Контакт

Берзи

Цената на нафтата ослабна поради солидната понуда

Објавено пред

Цената на нафтата ослабна во четвртокот на светските берзи при зголемено производство од страна на членките на Организацијата на држави извознички на нафта (OPEC) и послабата од очекувана побарувачка од САД.

 

 

На лондонската берза цената на барел нафта се спушти за 40 центи во однос на вчерашното затворање, на 106,11 долари за барел. Цената на нафтата на лондонскиот пазар во јули се намали за над пет отсто и е на пад да оствари најголем месечен минус од април 2013 година.

 

На американската берза барелот поевтини 75 центи, на 99,52 долари и е на пат да забележи 5,6-отстотен пад во јули, најмногу од минатиот октомври.

 

Членките на OPEC го зголемија производството во јули во донос на претходниот месец, иако нафтените пазари беа загрижени дека немирите во Африка и на Блискиот исток би можеле да го намалат снабдувањето со нафта, покажа извештајот на Reuters.

 

Падот на цената на нафтата јасно покажа дека снабдувањето е добро“, вели Ханс ван Клиф од ABN Amro.

 

Во меѓувреме американската влада објави дека залихите на бензин и деривати пораснале, а истовремено залихите на сирова нафта забележале поголем пад од очекуваното.

 

Падот на цената на нафтата уследи по претходниот скок на највисоко ниво во последните неколку месеци поради политичката напнатост на Блискиот исток, Африка и Европа. Трговците следат во колкава мера ќе влијаат санкциите против Русија на извозот на руска нафта.

 

„Русија има потреба од силни странски инвестиции во својот енергетски сектор за да може да го одржи, односно да го зголеми производството на нафта и гас на подолг период“, рече Ван Клиф.

 

OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел нејзина нафта вчера изнесувала 105,21 долари, односно 23 отсто помалку во споредба со претходниот ден. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

Еврото ослабе во однос на доларот

Објавено пред

Еврото падна во однос на доларот на меѓународните пазари, со оглед на тоа дека продажбата на акциите на европските пазари ја зајакна побарувачката за јенот и франкот.

Еврото падна 0,2 отсто, на 1,1429 долар ова утро. Во претходното тргување неговата цена се зголеми на 1,1472 долар, што е највисоко ниво за две недели.

Инвеститорите ги загрижува развојот на ситуацијата во кинеско-американскиот трговски план, преговорите за брегзитот и продажбата на акциите на американскиот пазар.

Поради стравувањата од забавување на кинеската економија, утринава под притисок се најде и австралискиот долар, кој исто така беше ослабен во однос на американскиот долар. Јенот зајакна спрема доларот 0,2 отсто, па доларот се продаваше за 112,33 јени. Цената на франкот се зголеми 0,3 отсто во однос на еврото, кое се тргуваше за 1,1344 франк.

Прикажи повеќе...

Берзи

Европските берзи бележат драстичен пад

Објавено пред

Тргувањето на европските берзи утринава почна со драстичен пад на најважните индекси под влијание на острите корекции на цената на нафтата и одлуката на италијанската влада да го игнорира барањето на Европската комисија да го ревидира својот буџетски предлог за в година.

Цените на нафтените компании се намалија во просек 1,9 отсто, а на рударските компании 2,1 отсто.

Трговците ги следат трендовите на пазарите на нафта по вчерашното намалување на цените на американскиот пазар повеќе од 7 отсто, што е најголема дневна загуба во последните две и пол години. Утрово се намали уште 0,5 проценти, на 55,40 долари, што е најниското ниво во една година.

На лондонскиот пазар цените за барел, по вчерашното опаѓање од 6,8 отсто, ова утро се намалија 0,2 отсто, на 65,35 долари, блиску до најниското ниво за осум месеци.

Прикажи повеќе...

Берзи

Максимално јакнење на доларот во последните десет недели

Објавено пред

Вредноста на доларот достигна 10-неделен максимум во петокот, додека инвеститорите очекуваа да видат дали податоците за економскиот раст ќе доведат до прекин на едномесечното зајакнување на националната валута.

Шпекулациите дека американските каматни стапки следната година ќе бидат зголемени поагресивно од очекуваното ќе влијаат на зајакнувањето на доларот во однос на еврото.

Федералните резерви се очекува да ги зголемат каматните стапки за 25 базични поени во декември.

Индексот на доларот се зголеми за 0,1 отсто во споредба со кошницата на валутите, на 96,749 поени, што е највисоко ниво од 16 септември.

Еврото, пак, падна на 10-неделен минимум од 1.135 долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија2 часа

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Економија3 часа

Игротеките бараат поддршка и протоколи за почеток со работа

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и...

Свет3 часа

Претреси во Ватикан поради сомнеж за корупција

Ватиканската полиција изврши претрес во одделението задолжено за одржување и реставрација на базиликата Свети Петар и заплени документи и компјутери...

Македонија4 часа

Ременски бара обвинителката Русковска да биде изземена од судењето за „Меѓународен сојуз“

Фросина Ременски, третообвинета во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, бара да се изземе обвинителката Вилма Русковска од...

Македонија5 часа

Лицата со Ковид-19, во самоизолација и хронично болните можат да се пријавуваат за гласање за изборите

Почнува пријавувањето до општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за...

Македонија5 часа

Бројот на починати од коронавирус во земјава надмина 300, границите на ЕУ остануваат затворени за македонските граѓани

Земјата со недели се соочува со троцифрени бројки на новозаразени од Ковид-19 на дневна основа, а бројот на починати од...

Свет6 часа

САД ги купија сите залихи на ремдесивир

Сите залихи на лекот ремдесивир, кој е еден од ретките што покажаа позитивни резултати во лекувањето на коронавирусот, се откупени...

Македонија6 часа

Повторно летови од аеродромите во Скопје и во Охрид

Двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, од денеска се отвораат за патници, но со строго почитување на протоколите. Заштитните...

Македонија6 часа

Снимател од МРТ ја загуби битката со коронавирусот

Синоќа од коронавирус почина долгогодишниот снимател во албанската редакција на Македонската радио- телевизија, Шенол Ахмети. Неговите колеги на социјалните мрежи...

Забава8 часа

(Видео) Италијански нуркачи два часа спасувале кит заплеткан во нелегални рибарски мрежи

Припадниците на италијанската крајбрежна стража и нуркачите успеале да го ослободат китот што се заплеткал во рибарските мрежи во близина...

Македонија15 часа

Филипче за инцидентот во „8 Септември“: Ова е чин на непочитување на здравствените работници кои се борат за секој човечки живот

Вечерва во Градската општа болница „8 Септември“, докторка беше нападната од семејство на пациентка која по неколку дена болничко лекување...

Топ17 часа

Шестмина приведени поради закани кон докторка во Ковид-центарот во „8 Септември“

Шестмина се приведени вечерва поради закани кон докторка во Ковид-центарот во болницата „8 Септември“ во Скопје. Меѓу нив е и...

Македонија18 часа

Милошоски хоспитализиран на Инфективната клиника поради висока температура

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски е примен на Инфективната клиника откако неколку дена имал покачена телесна температура, иако...

Регион20 часа

(Видео) Група лекари ѝ свртеа грб на Брнабиќ во знак на протест во Нови Пазар

Група лекари и медицински персонал во општата болница во Нови Пазар им завртеа грб на српската премиерка Ана Брнабиќ и...

Спорт21 час

Чистка во Олимпијакос, четворица Американци отпуштени во ист ден!

Грчкиот кошаркарски клуб, Олимпијакос одлучи да ослободи од обврските четири американски кошаркари, во ист ден. Тоа е уште една потврда...

Македонија21 час

За три пати се зголемува опфатот на граѓани за вакцинирање од сезонски грип

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата и го усвои Акцискиот план за проектот „Бесплатна вакцинација против...

Македонија21 час

Укината забраната – спортски натпревари ќе има, но без публика

На денешната седница Владата донесе одлука за престанок на важењето на забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови. Како...

Македонија22 часа

ЕУ ќе ги отвори границите за 15 земји, но не и за Македонија

Европската Унија објави список на 15 земји чии жители се сметаат за безбедни и ќе им биде дозволен влез во...

Македонија23 часа

Регистрирани 126 случаи на коронавирус во земјава, оздравени се 48 пациенти, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на...

Досие