Економија
Аплицирањето за транспортните дозволи за превоз на стока и за автобуските линии од октомври
Аплицирањето и распределбата на транспортните дозволи за превоз на стока, но и на автобуските линии, годинава ќе се врши по електронски пат.
Во периодот од 10.10.2014 година со почеток од 00:00 часот ќе отпочне годишното аплицирање по електронски пат за распределба на годишни ЦЕМТ дозволи за 2015 година и изготвување на поединечен план како резервација на поединечни транспортни дозволи за превоз на стоки за 2015 година, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Трговските друштва кои имаат лиценци за јавен превоз на стоки (за сите видови меѓународни транспортни дозволи) и трговските друштва кои имаат лиценца за превоз на стока за сопствени потреби (за поединечни транспортни дозволи-резервација), ќе можат да аплицираат на интернет-страницата www.dozvoli-mtc.gov.mk заклучно до 15.10.2014 година до 24:00 часот.
„Она што е важно да се напомене е дека за ЦЕМТ дозволи за 2015 година, исто како и во 2014 година, ќе имаат право да аплицираат превозници кои поседуваат возила со еуро 6 и еуро 5 стандард. До денес во базата на Министерството за транспорт и врски со изводи од лиценца евидентирани се 185 возила со„еуро 6“стандард и 2.318 возила со еуро 5 стандард“, нагласуваат од Министерството.
Согласно одлуката од работната група за патен транспорт при конференцијата на министри за меѓународен превоз на стока со седиште во Париз, одлучено е Република Македонија да има 139 базни дозволи врз основа на кои ќе може да се врши распределбата на ЦЕМТ дозволите за 2015 година. Ова значи дека Република Македонија за распределбата за ЦЕМТ дозволи за 2015 година има на располагање 1220 годишни ЦЕМТ дозволи за возила со еуро 5 категорија и 204 годишни ЦЕМТ дозволи за возила со еуро 6 категорија.
„Политиката на Министерството за транспорт и врски е во насокана 100% покриеност со ЦЕМТ дозвола на возилата со „еуро6“ стандард, а оваа година очекуваме покриеноста на возилата со „еуро 5“ стандард со ЦЕМТ дозволи да биде помеѓу 55 – 60%, што е најдобра покриеност со ЦЕМТ дозволи за оваа категорија на возила од сите останати земји во регионот“, се вели во соопштението.
Исто така, Министерството за транспорт и врски на 1 октомври 2014 година ќе објави оглас за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници.
Аплицирањето, обработката на податоците како и целокупната постапка за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството за транспорт и врскиwww.liniskiprevoz.gov.mk
Право да учествуваат на огласот имаат сите заинтересирани превозници-правни лица кои имаат лиценца за вршење на меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници и кои електронски ќе аплицираат во периодот од 01.10.2014 година од 09 часот заклучно до 02.10.2014 година до 9 часот.
Во електронското барање за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови за одобрени линии превозникот пополнува задолжителни податоци за исполнување на условите (критериумите) за одобрување на возниот ред согласно одредбите во член 24-а од Законот за превоз во патниот сообраќа и Правилникот за начинот, постапката и поблиските услови за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници, издавање, продолжување и одземање на дозволата за одобрена линија, формата и содржината на образецот на дозволата и возниот ред.
Одобрувањето за возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии кое се врши преку електронски систем го следи и контролира Комисија за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии формирана од министерот за транспорт и врски во согласност со член 24-а став 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај.
Врз основа на добиените резултати од компјутерски обработените апликации, Комисијата доставува предлог листа на одобрени, односно одбиени барања до министерот за транспорт и врски на одобрување. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

