Берзи
Азиските берзи паднаа, еврото близу 1,08 долари, нафтата под притисок

На повеќето азиски берзи цените на акциите во петокот паднаа во петокот, додека во Шангај и Хонгконг пораснаа, бидејќи инвеститорите очекуваат нови поттикнувачки економски мерки во Кина, еврото расте во однос на американската валута по најавите од Fed, а нафтата го чувствува притисокот од зголеменото производство на OPEC.
На токиската берза индексот Nikkei 225 во претпладневното тргување во петокот беше во минус повеќе од 1 отсто, додека цените на берзите во Сингапур и Австралија паднаа меѓу 0,1 и 1,1 отсто. Берзанските индекси во Јужна Кореја, Хонгконг и Шангај пораснаа, пак, меѓи 0,1 и 2,2 додека MSCI индексот на азиско-пацифичките берзи, без јапонските, беше во благ минус, но во однос на почетокот на седмицата е во добивка од околу 1 отсто.
Најмногу, за повеќе од 2 отсто, претпладнето скокнаа цените на акциите во Шангај, благодарејќи на убедувањето на вложувачите дека кинеските власти наскоро ќе воведат дополнителни поттикнувачки мерки, по низата податоци кои укажуваат на забавување на растот на втората според обемот светска економија. Кинескиот бруто домашен производ (БДП) во првото тримесечје од 2015 година пораснал за 7 отсто во однос на истиот период минатата годија, што е најбавното ниво во последните шест години.
Од истата причина во петокот претпладне пораснаа и цените на акциите во Хонгконг, достигнувајќи го новите највисоки нивоа во последните седум години, додека на другите азиски пазари не владее толку оптимистичко расположение. Најмногу, повеќе од 1 отсто, падна токискиот Nikkei индекс, кои пред една седмица, првпат по 15 години се проби над психолошки важната бариера од 20.000 поени. Меѓутоа, последните денови се движи под неа, бидејќи инвеститорите се претпазливи пред објавувањето на деловните извештаи на јапонските компании следната седмица.
„Иако вложувачите очекуваа високи заработки на компании на крајот од фискалната година, индексот Nikkei би можел да се движи во тесен распон поради претпазливите најави од компаниите“, вели за Reuters Масајуки Кубота, стратег во компанијата „Rakuten Securities“.
Јапонските инвеститори ги загрижува јакнењето на јенот последните денови, што лошо влијае врз приходите на јапонските компании на странските пазари, како и слабиот економски податоци од САД, нивниот најголем странски пазар. А сигналите за забавување на растот на најголемата светска економија ја намалуваат можноста од зголемување на каматите на американската централна банка Federal Reserve (Fed) на кус рок. Во четвртокот, имено, Денис Локарт, претседател на филијалата на Fed во Атланта, изјави дека поради низата последни слаби економски показатели се противи на зголемување на клучните камати на Fed веќе во јуни. Брзо, меѓутоа, додаде дека очекува стабилен раст на економијата.
И поради тоа што зголемувањето на клучните каматни стапки од страна на Fed е сé помалку веројатно, на валутните пазари американската валута е под притисок. Во петокот претпладне доларот во однос на јапонскиот јен се лизна под нивото од 119,00 јени, додека во истиот период в четвртокот чинеше 119,25 јени. Со тоа се оддалечи дополнително од 120,85 јени, највисокото ниво што го достигна седмицава. Американската валута ослабе и во однос на еврото, па цената на еврото достигна 1,0775 долари, додека во четвртокот претпладне изнесуваше 1,0710 долари. Во вторникот еврото се движеше околу 1,06 долари, за ноќта кон петокот во еден момент се проби и над нивото од 1,08 долари.
Цената на нафтата е под притисок, пак, откако во четвртокот Организацијата на членките извознички на нaфта (OPEC) извести за силен раст на производството на нејзините членки во март, и покрај слабата побарувачка на светските пазари. Во петокот во претпладневното тргување, на американскиот пазар цената на нафтата падна за 1,1 отсто, на 56,05 долари за барел, додека на лондонскиот пазар се лизна за 1,отсто, на 63,35 долари./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи
„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.
Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.
Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.
По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.
Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.
Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.
Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.
„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.
Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.
На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.
Берзи
Доларот нагло падна, еврото зајакна

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.
Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.
И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.
Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.
Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.
Берзи
Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.
На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.
Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.
Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.
И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.