веројатно сакате повеќе да зборувате за вештачката интелигенција. Исто сакате да се зборувате за електричната енергија и сите оние проекти кои се поврзани некако со тие две многу важни прашања, не само во мојата земја туку и овде во Давос. Многу пати слушаме од политичарите како зборуваат за вештачката интелигенција. Се прашувам дали сите тие можат да ја разберат суштината на вештачката интелигенција или ја користат вештачката интелигенција како популарен збор, како два популарни збора. Го завршив мојот докторат пред 16,17 години и користев алгоритам на фази логика за контрола на манипулативни роботи. Значи, практично тоа беше почетокот на вештачката интелигенција“, подвлече премиерот на панел дискусијата во Давос.

