Контакт

Берзи

Deutsche Boerse и LSE размислуваат за отстранување на клучните пречки за спојувањето

Објавено пред

Франкфуртската берза соопшти во понеделник дека размислува за отстранување на клучните пречки за продолжување на планираното спојување со лондонскиот оператор на пазарот на акции London Stock Exchange (LSE).

dobivaj vesti na viber

Акционерите на германскиот берзански оператор Deutsche Boerse имаат рок до вторник да одлучат дали ќе ги заменат своите акции за акциите на новата компанија настаната со спојувањето.Според условите на договорот, 75 отсто од акционерите на Deutsche Boerse мора да се согласат на замена за да продолжи спојувањето.Денеска од германската компанија известија дека размислуваат за спуштање на тој праг од технички причини, за да се овозможи учество на индексните фондови. Индексните фондови претставуваат до 15 отсто од акциите на Deutsche Boerse, а технички можат да ги понудат своите акции на замена откако ќе ја прифати квалифицираниот удел на акционери.Замената на акциите трае два дена.Акционерите на London Stock Exchange Group  уште минатата недела гласале за поврзување, и покрај стравувањата дека планот би можело да го расипе британското напуштање на ЕУ. Договорено е акционерите на Deutsche Boerse да добијат 54,4 отсто од уделот во новата компанија, а акционерите на LSE 45,6 отсто.Од своја страна, германскиот економски весник Handeslblatt пишува дека двете компании размислуваат да ги преселат клириншките активности во евра во Франкфурт, по британската одлука за излез од ЕУ. Во моментот овие работи ги обавува одделот на LSE во Лондон. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Колапсот на моќната американска банка ги потресе светските берзи

Објавено пред

Минатата недела на светските берзи е забележан голем пад на цените на акциите, бидејќи поради високата инфлација централните банки ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки.

dobivaj vesti na viber

Волстрит беше потресен и од колапсот на банката во Силиконската долина (SVB).

На Волстрит, акциите на Dow Jones паднаа за 4,4 отсто минатата недела, на 31.909 поени, додека S&P 500 „потона“ за 4,6 отсто, на 3.861 поен, а индексот Nasdaq за 4,7 отсто, на 11.138 поени.

Во февруари овие индекси значително пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа дека американската централна банка наскоро ќе престане да ги зголемува каматните стапки и дека конечната каматна стапка, која ќе го прекине циклусот на затегнување на монетарната политика, ќе остане под нивото од пет проценти. Но, последниве недели индексите изгубија најголем дел од тие добивки бидејќи се појасно е дека ова сценарио нема да се оствари.

Серијата неодамнешни податоци покажуваат дека побарувачката на пазарот на трудот е сè уште силна, па може да се очекува раст на платите и трошоците, што значи дека американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки. Претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, оваа недела изјави дека централната банка е подготвена да преземе повеќе чекори доколку идните економски податоци покажат дека се потребни построги мерки за ограничување на инфлацијата.

Ова предизвика страв кај инвеститорите дека централната банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,50 процентни поени на мартовската сесија, додека неодамна се очекуваше зголемување од 0,25 поени. Затоа сега на пазарот на пари се проценува дека до септември каматните стапки ќе бидат зголемени во интервал од 5,50 до 5,75 отсто, додека сега каматните стапки се движат меѓу 4,50 и 4,75 отсто.

Негативно влијание на Волстрит имаше и колапсот на банката на Силиконската долина (SVB), најголемиот банкрот на американска банка од финансиската криза во 2008 година. Таа банка, која со години го финансираше технолошкиот сектор, беше под притисок бидејќи многу стартап компании почнаа да повлекуваат депозити. За да го собере капиталот, банката прво неодамна продаде постоечки обврзници, но со голема загуба, а потоа во средата објави план за продажба на нови акции за да собере 2,25 милијарди долари свеж капитал.

Но, тоа предизвика паника кај граѓаните и претприемачите, кои само во четвртокот повлекоа 42 милијарди долари депозити од банката, па банката денот го заврши со негативно готовинско салдо од речиси милијарда долари. Како резултат на тоа, регулаторот ја затвори банката во петокот и ја презеде контролата врз преостанатите депозити. И на европските берзи цените на акциите паднаа минатата недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и за уште девет лица

Кривичниот суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и уште девет...

Македонија1 час

Изгубени странски туристи безбедно извлечени преку езерото „Матка“

Вчера, на крајот од денот, по стемнувањето, на 112 во ЦУК е добиена пријава од странски државјани (турски), туристи, кои...

Регион2 часа

(Видео) Пожар во дом за стари лица во Србија, осум загинати, неколку повредени

Осум лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утрово околу 4 часот и 30 минути избувна во дом...

Свет2 часа

Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Во затвор беше страшно“

Околу 90 палестински затвореници се ослободени во замена за тројца израелски заложници кои Хамас му ги предаде на Израел како...

Свет3 часа

Трамп веќе работи на закажување разговор со Путин

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп им наложи на своите соработници да договорат телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во...

Свет3 часа

Уште колку заложници останаа во Газа: израелските власти веруваат дека само 60 од нив се уште се живи

Три израелски жени кои Хамас ги држеше како заложници во Газа се ослободени и вратени вчера во Израел, што го...

Свет3 часа

(Видео) Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера им рече на илјадниците свои приврзаници во Вашингтон дека ќе воведе строги ограничувања за...

Македонија4 часа

Магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 30 до...

Свет14 часа

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки. Тие денеска...

Спорт14 часа

Македонија ја победи Гвинеја, носи еден бод во главната фаза

Фото/ facebook.com/rfmofficial Македонија не импресионира со играта но ја опрвада фавористската улога и ја совлада Гвинеја со 29:20 (14:10). Македонија...

Македонија19 часа

Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили

Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание. Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје...

Македонија20 часа

Пари, дрога и оружје се одземени во акцијата во која беше уапсен Штекли, се бара притвор за 10 лица

Пари, дрога, возила, мобилни телефони и оружје биле одземени во полициската акција за сузбивањето на криминалната крупа во која уапсен...

Македонија22 часа

Мартин Гоџо го фати светиот крст во Охрид, Сиљановска му подари рачно изработена резба

Мартин Гоџо од Варош го фати крстот во водите на Охридското Езеро, по повод денешниот празник Водици. Мартин го фати...

Свет23 часа

Договорот меѓу Израел и Хамас повторно го привлече вниманието кон децата заложници Кфир и Ариел Бибас

За првиот роденден на Кфир Бибас минатата година, поддржувачите ширум светот се собраа со надеж дека тој ќе се врати...

Свет24 часа

🔴 Почна примирјето во Газа

Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доаѓа нова вест – договорениот прекин на огнот штотуку стапи во сила. Договорот...

Свет1 ден

Хамас ги објави имињата на тројцата заложници кои треба денес да бидат ослободени

Хамас ги соопшти имињата на тројцата израелски заложници кои први треба да бидат ослободени во текот на денот, се вели...

Свет1 ден

Трамп пристигна во Вашингтон

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вечерта пристигна во Вашингтон на почетокот на прославите за неговото враќање на власт, два...

Свет1 ден

Израел продолжи со напади во Газа, Хамас не доставил список на заложниците поради „технички проблеми“

Израелската армија денеска, по истекот на рокот за почеток на примирјето во Газа, напаѓа во северниот и јужниот дел на...

Свет1 ден

„Тик-ток“ не е достапен во САД

Кинескиот „Тик-ток“ не е во функција за корисниците во САД, пренесоа светските агенции. Апликацијата повеќе не е достапна на Apple...

Македонија1 ден

Православните верници го слават Богојавление – Водици, над 220 граѓани ќе се обидат да го фатат крстот во Вардар

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление, а централните манифестации, традиоционално ќе се одржат во Скопје и Охрид со осветување...