Контакт

Берзи

Цената на нафтата под 90 долари

Објавено пред

Цената на нафтата падна во петокот на меѓународните пазари под 90 долари за барел, притисната од економските вести и внатрешната ценовна војна во Организацијата на држави-извознички на нафта (OPEC).

dobivaj vesti na viber

 

 

На лондонската берза цената на барлеот падна 60 центи во однос на вчерашното затворање, на 89,45 долари, а накратко се спушти и  на 88,11 долари, најниско ниво од декември 2010 година. На американската берза со барелот се тргуваше по 1,20 долари пониска цена, од 84,57 долари, а накратко се спушти и на најниско ниво од јули 2012 година, од 83,59 центи.

 

Во фокус на берзите се најде загриженоста за екоомскиот раст откако два извора во германската владејачка коалиција денеска рекоа дека Берлин ќе ги снижи прогнозите за раст во 2014 и 2015 година. Со тоа е зајакнат негативниот одек на вчерашната вест за силен пад на германскиот извоз во август.

 

Податоците од Кина исто така сигнализираа забавувавање и се очекува дополнително слабеење на растот на кинескиот увоз, инвестиции и промет во малопродажбата во септември. Соодветните извештаи ќе бидат објавени наредната недела.

 

Во таков амбиент цената на нафтата вчера на американските пазари падна речиси два долара, што поттикна очекувања за интервенција на OPEC. Интервенцијата изостана поради ценовната војна помеѓу нејзините членки.

 

Иран ја снижи официјалната продажна цена на нафтата, близу најнико ниво за шест години.

 

„Сите членки преку официјалните продажни цени се борат за пазарен удел“, толкува Оливие Јакоб од швајцарски Petromatrix.

 

Карстен Фрич од Commerzbank оцени дека снижувањето е „катастрофален сигнал“, а аналитичарите напоменуваат дека иранскиот пример би можеле да го следат и другите членки на OPEC.

 

„Цената на нафтата веројатно ќе продолжи да паѓа се додека OPEC не рече доста“, проценува Фрич.

 

Континуираниот надолен тренд на цената ја поттикна инвестициската банка Barclays да ја снижи прогнозата на ценаа на барелот за четввртиот квартал, на 93 долари на лоноднската берза, од претходно прогнозираните 106 долари. Прогнозата на цената на барелот на американските берзи исто така е снижена, на 85 долари, од претходно проценетите 98 долари. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

ВМРО-ДПМНЕ до Бујар Османи: Единствениот свет во кој е ДУИ е светот на корупцијата

Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече? Дали станува збор за внатрепартиски договор,...

Македонија38 минути

СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат?

Додека јавноста реагира за скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски кој дивееше по скопските улици а беше ослободен од...

Свет1 час

Победа на либералите во Канада

Канадската Либерална партија, предводена од премиерот Марк Карни, е на добар пат да победи на федералните избори, велат канадските медиуми,...

Свет2 часа

Шпанија и Португалија повторно имаат струја

Елекетричната енергија е обновена речиси целосно низ Шпанија и Португалија по вчерашниот масовен прекин што предизвика хаос во двете земји....

Македонија2 часа

„Марш за ангелите“ – семејствата на жртвите во пожарот во Кочани на протест во Скопје

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за денеска најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје. „Ние заслужуваме одговори,...

Свет13 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба по прекинот на електричната енергија

Шпанското Министерство за внатрешни работи прогласи вонредна состојба во земјата по денешниот прекин на електричната енергија. Шпанскиот оператор за електрична...

Македонија15 часа

Гаши засега ќе се воздржи од коментари за претседателката на Антикорупциска

Во врска со актуелните настани поврзани со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, од кабинетот на...

Свет17 часа

Прекинот на електричната енергија во Португалија и Шпанија предизвикан од редок атмосферски феномен

Португалскиот оператор на електричната мрежа – РЕН објави дека прекинот на електричната енергија што ги погоди Португалија и Шпанија е...

Македонија19 часа

Обвинителството ги кани на средба семејствата на жртвите од Кочани пред протестот најавен за утре

Јавното обвинителство кани на средба претставници на семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ кои би сакале подетално да се...

Македонија19 часа

Палевски вели дека не се пријавил во полицијата во Баликесир оти секако ќе го нашле, се видел на сите вести во пицеријата додека пиел еспресо

Обвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Љупчо Палевски, во судот одговараше на прашањата на обвинителите. Тој беше прашан зошто...

Свет21 час

Путин најавува тридневно примирје

Рускиот претседател Владимир Путин објави таканаречен хуманитарен прекин на огнот од 8 мај до полноќ на 11 мај по повод...

Македонија21 час

(Видео) Кузеска: Нов скандал, братот на градоначалникот Стефковски лета по улиците, за него не важат законите

Денеска објавуваме нов скандал. Граѓаните ќе видат она што одамна го знаат: функционерите на власта прават што сакаат, без никаква...

Македонија22 часа

„Заслужуваме одговори“: семејствата на жртвите од пожарот во Кочани утре на протетстен марш во главниот град

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за утре, 29 април, најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје. „Ние...

Македонија23 часа

Двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против две лица, кои како...

Свет1 ден

Подготовките за избор на нов папа се во тек: исходот неизвесен од кога било досега

Подготовките за избор на нов папа се во тек, а исходот е понеизвесен од кога било, со оглед на тоа...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски е подготвен да ѝ го препушти Крим на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти неговиот украински колега Володимир Зеленски е подготвен да го отстапи Крим на...

Свет1 ден

(Видео) Судир меѓу брод и ферибот на Флорида: едно лице загина, неколку повредени

Едно лице загина, а неколку други се повредени откако рекреативен брод се судри со ферибот што превезувал 45 лица во...

Свет1 ден

(Видео) 30-годишниот маж, кој газеше луѓе на канадски фестивал, обвинет за убиство

Триесетгодишен маж е обвинет по осум точки за убиство од втор степен, откако со автомобилот се забил во толпа луѓе...

Свет1 ден

САД предупредуваат: Вмешаноста на Пјонгјанг во војната мора да престане

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е загрижен поради директното вклучување на Северна Кореја во војната на Русија во Украина и...

Свет1 ден

Северна Кореја потврди: Нашите војници се борат за Русија во војната против Украина

Северна Кореја за прв пат потврди дека испратила војници да се борат за Русија во војната со Украина по наредба...