Контакт

Берзи

Азиските берзи пораснаа, и покрај падот на Волстрит

Објавено пред

На Токиската берза цените на акциите во вторникот претпладне остро паднаа, како и на Волстрит, додека на другите азиски пазари на акции пораснаа и покрај остриот пад последните седмици.

dobivaj vesti na viber

На токиската берза индексот Nikkei претпладнето во вторник по средноевропско време беше минус повеќе од 2 отсто , потонувајќи на новото најниско ниво во последните два месеца, а паднаа за 0,15 отсто и цените на акциите на берзата во Шангај. Берзанските индекси во Сингапур, Сеул, Хонгконг и Сиднеј пораснаа, пак, меѓу 0,1 и 1 процент, па така MSCI иднекост на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во плус од 0,8 отсто, откако од почетокот на септември потона за повеќе од 10 отсто.

Подемот на овој индекс дојде благодарејќи на процените на инвеститорите дека е добра можноста за купување акции, откако во понеделникот паднаа на најниските нивоа во шести ипол месеци. Меѓутоа, аналитичарите забележуваат дека се тргува претпазливо.

„Се закануваат ризиците од слабеење на целокупната светска економија, а минатонеделните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и на групата Г20 на најголемите светски економии, покажаа дека нема единствен лек за поттикнување на растот“, вели Хироказу Кабеја, стратег во „Daiwa Securities“.

Несигурноста на инвеститорите е последица, исто така, на остриот пад од понеделникот на цените на акциите на Волстрит. Во последните три дена индексот S&P 500 потона за 4,8 отсто, што е негов најголем тридневен пад од ноември 2011 година, па сел лзина на новото најниско ниво од крајот на мај.

„Инвеститорите стравуваат дека кварталните деловни резултати на компаниите ќе бидат послаби отколку што се проценува, поради лошата економска атмосфера. Покрај тоа, доларот во изминатиот квартал беше во нагорна линија, што би можело да им наштети на заработките на мултинационалните компании“, вели Гири Черукури, трговец од компанијата „OakBrook Investments. OakBrook Investments“.

На несигурноста којашто владее на американските берзи укажува и скокот во понеделникот на VIX иднекост на стравот на Чикашката берза на опции за 16 отсто, на 24,6 поен, што е највисоко ниво од јуни 2012 година. Тоа значи дека инвеститорите засилено ги осигуруваат своите портфељи од можно натамошно паѓање на цените на акциите.

Поради несигурноста на пазарите на капиталот, на валутните пазари јакне јапонскиот јен, кој се смета за сигурно засолниште за капиталот во несигурните времиња. Поради тоа во вторникот во претпладневното тргување курсот на еврото се лизна од понеделничките 107,65 на 107,10 јени, најниското ниво во последните 30 дена. Американскиот долар ослаби и кон европската валута, па неговата цена достигна 1,2725 долари, додека во понеделникот во истиот период изнесуваше 1,2680 долари.

Слабеењето на доларот е последица на шпекулациите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе ја одложи одлуката за зголемување на каматите пореди слабите можности на глобалната економија. Fed со години веќе води многу лабава монетарна политика,а се очекува дека следната 2015 година, откако овој месец ќе ги укине програмите на откуп на државните и хипотекарните обврзници, кои минатата години изнесуваа 85 милијарди долари месечно, ќе ги зголеми каматните стапки, првпат од финансиската криза од 2008 година.

„Меѓутоа, доколку растот во светот биде послаб отколку што се проценува, тоа би можело да води кон побавно укинување на поттикнувачките мерки на Fed од порано“, изјави во саботата потпретседателот на американската централна банка, Стенли Фишер./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените...

Македонија4 часа

(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување...

Топ6 часа

Лихварска шема во Гостивар: Заем од 35.000 евра со камата од 15.000 за една година, па по 3.000 евра месечно

Против две лица, меѓу кои еден нотар од Гостивар и една фирма, тетовската полиција поднесе кривични пријави поради сомнение за...

Македонија7 часа

Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое...

Топ9 часа

Тешко злосторство во Кавадарци – го убил својот брат, па го закопал во дворот

Четириесет и тригодишен маж е осомничен дека по расправија го убил својот една година помлад брат, а потоа неколку дена...

Македонија13 часа

Децата на подолго болничко лекување нема да губат настава, на Детската клиника се воведува формално образование

За да нема прекин на воспитно-образовниот процес на учениците што имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе...

Македонија13 часа

Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу „Шкендија“ и „Карабах“

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар...

Македонија16 часа

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба, во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица....

Македонија16 часа

Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе...

Свет16 часа

ОН предупреди на катастрофални последици ако Израел ги прошири своите воени операции во Газа

Висок функционер на Обединетите нации предупреди дека може да има „катастрофални последици“ ако Израел ги прошири своите воени операции во...

Свет18 часа

Хирошима: 80 години од првата атомска бомба во светот, која уби над 100.000 луѓе

Јапонскиот град Хирошима одбележува 80 години од американскиот нуклеарен напад што го уништи градот и одзеде десетици илјади животи. Хирошима...

Свет18 часа

Трамп именува наследник

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес посочи дека потпретседателот Џ. Д. Венс би можел да биде неговиот најверојатен...

Регион19 часа

Српскиот министер, кој доживеа мозочен удар во емисија, е свесен, но сè уште во критична состојба

Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, се разбуди по операцијата поради мозочен удар и е свесен, но има...

Топ1 ден

Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село. Полицијата постапила по претходна пријава дека...

Топ1 ден

Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши...

Македонија1 ден

Скопјанец преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт

Полицијата поднесе кривична пријава за скопјанец кој преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт. Денеска, Секторот за компјутерски криминал поднесе...

Македонија2 дена

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат, донација од Јапонија

На Клиниката за детски болести денеска беше промовиран дигитален мобилен рендген-апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. „Станува збор за...

Топ2 дена

Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет...

Македонија2 дена

Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат...

Македонија2 дена

(Видео) Еден качен на хауба, друг вози без дозвола – поднесени пријави за скопјаните што дивееја на улиците

Министерството за внатрешни работи поднесе пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и...