Контакт

Берзи

Еуфорија на македонската берза

Објавено пред

Четврти трговски ден во серија како индексот МБИ10 расте. Во средата порасна за 1,41 отсто и моментално изнесува 2.179,79 индексни поени.

dobivaj vesti na viber

 

Прометот изнесуваше 13,8 милиони денари, а се реализираа 123 трансакции. Се тргуваше со 20 хартии од вредност од кои 16 ја зголемија вредноста, две ја намалија и две хартии останаа без промена на цената.

Убедливо најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка со промет од 5 милиони денари и истргувани 1.807 лотови по цена од 2.818,15 денари. По неа според прометот следеа акциита на Алкалоид (1,7 милиони денари), НЛБ банка (1,5 милиони) и приоритетните акции на Скопски пазар (1,07 милиони)

Најголем поединечен пораст на цената остварија приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје (19,97%), обичните акции на Хотели Метропол (14,94%), Аутомакедонија (10,74%), Стопанска банка АД Скопје (9,94%), Уни банка (9,92%), РЖ Услуги (9,73%), Макстил (8,12%)…/крај/мф/кн

nlb_tabela_20161116
.

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Венецуелски ловци прелетаа над американскиот разорувач: „Исклучително провокативно“

Два венецуелски борбени авиони Ф-16 прелетаа над американскиот разорувач со водени ракети УСС Џејсон Данам во јужниот дел на Карипското...

Европа26 минути

26 земји се согласија да испратат војници во Украина; Русија: Не може

Странските воени контингенти не можат да обезбедуваат сигурносни гаранции за Украина и треба да се заврши многу работа пред да...

Свет45 минути

Судот ја отфрли жалбата на Трамп: пасошите за небинарни лица ќе продолжат да се издаваат

Апелацискиот суд на САД денес ја потврди пресудата на понискиот суд со која ѝ беше наредено на администрацијата на Трамп...

Свет1 час

Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер денес го погоди југоисточен Авганистан, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Земјотресот...

Свет1 час

Трамп ќе го преименува Министерството за одбрана во Министерство за војна

Американскиот претседател Доналд Трамп планира денес да потпише извршна наредба за преименување на Министерството за одбрана во „Министерство за војна“,...

Свет2 часа

Кој има посилна војска, САД или Кина: споредено низ бројки

Големата воена парада по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна му овозможи на кинескиот претседател Кси Џинпинг да...

Македонија18 часа

Алиу потврди дека Кардиохирургија не прави операции оти нема анестезиолози и најави ад хок решение: лекари од Словенија ќе ги пополнуваат празнините

Со билатерален договор за мобилност на лекари и медицински сестри меѓу Словенија и Македонија ќе се пополнуваат празнините во нашиот...

Топ18 часа

10-годишно момче нападнато во училиштен ходник од врсници, го навредувале и му се заканувале, а снимале и со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош. Според информацијата,...

Топ18 часа

Тројца пешаци удрени со автомобили за еден ден во Скопје, едниот возач побегнал

Во текот на еден ден, тројца пешаци беа удрени од автомобили на различни локации во градот. Првиот инцидент се случи...

Македонија20 часа

Пријавени осум случаи на непотребни операции на срце, ќе ги оценуваат и експерти од Словенија, Италија и Австрија

Јавна здравствена установа пријавила осум случи за извршени непотребни кардиохируршки интервенции во интерната комисија што ја формира Министерството за здравство...

Свет21 час

Бројот на жртви во несреќата во Лисабон се зголеми на 17, повредени 21 лице

Бројот на повредени во несреќата во Лисабон, кога жичницата „Глорија“ излета од шините, се искачи на 17, а 21 лице...

Македонија22 часа

Златен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика во Бугарија

На 9-тата по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2025), која од 29-ти август до 4-ти септември се одржува...

Македонија23 часа

Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство: не се појавувале на работа, а примале плата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од село Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од...

Свет1 ден

Нетанјаху ја одби посетата на Макрон на Израел по објавата дека ќе ја признаат Палестина

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли барањето на францускиот претседател Емануел Макрон да го посети Израел пред очекуваното признавање на...

Свет1 ден

Ким по средбата со Путин: Целосно ја поддржуваме Русија, тоа е наша братска должност

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе продолжи „целосно да ја поддржува“ Русија и нејзината војска како...

Европа1 ден

Захарова: Странска војска во Украина е неприфатлива, нема да разговараме за тоа

Русија не планира да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за...

Европа1 ден

(Видео) Португалија во шок по несреќата со жичницата, 15 мртви: „Се движеше со полна брзина“

Португалија е во шок бидејќи 15 лица загинаа кога жичницата „Глорија“, стара 140 години, една од главните туристички атракции во...

Македонија1 ден

(Видео) Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа на локалните избори и работи за добро на граѓаните

Вчера вечер ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутираше за состојбата во државата и растот на економијата...

Свет2 дена

Путин: Ако Зеленски е подготвен за состанок нека дојде во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи...

Свет2 дена

Калас: Во Пекинг се собра автократски сојуз кој го доведува во прашање меѓународниот поредок

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, денес изјави дека претседателите на Кина, Шји Џјингпинг, Русија, Владимир...