Контакт

Берзи

Еврото стабилно пред самитот на ЕУ, можни се натамошни притисоци

Објавено пред

Еврото во средата се стабилизираше во однос на доларот на меѓународните валутни пазари, но може да се најде под притисок имајќи предвид дека пазарите не очекуваат дека од самитот на ЕУ ќе произлезат нови мерки кои ќе ја ублажат должничката криза во еврозоната.

dobivaj vesti na viber

Во средата се еврото се тргуваше по 1,2475 американски долари, што значи дека на дневно ниво ослаби за 0,12 отсто. Меѓутоа, скокан од најниското ниво во последните две седмици од 1,2441 долари, на колку што се спушти во вторникот.

И во однос на јапонскиот јен, единствената европска валута во средата покажа стабилизирање, па со неа се тргуваше поп 99,334 јени. Во вторникот, еврото, исто така, се спушти на најниското ниво во последните две седмици во однос на јапонската валута до 98,74 јени.

Доларот беше во позитива и во однос на јенот, зајакнувајќи за околу 0,2 отсто, на 79,63 јени.

Овие движења на пазарите на валутите покажуваат дека спласнаа сите надежи дека дводневниот самит на Европската унија што во Брисел се одржува во четврток и петок ќе донесе напредок во поглед на воведувањето ан еврообврзницата, особено откако во средата претходно германската канцеларка Ангела Меркел рече дека Европа нема заеднички да го понесе товарот на државните долгови „сé додека сум јас жива“.

Германската канцеларка во средата во своето обраќање во германскиот повторни дека жестоко се спротиставува на лесните и брзи решенија која станува збор за кризата на еврото. Ангела Меркел, исто така, во својот говор во германскиот Бундестаг оцени дека еврообврзниците од економски аспект се лоши и контрапродуктивни, потсетувајќи дека Германија веќе испратила силен сигнал, ангажирајќи се заедно со нејзините европски партнери на пактот за економскиот раст.

„Инвеститорите го очекуваат неизбежното, а тоа е дека политичарите најверојатно нема да го сторат тоа што е неопходно“, вели за Reuters Нејл Мелор, валутен аналитичар во „Bank of New York Mellon“.

Иако германските функционери со своите изјави ги намалија очекувањата за поголем напредок од претстојниот ЕУ самит, инвеститорите сепак не беа расположени за поагресивна продажба на еврото за случај, сепак да се направи исчекор кон напредокот во надминувањето на должничката криза во еврозоната.

Некои од учесниците на пазарот на валути во анкетата на Reuters сметаат дека олеснување на еврото би му донело макар и соопштувањето на главните чекор во насока на воспоставување банкарска унија, односно постигнување договор за активирање на кризниот фонд на еврозоната за откуп на италијанските и шпанските државни обврзници, со што би се намалиле високите трошоци за задолжување на овие две презадолжени членки на еврозоната а инаку големи и влијателни европски економии.

Во средата, имено, италијанските трошоци за задолжување на рок од шест месеци достигнаа 2,957 отсто, највисокото ниво од минатогодишниот декември. Краткорочните трошоци за задолжување на Шпанија, пак, во вторникот беа двојно зголемени./крај/ро/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Колапсот на моќната американска банка ги потресе светските берзи

Објавено пред

Минатата недела на светските берзи е забележан голем пад на цените на акциите, бидејќи поради високата инфлација централните банки ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки.

dobivaj vesti na viber

Волстрит беше потресен и од колапсот на банката во Силиконската долина (SVB).

На Волстрит, акциите на Dow Jones паднаа за 4,4 отсто минатата недела, на 31.909 поени, додека S&P 500 „потона“ за 4,6 отсто, на 3.861 поен, а индексот Nasdaq за 4,7 отсто, на 11.138 поени.

Во февруари овие индекси значително пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа дека американската централна банка наскоро ќе престане да ги зголемува каматните стапки и дека конечната каматна стапка, која ќе го прекине циклусот на затегнување на монетарната политика, ќе остане под нивото од пет проценти. Но, последниве недели индексите изгубија најголем дел од тие добивки бидејќи се појасно е дека ова сценарио нема да се оствари.

Серијата неодамнешни податоци покажуваат дека побарувачката на пазарот на трудот е сè уште силна, па може да се очекува раст на платите и трошоците, што значи дека американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки. Претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, оваа недела изјави дека централната банка е подготвена да преземе повеќе чекори доколку идните економски податоци покажат дека се потребни построги мерки за ограничување на инфлацијата.

Ова предизвика страв кај инвеститорите дека централната банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,50 процентни поени на мартовската сесија, додека неодамна се очекуваше зголемување од 0,25 поени. Затоа сега на пазарот на пари се проценува дека до септември каматните стапки ќе бидат зголемени во интервал од 5,50 до 5,75 отсто, додека сега каматните стапки се движат меѓу 4,50 и 4,75 отсто.

Негативно влијание на Волстрит имаше и колапсот на банката на Силиконската долина (SVB), најголемиот банкрот на американска банка од финансиската криза во 2008 година. Таа банка, која со години го финансираше технолошкиот сектор, беше под притисок бидејќи многу стартап компании почнаа да повлекуваат депозити. За да го собере капиталот, банката прво неодамна продаде постоечки обврзници, но со голема загуба, а потоа во средата објави план за продажба на нови акции за да собере 2,25 милијарди долари свеж капитал.

Но, тоа предизвика паника кај граѓаните и претприемачите, кои само во четвртокот повлекоа 42 милијарди долари депозити од банката, па банката денот го заврши со негативно готовинско салдо од речиси милијарда долари. Како резултат на тоа, регулаторот ја затвори банката во петокот и ја презеде контролата врз преостанатите депозити. И на европските берзи цените на акциите паднаа минатата недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места...

Македонија15 часа

Планинар паднал во провалија, бил извлечен со хеликоптер, но во болница лекарите констатирале смрт

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил...

Македонија17 часа

Змија касна двајца мажи од Велес, префрлени се на Инфективна клиника во Скопје

Двајца велешани биле каснати од змија додека работеле на лозје вчераутро кај селото Војница. Откако им се влошила состојбата се...

Македонија21 час

Мајката знаела дека татко ги силува двете малолетни ќерки, ама ги убедувала дека е срамота да кажат

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на прилепско за кого постои основано сомнение...

Македонија21 час

Славјанка Петровска ја повлекува кандидатурата за претседателка на СДСМ

Кандидатката за претседателка на СДСМ, Славјанка Петровска, ја повлекува кандидатурата на еден ден пред внатрепартиските избори. Преку официјално писмо до...

Регион21 час

Непознато лице тешко рани припадник на жандармеријата пред израелската амбасада во Белград

Непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел тешко ранил припадник на жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува...

Топ22 часа

Осуденици на затворски казни барани со потерница вчера паднаа во рацете на полицијата

Две лица барани со потерница за издржување затворска казна се приведени од страна на полицијата во текот на вчерашниот ден...

Европа1 ден

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск, меѓу нив и деца

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот...

Македонија2 дена

МНР за почитувањето на Договорот од Преспа: Неговата имплементација е обврска и за двете страни

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република...

Топ2 дена

Ги силувал неговите ќерки: уапсен 36-годишен маж од Прилепско

Вчера во 17.15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село. Полицијата постапила...

Македонија2 дена

Игор Јанушев е новиот генерален секретар на Владата

Новиот владин состав денеска ја одржа првата седница. На дневен ред се најдоа пензиите, нови именувања, а донесена беше и...

Македонија2 дена

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето e во тек

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето во тек. Ова го посочи портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. „Ве...

Македонија2 дена

Грчкото МНР: Прашањето со непочитувањето на договорот од Преспа е покренато на меѓународно ниво

Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа, велат од грчкото МНР преку соопштение. Од тука нагласуваат...

Македонија2 дена

Бујар Османи му ја предаде функцијата на Муцунски – евроинтеграциите, партнерството со САД и инвестициите ќе бидат во фокус

Во Министерството за надворешни работи беше извршено примопредавање на функцијата – Министер за надворешни работи меѓу новоименуваниот министер Тимчо Муцунски...

Топ2 дена

Болјер усмрти тинејџер, загина 14-годишно дете во Маврови Анови

Трагичен настан со смртни последици се случил вчера во Маврови анови, информираат од полицијата. „На 27.06.2024 во 18.00 часот во...

Македонија2 дена

Невремето поплави градинка во Крива Паланка

Градинка во Крива Паланка беше поплавена при временските непогоди во последните две деноноќија. Како што соопшти Центарот за управување со...

Свет2 дена

Како помина дебатата меѓу Бајден и Трамп – најстарите кандидати во историјата на САД

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп разменија неколку лични навреди во долгоочекуваната дебатa. Двајцата кандидати разменија...

Македонија2 дена

За зголемувањето на пензиите и именувањата на директори ќе се дискутира на првата седница на новата Влада

Денеска во просториите на Владата ќе се оддржи првата владина седница на новиот состав, на која ќе стане збор за предлогот...

Македонија2 дена

Дрво падна врз три возила во Карпош, погон на скопска фирма под вода

Оштетени возила, паднати дрвја, поплавeни површини во Скопје, проблеми со струја. Ваков е епилогот од состојбата во текот на ноќта,...

Свет2 дена

Трамп: Бајден е виновен за нападот на Украина;  Бајден: Би го пуштил Путин да стигне во Полска

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп го споменаа рускиот претседател Владимир Путин десетина пати во првата...