Контакт

Берзи

На Волстрит индексите се лизнаа од рекордните нивоа

Објавено пред

На Волстрит во четвртокот индексите паднаа од рекордните нивоа, што е последица од корекцијата на цените на акциите по силниот скок ден претходно, особено во финансискиот сектор.

 

Индексот Dow Jones се лизна за 0,53 отсто, 21.002 поени, додека индексот S&P 500 падна за 0,59 проценти, на 2.381 поен, а Nasdaq индексот 0,73 отсто, на 5.861 индексот поен.

Најмногу во четвртокот паднаа, просечно за 1,5 отсто, цените на акциите на финансискиот сектор кој ден претходно скокна речиси за 3 отсто.

Индексот Dow Jones се најде, пак, под притисокот на падот на цената на акцијата на компанијата „Caterpillar“, за повеќе од 4 отсто, по веста дека федералните агенти влегле во просториите на овој произведувач на машинерија. За јавноста не се открива што барале, а компанијата по затворањето на берзата извести само дека агентите собирале документи и електронски информации.

Во фокусот на вложувачите во четвртокот беше и акцијата на „Snap“, покривната компанија на социјалната мрежа „Snapchat“ којашто во првиот ден од тргувањето на берзата по иницијалната јавна понуда (IPO) поскапи за повеќе од 40 отсто. Во четвртокот цената на оваа акција скокна на 24,40 долари, додека во IPO-то беше одредена на 17 долари.

Бидејќи немаше позначителни негативни вести, аналитичарите падот на индексите ги припишуваат на корекциите на цените по силниот раст од ден претходно.

Сите три индекса скокнаа во средата за повеќе од 1,3 отсто, на рекордните нивоа, откако американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето во Конгресот ги повтори ветувањата дека ќе воведе даночно олеснувања за средната класа, ќе ги намали корпорациските даноци и ќе вложи во инфраструктурата 1.000 милијарди долари.

„Ден претходно цените силно пораснаа без многу реални вести кои би требало тоа да го оправдаат, па мислам дека сега вложувачите се одлучиле за профитабилна продажба“, вели за Reuters Рик Меклер, претседател на компанијата „ LibertyView Capital Management“.

Додава дека се чини оти вложувачите се пренасочуваат од секторите коишто од победата на Трамп на претседателските избори ланскиот ноември најмногу пораснаа, на пример, финансискиот, во оние коишто заостануваа, како што се комуналниот кој во четвртокот порасна за 0,7 отсто.

Покрај тоа, вложувачите се попретпазливи бидејќи е веќе извесно дека американската централна банка веќе во март би можела да ги зголеми клучните каматни стапки, бидејќи растот на економијата, но и инфлацијата забрзуваат. Откако низа челници на банката последните денови порачаа дека не би требало да се чека со зголемувањето на цената на парите, трговците на пазарите на пари сега проценуваат дека постојат 74 отсто шанси дека каматите ќе бидат зголемени веќе во март, додека на почетокот од седмицата за тоа даваа само 30 отсто шанси./крај/мф/сн

Најново

Црна хроника6 минути

Пронајдени пиштол и ловечка муниција при претрес во валандовско, уапсен 43-годишник

Пиштол и ловечка муниција биле пронајдени при претрес во дом во селото Казандол, валандовско, а 43-годишниот сопственик бил лишен од...

Свет22 минути

(Видео) Илјадници Португалци на протести во 32 града поради станбената криза, бараат контрола на кириите и заштита од иселување

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците во 32 града низ Португалија, барајќи од владата итни мерки за справување со сè...

Свет30 минути

Трамп, Путин и Си Џинпинг следната недела на историска трилатерална средба во Кина – ќе разговараат за нуклеарното оружје

Трамп, Путин и Си Џинпинг планираат историска трилатерална средба следната недела во Кина, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска...

Македонија59 минути

Меџити во Историската чаршија во Бурса: Размената на искуства со еснафите во функција на ревитализацијата на Старата скопска чаршија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во рамките на официјалната посета на Турција, ја посети Историската чаршија во Бурса, каде...

Македонија1 час

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група

Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата, велат од СДСМ. „Кога ги откривме...

Црна хроника1 час

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и вознемирувал поранешната партнерка

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по пријава дека агресивно се однесувал кон 43-годишна жена со која бил во врска,...

Спорт1 час

(Видео) Евроголовите на Винисиус се мала утеха, Јапонија го шокираше Бразил

Јапонската фудбалска репрезентација го победи Бразил со 3:2 во уште еден пријателски натпревар меѓу двата тима. Ова е втора победа...

Спорт1 час

Фенербахче подготвиле 10 милиони за Чалханоглу

По Ромелу Лукаку и Мејсон Гринвуд, Фенербахче ќе се обиде да го обезбеди потписот на Хакан Чалханолу, кој не сака...

Црна хроника2 часа

Пријавен 50-годишник од Пехчево за непочитување судска одлука за заштита од семејно насилство

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против 50-годишен маж од Пехчево поради сомнение за неизвршување судска одлука....