Контакт

Берзи

Цената на нафтата се спушти под 59 долари

Објавено пред

Цената на барел нафта се спушти во средата на меѓународните берзи под 59 долари, откако големите производители сигнализираа дека ќе се задржи производството на досегашното ниво и покрај прекумерното снабдување и намалената побарувачка.

dobivaj vesti na viber

 

 

На лондонската берза цената на барел нафта во договорите за испораки ви февруари се намали за 1,20 долари, во однос на претходното затворање, на 58,81 долар. На американската берза со баелот се тргуваше по 1,70 долари пониска цена, од 54,23 долари. Во вторникот накратко потонаа на најниско ниво од мај 2009 година, од 53,60 долари.

 

Членките на OPEC во регионот на Персискито залив порачаа дека се подготвени да почекаат и една година за да се стабилизира пазарот, покопувајќи ги надежите дека картелот сепак би можел да интервенира за да се сопре падот на цените. Кон крајот на ноември го задржаа производниот плафон на 30 милиони барели дневно, и покрај повиците на одделни членки да тој треба да се спушти за да се сопре падот на цените.

 

Во изминатите шест месеци цената на нафтата речиси е преполовена при зголемување на американското производство на висококвалитетна нафта од шкрилци кое ја надмина побарувачката.

 

„Секој ден некоја членка од OPEC од регионот на Персискиот залив настојува со вербални интервенции да ги спушти цените“, констатира Оливие Јакоб од Petromatrix. „ OPEC се обидува да ги исфрли до трка американските производители на нафта“, тврди Јакоб.

 

Рускиот министер за енергетика Александар Новак одвоено порача дека Москва нема да го намалува производството наредната година и покрај засилениот притисок врз државните финансии и сигнализите за се поголеми проблеми во економијата.

 

Остриот пад на цената на нафтата тешко ја погодува рубљата поради што руската централна банка започна да продава дел од девизното портфолио во вкупна вредност од седум милијарди долари за да сопре колапс на домашната валута.

 

Неодамна Меѓународната агенција за енергетика (IEA) ја снижи прогнозата за руската побарувачка, предупредувајќи дека пониските цени на нафтата нема значително да ги намалат потенцијалните приходи од извозот во државите нето-извознички, намалувајќи го паричниот прилив и нагризувајќи ја побарувачката.

 

 

Проблемите во Русија ја разнишаа и Европа, загрозувајќи го ионака кревкиот економски раст со оглед дека многу европски компании се силно присутни на големиот руски пазар.

 

Во таква ситуација дополнително е разнишана и европската побарувачка за енергија.

Тмурните изгледи за побарувачката ги потврдуваат и извештаите од Американскиот институт за нафта (API), кои покажуваат раст на залихите на сирова нафта во САД во минатата недела за 1,9 милиони барели, наспроти очекувањата на аналитичарите дека ќе  е намали за 2,4 милиони барели.

 

OPEC одвоено на својата интернет страница објави дека цената на барел кошничка негова нафта во вторникот изнесуваше 55,91 долар, што значи дека падна за 2,01 долари во однос на претходниот трговски ден. /крај/

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

(Видео) Македонецот кој спречи терористички напад во авион: „Реагирав инстинктивно“

На летот од Лондон до Глазгов се случи инцидент, откако еден од патниците извика дека има бомба, со слогани „Смрт...

Свет10 часа

Трамп го скрати рокот: Му давам на Путин уште 10 до 12 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува претходниот рок од 50 дена што му го дал на рускиот претседател...

Регион12 часа

Пожари беснеат на Балканот: илјадници се евакуирани, гори и во близина на популарна туристичка дестинација во Албанија

Пожарникарите денес се обидуваат да изгаснат шумски пожари во три одделни покраини во Турција, Грција, во близина на туристичка дестинација...

Македонија14 часа

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред...

Македонија16 часа

Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија20 часа

Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во...

Спорт21 час

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...

Македонија21 час

Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се...

Свет22 часа

Рубио: Трамп го губи трпението со Путин, размислува за драстични мерки

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е сè повеќе фрустриран од недостатокот на напредок на Русија кон мировниот договор и сега...

Регион22 часа

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до...

Свет22 часа

САД и ЕУ постигнаа договор за царините

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа рамковен трговски договор, објавија американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија,...

Македонија1 ден

Паника во Катланово и Петровец поради голем пожар, Ангелов смирува дека нема опасност да се запали бензинската

Попладново пожар изби и помеѓу Катланово и Петровец. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва во видео-изјава...

Македонија1 ден

И војниците на АРМ ќе се вклучат во гаснење на пожарот во кривопаланечкото село Нерав

Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка...

Топ1 ден

Силувани деца на возраст од 3 и 10 години во Гостивар, мајката ги снимила и видеото го пратила на таткото

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека...

Македонија2 дена

Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор

До 13:30 часот на 27 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор,...

Македонија2 дена

Хеликоптерска акција во Штип: Полициски службеници спасија повреден војник од борбата со пожарот

Во време кога летните горештини го зголемуваат ризикот од пожари, а бројот на активни огнени жаришта се зголемува ширум државата,...

Македонија2 дена

Шумскиот пожар во Крива Паланка се шири кон куќите, екипите се на терен

Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати над 50 хектари борова шума во кривопаланечкото село Нерав, според информациите од Општина...

Uncategorized2 дена

Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се...

Регион2 дена

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките...

Македонија2 дена

Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути

Со зголемувањето на летните одмори и интензивните туристички патувања, на македонските гранични премини повторно се бележат големи гужви. Најголемиот притисок...