Контакт

Берзи

S&P го снижи рејтингот на Кипар

Објавено пред

Агенцијата Standard & Poor’s го снижи рејтингот на Кипар за две ниво, доделувајќи му оценка ‘CCC+’ поради зголемениот финансиски притисок под кој е изложена оваа членка на еврозоната со оглед дека не ги заклучи преговорите за финансиска помош.

Владините опции за финансирање се повеќе се намалуваат, а ако кон тоа се додаде, по наше мислење, колебањето на партнерите на Кипар во еврозоната заедно да ги сносат трошоците на сериозната банкарска криза, сметаме дека ризикот за неспособност на подмирување на обврските е значителен и дека истиот се зголемува“, стои во соопштението на  S&P.Шансите и во 2013 година дополнително да го намалиме рејтингот на Кипар изнесуваат еден спрема три, се додава во соопштението.Преговорите на кипарската влада со ММФ, ЕЦБ и ЕУ за финансиска помош се одвиваат бавно, но одреден напредок сепак е постигна, признаваат од рејтинг агенцијата.Одредени медиуми јавија дека на Кипар му се потребни 17,5 милијарди евра помош, од што 10 милиајрди за банките, шест милијарди за обврзниците кои доспеваат за наплата и 1,5 милијарди за јавните финансии.Претставник на кипарската влада пред неколку дена предупреди дека Кипар нема да биде во можност да ги подмири кредитите кои доспеваат за наплата овој месец, доколку не постигне договор за помош со меѓународните кредитодаватели. /крај/х/ап/Copyright 2012 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

Еврото ослабе во однос на доларот

Објавено пред

Еврото падна во однос на доларот на меѓународните пазари, со оглед на тоа дека продажбата на акциите на европските пазари ја зајакна побарувачката за јенот и франкот.

Еврото падна 0,2 отсто, на 1,1429 долар ова утро. Во претходното тргување неговата цена се зголеми на 1,1472 долар, што е највисоко ниво за две недели.

Инвеститорите ги загрижува развојот на ситуацијата во кинеско-американскиот трговски план, преговорите за брегзитот и продажбата на акциите на американскиот пазар.

Поради стравувањата од забавување на кинеската економија, утринава под притисок се најде и австралискиот долар, кој исто така беше ослабен во однос на американскиот долар. Јенот зајакна спрема доларот 0,2 отсто, па доларот се продаваше за 112,33 јени. Цената на франкот се зголеми 0,3 отсто во однос на еврото, кое се тргуваше за 1,1344 франк.

Прикажи повеќе...

Берзи

Европските берзи бележат драстичен пад

Објавено пред

Тргувањето на европските берзи утринава почна со драстичен пад на најважните индекси под влијание на острите корекции на цената на нафтата и одлуката на италијанската влада да го игнорира барањето на Европската комисија да го ревидира својот буџетски предлог за в година.

Цените на нафтените компании се намалија во просек 1,9 отсто, а на рударските компании 2,1 отсто.

Трговците ги следат трендовите на пазарите на нафта по вчерашното намалување на цените на американскиот пазар повеќе од 7 отсто, што е најголема дневна загуба во последните две и пол години. Утрово се намали уште 0,5 проценти, на 55,40 долари, што е најниското ниво во една година.

На лондонскиот пазар цените за барел, по вчерашното опаѓање од 6,8 отсто, ова утро се намалија 0,2 отсто, на 65,35 долари, блиску до најниското ниво за осум месеци.

Прикажи повеќе...

Берзи

Максимално јакнење на доларот во последните десет недели

Објавено пред

Вредноста на доларот достигна 10-неделен максимум во петокот, додека инвеститорите очекуваа да видат дали податоците за економскиот раст ќе доведат до прекин на едномесечното зајакнување на националната валута.

Шпекулациите дека американските каматни стапки следната година ќе бидат зголемени поагресивно од очекуваното ќе влијаат на зајакнувањето на доларот во однос на еврото.

Федералните резерви се очекува да ги зголемат каматните стапки за 25 базични поени во декември.

Индексот на доларот се зголеми за 0,1 отсто во споредба со кошницата на валутите, на 96,749 поени, што е највисоко ниво од 16 септември.

Еврото, пак, падна на 10-неделен минимум од 1.135 долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 час

(Видео) Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут

Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут, извикувајќи пароли против владата, пренесуваат светските медиуми. Претходно денеска...

Свет13 часа

Британските медицински работници на протест, бараат повисоки плати

Mедицинските работници во Велика Британија се собраа да протестираат во неколку градови, барајќи од владата повисоки плати за нивната макотрпна...

Македонија14 часа

Нови 200 заболени и четворица починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на...

Свет15 часа

(Видео) Португалски канадер се урна во близина на шпанската граница, има и жртви

Португалски канадер за гаснење пожар се урна денеска близу шпанската граница и според информациите од медиумите, најмалку едно лице го...

Свет16 часа

Документ на британската влада: Карантинот предизвикал смрт на илјадници луѓе

Карантинот убил илјадници луѓе кои не можеле да дојдат до медицинска помош или кои избегнувале да одат во здравствени установи...

Македонија17 часа

МЗ: Во Геријатриската болница се преземени сите мерки по појавата на позитивни случаи

Министерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека новите случаи на коронавирус во Геријатриската болница во Скопје го демантираат...

Свет17 часа

Почина сопругата на амбасадорот на Холандија која беше повредена во експлозијата во Бејрут

Сопругата на холандскиот амбасадор во Либан почина денеска од повредите со кои се здоби во експлозијата што се случи во...

Регион18 часа

Косовскиот политичар Беџет Пацоли пријавил имот вреден стотици милиони евра

Поранешниот претседател на Косово и лидер на Алијанса за ново Косово, Беџет Пацоли, пријавил во Агенцијата за борба против корупцијата...

Македонија18 часа

Медицински техничар од Шведска еден месец ќе помага на Инфективната клиника

Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во нашата држава на 4 август преку европскиот механизам...

Македонија20 часа

Во Скопје се роди бебе во „водена обвивка“ – редок феномен што се случува еднаш во 80 илјади породувања

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, наделава се случи несекојдневно породување. Станува збор за медицинско чудо и редок феномен...

Топ21 час

Жени од Македонија, Албанија и Косово пронајдени во угостителски објект, сопственикот осомничен за трговија со луѓе

Десет женски лица од Македонија, Албанија и Косово биле пронајдени во угостителски објект во село Добридол, Гостивар. Сопственикот на објектот...

Македонија21 час

Казнети 378 лица за неносење маска

Полицијата казнила 378 лица за неносење заштитна маска во текот на изминатиот ден. „Во текот на изминатото деноноќие (07/08.08.2020 година)...

Свет22 часа

Во последните 24 часа во светот над 270.000 нови случаи на коронавирус

Во светот во последните 24 часа се регистрирани вкупно 278.291 нови случаи на коронавирус, а починале 6.815 лица, објави Светската...

Свет22 часа

Рекорден број нови случаи на коронавирус во Јапонија

Во Јапонија во изминатите 24 часа се потврдени најголем број случаи на дневно ниво од почетокот на епидемијата на коронавирус....

Македонија22 часа

Деветнаесет години од нападот кај Карпалак во кој беа убиени 10 војници

Денеска се одбележуваат деветнаесет години од нападот врз конвојот на АРМ во кој беа убиени десет воени резервисти кај месноста...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 16 лица загинаа, а 123 се повредени во авионот кој се преполови во Индија

Најмалку 16 лица загинаа, а 123 повредени во авионската несреќа на „Ер Индија експрес“ што излета од пистата и се...

Свет1 ден

Седумгодишно момче почина од вирусот во САД – немало други болести

Седумгодишно момче кое почина од Ковид-19 е најмладата личност којашто го загибила животот од од оваа болест во американската држава...

Свет1 ден

Сè повеќе млади луѓе умираат од Ковид-19, кои се причините за тоа?

Високиот крвен притисок, дијабетес, дебелина и возраст се покажаа како најчести причини зошто некои пациенти не го преживуваат Ковид-19. Станува...

Свет2 дена

(Видео) Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови

Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“...

Топ2 дена

Велешанец исчезна во водите на Вардар при обид да спаси екипа на ЕВН

Полицијата трага по маж од Велешко кој со трактор се обидел да извлече возило на ЕВН, но бил повлечен од...

Досие