Контакт

Берзи

Цената на нафтата близу 113 долари, стивна загриженоста за ирачкиот извоз

Објавено пред

Цената на суровата нафта се консолидираше во петокот на лондонската берза близу 113 долари за барел, откако стивна загриженоста во поглед на ирачкиот извоз.

dobivaj vesti na viber

Цената на нафтата во Лондон остана речиси непроменета во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 113,31 долар за барел. Позначителни промени во цената во однос на вчерашното затворање немаше ниту на американскиот пазар каде со барелот се тргуваше по 105,79 долари.

 

Вооружените судири во Ирак и натаму се во фокус на вниманието, при што полека стивна загриженоста за производство на нафтените полиња на југот на државата, каде се произведува поголемиот дел од вкупно 3,3 милиони барели дневно. Борбите засега воглавно се водат на северот и западот од државата.

 

„Премијата од стравувањето веќе е вкалкулирана во цената“, констатира Картсен Фрич, аналитичар на франкфуртски Commerzbank.

 

Доколку судирите помеѓу сунитските милитанти и владините сили во Ирак останат ограничени на подрачјето северно од Багдад, помали се шансите да се наруши снабдувањето, толкуваат аналитичарите.

 

Цената на нафтата ја притисна и веста дека либиското производство на нафта порасна на 300.000 барели дневно благодарение на зголементото производство во нафтеното поле Ел Фил на југозападот на државата.

 

Послабите американски податоци исто така негативно влијаеа на цената на нафтата.

 

Американската потрошувачка порасна во мај помалку од очекуваното и ги наведе аналитичарите да ја снижат прогнозата за раст за второто тромесечје. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Колапсот на моќната американска банка ги потресе светските берзи

Објавено пред

Минатата недела на светските берзи е забележан голем пад на цените на акциите, бидејќи поради високата инфлација централните банки ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки.

dobivaj vesti na viber

Волстрит беше потресен и од колапсот на банката во Силиконската долина (SVB).

На Волстрит, акциите на Dow Jones паднаа за 4,4 отсто минатата недела, на 31.909 поени, додека S&P 500 „потона“ за 4,6 отсто, на 3.861 поен, а индексот Nasdaq за 4,7 отсто, на 11.138 поени.

Во февруари овие индекси значително пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа дека американската централна банка наскоро ќе престане да ги зголемува каматните стапки и дека конечната каматна стапка, која ќе го прекине циклусот на затегнување на монетарната политика, ќе остане под нивото од пет проценти. Но, последниве недели индексите изгубија најголем дел од тие добивки бидејќи се појасно е дека ова сценарио нема да се оствари.

Серијата неодамнешни податоци покажуваат дека побарувачката на пазарот на трудот е сè уште силна, па може да се очекува раст на платите и трошоците, што значи дека американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки. Претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, оваа недела изјави дека централната банка е подготвена да преземе повеќе чекори доколку идните економски податоци покажат дека се потребни построги мерки за ограничување на инфлацијата.

Ова предизвика страв кај инвеститорите дека централната банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,50 процентни поени на мартовската сесија, додека неодамна се очекуваше зголемување од 0,25 поени. Затоа сега на пазарот на пари се проценува дека до септември каматните стапки ќе бидат зголемени во интервал од 5,50 до 5,75 отсто, додека сега каматните стапки се движат меѓу 4,50 и 4,75 отсто.

Негативно влијание на Волстрит имаше и колапсот на банката на Силиконската долина (SVB), најголемиот банкрот на американска банка од финансиската криза во 2008 година. Таа банка, која со години го финансираше технолошкиот сектор, беше под притисок бидејќи многу стартап компании почнаа да повлекуваат депозити. За да го собере капиталот, банката прво неодамна продаде постоечки обврзници, но со голема загуба, а потоа во средата објави план за продажба на нови акции за да собере 2,25 милијарди долари свеж капитал.

Но, тоа предизвика паника кај граѓаните и претприемачите, кои само во четвртокот повлекоа 42 милијарди долари депозити од банката, па банката денот го заврши со негативно готовинско салдо од речиси милијарда долари. Како резултат на тоа, регулаторот ја затвори банката во петокот и ја презеде контролата врз преостанатите депозити. И на европските берзи цените на акциите паднаа минатата недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Клековски: Не сум виновен за хаосот што го остави СДСМ, нема да поднесам оставка

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Сашо Клековски, вечерва изјави дека нема да поднесе оставка на барањето на СДСМ,...

Македонија13 часа

Хаос на скопскиот аеродром, авиони се враќаат, маглата ги блокира летовите

Попладнево, поради густа магла, повторно се соочуваме со пореметувања на авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје. Неколку летови се откажани, а...

Топ15 часа

(Фото) Уапсени двајца полицајци во Битола, кај нив се најдени тајни документи, оружје и 20.000 евра

Полицајци од СВР Битола, Б.Б. (чиј дом беше претресен) и Љ.К. (кој направил проверки за министерот Панче Тошковски), се уапсени...

Топ16 часа

76-годишен затвореник пронајден мртов во ќелија во Идризово

76-годишниот осуденик Б.Р. од Скопје бил пронајден починат во затворот Идризово. Вчера околу 18:22 часот во СВР Скопје од страна...

Свет17 часа

Трамп издаде итна наредба за две работи, веднаш стапуваат на сила

Министерството за внатрешни работи на САД соопшти дека Мексиканскиот Залив е официјално преименуван во Американскиот Залив, додека планината Денали сега...

Македонија18 часа

Лефков бара одговорност за мафијата на смртта предводена од Филипче

Пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од владејачката коалиција, остро го критикува поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, за...

Скопје19 часа

(Фото) Изгоре автобус на ЈСП во Сопиште, патниците се спасиле во последен момент

Еден од украинските автобуси на Јавното Сообраќајно Претпријатие (ЈСП) со број 58 се запалил денеска во Општина Сопиште. Според сведочењата...

Топ20 часа

Скандал во охридската болница, ја тепала колешката пред пациенти

Во Општата болница во Охрид вчера се случи несекојдневен инцидент што ја вознемири јавноста. Околу 13:25 часот, полицијата добила пријава...

Економија21 час

„Стандард и Пурс“ потврди, кредитниот рејтинг на Македонија задржан со стабилни изгледи

Македонија доби потврда од кредитната агенција „Стандард и Пурс“, задржувајќи го кредитниот рејтинг ББ- со стабилни изгледи. Овој позитивен извештај...

Свет23 часа

Ескорт дама открива што велат ултрабогатите зад затворени врати во Давос

Една елитна ескорт дама откри што се случува зад затворени врати во Давос за време на Светскиот економски форум, вклучувајќи...

Македонија23 часа

15-годишник возел автомобил полн со оружје, таткото заработи кривична пријава

Оружје било пронајдено во автомобил што го управувал малолетник кој овој месец наполнил 15 години, откако било запрен од полицијата...

Свет24 часа

(Видео) Семејно насилство, алкохол и котроверзии! Пит Хегсет е новиот министер за одбрана на САД

Пит Хегсет е избран за министер за одбрана на САД со тесно мнозинство, откако Сенатот не успеа да донесе конечна...

Македонија1 ден

Магла наутро, сонце попладне, УХМР открива што нè очекува следните денови

Времето денеска во Македонија ќе биде претпладне магловито по одделни котлини, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време...

Топ2 дена

Еден загинат во сообраќајна незгода кај Крива Паланка: возилото излетало од пат и се превртело

Едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, кога автомобилот „фолксваген голф“ излетал...

Европа2 дена

Путин: Најдобро би било јас и Трамп да се сретнеме

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тој и Доналд Трамп треба да се сретнат за да разговараат за војната во...

Свет2 дена

Хамас ги објави имињата на четирите заложнички кои ќе бидат ослободени викендов

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека Израел од посредник добил листа на затвореници кои Хамас ќе ги ослободи...

Македонија2 дена

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, утре максималната температура од 8 до 16 степени

Утре претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена...

Македонија2 дена

Спорната пратка за Хрватска содржи свеж кељ а не зелка, и во истата нема пестициди, велат од Државниот инспекторат за земјоделство

Државниот инспекторат за земјоделство излезе со соопштение по добивањето на известувањето од системот за брзо известување на ЕУ (RASAFF –...

Македонија2 дена

Мицкоски: Македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека главните цели не се реализираат, а тоа е полноправно членство во ЕУ

„Не знам каде се препознале. Дали можеби имаат гризење на совеста, па работи потсвеста, Фројд е чудна работа. Но, јас...

Македонија2 дена

МВР за уапсените за тероризам: Планирале напади врз јавни објекти во Македонија

Четворица терористи, со идеологија на ИСИС, беа уапсени во Македонија, а од МВР информираа дека планирале напади. За првопријавениот постојат...