Контакт

Берзи

Цената на нафтата најниска во 11 години

Објавено пред

На лондонскиот пазар цената на барелот од нафтата Brent во понеделникот утрото падна на најниското ниво од 2004 година, симнувајќи се под 36,2 долари, поради загриженоста на инвеститорите од преголемата понуда, додека побарувачката слабее поради забавувањето на растот на глобалната економија.

dobivaj vesti na viber

Откако минатата седмица падна за околу 2,5 отсто, во понеделникот утрото на лондонскиот пазар цената на барелот нафта од марката Brent за испораките во февруари се лизна за дополнителни 1,21 отсто, до 36.21 долар за барел, а потоа и за вкупни 2 отсто, под 36,18 долари за барел, што е нејзино најниско ниво од јули 2004 година, кога изнесуваше 36,2 долари за барел. Тоа беше и нејзината најниска цена на врвот од глобалната финансиска криза во 2008 година. Цената на барелот за испораките во јануари сировата нафта од типот WTI, пак, се намалија за дополнителни 0,98 отсто, на 35,70 долари. На американскиот пазар, барелот, подоцна во понеделникот утрото поевтини за 30-ина центи, на 34,40 долари.И на лондонскиот и на американскиот пазар цените на нафтата паднаа за повеќе од две третини од половината на 2014 година, кога се движеа над 100 долари, и кога започна трендот на падот на цените.Падот на цените на нафтата, според аналитичарите, е последица на слабостите на побарувачката поради забавувањето на глобалната економија, во прв ред кинеската, која е најголемиот светски потрошувач на сировини. Од друга страна, производството и натаму е високо, бидејќи најголемите светски производители не успеваат да се договорат за намалување на производството како би ги поткрепиле цените. Покрај тоа, цените на нафтата  се под притисок и на високиот курс на доларот, откако минатата седмица американската централна банка Federal Reserve (Fed) првпат од 2006 година ги зголеми клучните каматни стапки.Притисокот на пазарот на нафта продолжува по одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) од 4-ти декември, да не ги менува квотите за производството на нафта, кои изнесуваат 30 милиони барели дневно, при што се одлучи да го одржи нивото на фактичкото производство, кое ја надминува квотата од 1,5 милиони барели.„Не постојат значајни знаци на раст на побарувачката, и не видовме никакви значителни намалувања на производството. Ништо не се измени на пазарите на нафтата последните неколку месеци, освен цените“, коментираше за Bloomberg Рик Спунер, главен аналитичар на пазарите во CMC Markets во Синдеј.Врз негативната динамика влијаат и податоците од извештајот на Меѓународната агенција за енергија (IEA), според кои на пазарите се очекувал раст на побарувачката д 1,8 милиони барели нафта дневно, а во 2016 година на 1,2 милиони барели дневно. Во својот извештај, агенцијата, исто така, истакнува дека вишокот сировини на светскиот нафтен пазар ќе се чувствува до крајот на 2016 година.Извештаите на американската нафтена услужна компанија „Baker Hughes“ за динамиката на новите бушотини за минатата седмица заклучно со 18-ти декември, исто така, доведе до намалување на цената на „црното злато“. Бројот бушотини во САД на крајот од работната седмица не беше променет и изнесуваше 709 единици. На годишно ниво, оваа бројка падна за 1.166 единици, или за 62,1 отсто. Притоа, бројот на нафтени постројки се зголемил за 17 единици, или за 3,24 отсто, до 541 постројка. /крај/мф/сн

Извор: Reuters/Bloomberg



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа51 минута

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздух

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија1 час

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил...

Свет2 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет2 часа

(Видео) Преживеан од Холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет3 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како „очигледно убиство“ откако две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија17 часа

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија19 часа

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија21 час

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија21 час

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ23 часа

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија23 часа

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...

Свет1 ден

(Видео) Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

Најмалку две лица се убиени, а девет се повредени во вооружен напад што се случи во саботата попладне на кампусот...

Забава2 дена

(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“

Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место,...

Македонија2 дена

Ахмети од протестот на плоштадот „Скендербег“: Процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се обрати на протестот што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, организиран во...

Македонија2 дена

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија. Како што...

Македонија2 дена

(Видео) Жената во Гостиварско била застрелана пред да биде закопана во дупка, покажа обдукцијата

Завршена е обдукцијата на 53-годишната жена која беше пронајдена почината во атарот на гостиварското село Неготино. Според првичниот наод, таа...

Македонија2 дена

Македонија воздржана за резолуцијата на ОН за обврските на Израел

Македонија гласаше воздржано на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации за резолуцијата што се однесува на обврските на Израел...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се претставува како противник на мигрантите, а во 2018 туркал камп во Бардовци

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека јавно настапува како противник на мигрантите, додека за време на...

Македонија2 дена

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Собранието, а не општините, мора да одлучува за прашањето со мигрантите, соопшти денеска СДСМ, оценувајќи дека премиерот Христијан Мицкоски со...