Контакт

Берзи

Глобалната побарувачка за злато на најниско ниво во пет години

Објавено пред

Глобалната побарувачка за злато во третиот квартал од 2104 година падна на најниското ниво во последните речиси пет години, за што особено придонесе падот на кинеската побарувачка за третина, објави во четвртокот Светскиот совет за злато (World Gold Council – WGC) во „Gold Demand Trends“, во чиј извештај се истакнува дека Индија ја истиснала Кина, повторно заземајќи ја позицијата на најголем светски потрошувач на благородниот метал.
 

dobivaj vesti na viber

Глобалната побарувачка за злато во третиот квартал од 2104 година падна на најниското ниво во последните речиси пет години, за што особено придонесе падот на кинеската побарувачка за третина, објави во четвртокот Светскиот совет за злато (World Gold Council – WGC) во „Gold Demand Trends“, во чиј извештај се истакнува дека Индија ја истиснала Кина, повторно заземајќи ја позицијата на најголем светски потрошувач на благородниот метал.

 

Вкупната побарувачка за злато во третото годинешно тримесечје е намалена за 2 отсто, на 929 тони, што е нејзиното најниско ниво од четвртиот квартал 2009 година.

Во Кина, минатогодишниот најголем светски потрошувач на златото, потрошувачката на накитот е намалена за 39 отсто, а забележан е и 30-процентен пад на вложување во златни прачки и кованици. Вкупната побарувачката паднала за 37 отсто. Индија, пак, повторно го зазема водечкото место на најголем светски потрошувач на златото, откупувајќи во изминатиот тримесечен период 225,1 тони златен накит, пари и прачки. Во Кина ваквите купувања вкупно изнесувале 182,7 тони.

Во Индија, на којашто Кина во 2011 година и’ го презема приматот за водечки купувач на злато во светот, во третиот годинешен квартал побарувачката за злато се зголемила дури за 60 отсто.

„Нашите прогнози за целата година остануваат непроменети и за Кина и за Индија. Очекуваме дека побарувачката во двете земји ќе изнесува меѓу 850 и 950 тони злато. Овие две земји остануваат многу позитивни столбови на побарувачката на злато“, вели за Reuters Алистер Хјуит, главен аналитичар во Светскиот совет за злато.

Побарувачката за злато силно порасна во текот на финансиската криза којашто избувна во 2008 година по пропаѓањето на американската инвестициска банка „Lehman Brothers“, бидејќи инвеститорите купуваа злато за да ги диверзификуваат своите портфељи и да се обидат да ги сочуваат вредностите на своите вложувања.

Побарувачката беше на врвот во 2011 година, достигнувајќи 4.702 тони, по што паѓаше, лизнувајќи се на 4.080 тони во минатата 2013 година. Ланската година цените потонаа за 28 отсто, а во 2014 година ослабеа за дополнителни 3,3 отсто. Годинава WGC очекува стабилизација на побарувачката за злато. „Очекуваме дека побарувачката за злато ќе остане горе-долу на минатогодишните нивоа, во распонот од 4.000 до 4.100 тони“, вели Хјуит. /крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Колапсот на моќната американска банка ги потресе светските берзи

Објавено пред

Минатата недела на светските берзи е забележан голем пад на цените на акциите, бидејќи поради високата инфлација централните банки ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки.

dobivaj vesti na viber

Волстрит беше потресен и од колапсот на банката во Силиконската долина (SVB).

На Волстрит, акциите на Dow Jones паднаа за 4,4 отсто минатата недела, на 31.909 поени, додека S&P 500 „потона“ за 4,6 отсто, на 3.861 поен, а индексот Nasdaq за 4,7 отсто, на 11.138 поени.

Во февруари овие индекси значително пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа дека американската централна банка наскоро ќе престане да ги зголемува каматните стапки и дека конечната каматна стапка, која ќе го прекине циклусот на затегнување на монетарната политика, ќе остане под нивото од пет проценти. Но, последниве недели индексите изгубија најголем дел од тие добивки бидејќи се појасно е дека ова сценарио нема да се оствари.

Серијата неодамнешни податоци покажуваат дека побарувачката на пазарот на трудот е сè уште силна, па може да се очекува раст на платите и трошоците, што значи дека американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки. Претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, оваа недела изјави дека централната банка е подготвена да преземе повеќе чекори доколку идните економски податоци покажат дека се потребни построги мерки за ограничување на инфлацијата.

Ова предизвика страв кај инвеститорите дека централната банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,50 процентни поени на мартовската сесија, додека неодамна се очекуваше зголемување од 0,25 поени. Затоа сега на пазарот на пари се проценува дека до септември каматните стапки ќе бидат зголемени во интервал од 5,50 до 5,75 отсто, додека сега каматните стапки се движат меѓу 4,50 и 4,75 отсто.

Негативно влијание на Волстрит имаше и колапсот на банката на Силиконската долина (SVB), најголемиот банкрот на американска банка од финансиската криза во 2008 година. Таа банка, која со години го финансираше технолошкиот сектор, беше под притисок бидејќи многу стартап компании почнаа да повлекуваат депозити. За да го собере капиталот, банката прво неодамна продаде постоечки обврзници, но со голема загуба, а потоа во средата објави план за продажба на нови акции за да собере 2,25 милијарди долари свеж капитал.

Но, тоа предизвика паника кај граѓаните и претприемачите, кои само во четвртокот повлекоа 42 милијарди долари депозити од банката, па банката денот го заврши со негативно готовинско салдо од речиси милијарда долари. Како резултат на тоа, регулаторот ја затвори банката во петокот и ја презеде контролата врз преостанатите депозити. И на европските берзи цените на акциите паднаа минатата недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

Скопјанка го пријавила роднината за полово вознемирување врз малолетната ќерка: ја соблекувал и допирал по телото и се самозадоволувал пред неа

Вчера во Полициската станица Карпош, жена од скопско пријавила дека во текот на 2020 година нивниот роднина Б.М.(24) полово ја...

Македонија6 часа

Спречен обид за нелегална трговија со марихуана и лекови

На граничен премин Блаце царинските службеници спречија обид за нелегална трговија на опојна дрога, марихуана. Притоа, запленети се 36,4 килограми...

Топ7 часа

Уапсен маж од Косово, се сомничи дека подметнал пожар во Општина Тетово

Вчера, во 20.15 часот, на улицата Маршал Тито во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот...

Македонија7 часа

(Видео) Владата на СДС и ДУИ ја заглави „Национални шуми“, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци, вели Петрушевски

„Владата на СДС и ДУИ ги има заглавено Национални шуми. Според Извештајот на ДЗР нема воспоставен попис на побарувања по...

Свет7 часа

(Видео) Метеоролог се расплака додека ја објаснуваше големината на ураганот Милтон: Ова, едноставно, е страшно

Ураганот Милтон бргу зајакна до категоријата пет додека се движи кон брегот на Мексиканскиот Залив во САД, објави американскиот Национален...

Македонија8 часа

Очекувавме дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе праша за одземеното оружје од југословенската армија на средбата со српскиот премиер, вели партијата на Љубчо Георгиевски

„ВМРО-Народна партија беше во очекување и голема надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ која демонстрира достоинствена политика на исправена кичма...

Македонија9 часа

Ниски цени и недоволна транспарентност при продажба на државно градежно земјиште, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Недоволна транспарентност и ниски цени при продажбата на државно градежно земјиште“ кое открива...

Регион10 часа

(Видео) Протест во Албанија, луѓето фрлаа „молотови коктели“, полицијата солзавец

Вчера илјадници демонстранти излегоа на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, за да протестираат против владата. Демонстрантите го повикаа...

Економија10 часа

Министерката Димитриеска-Кочоска во Унгарија, ќе го потпише договорот за заем од 500 милиони евра

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска престојува во работна посета на Република Унгарија, каде во име на Владата ќе потпише...

Свет11 часа

(Видео) Ловците на урагани направија снимка од смртоносната бура што ѝ се заканува на Флорида

Застрашувачката снимка е објавена на мрежите, а на неа се гледаат т.н. ловци на урагани, кои летаат веднаш до разорниот...

Свет12 часа

Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги забрза чекорите за да стане нуклеарна суперсила

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе ги забрза чекорите за да стане воена суперсила со нуклеарно...

Скопје1 ден

„Ако сакате да си правите маркетинг, да си се вработите во маркетинг агенција, а не во МВР, треба да ви е срам“, порача Јакимовски и најави кривична за лажно пријавување

На денешната прес конференција, градоначалникот Јакимовски повторно го образложи проблемот со кој Општината се соочува наназад неколку дена. Тој, пред...

Топ1 ден

Штипјанка пронајде делови од човечко тело, претпоставува дека се на нејзината мајка

Вчера во 08.12 часот во СВР Штип, 55-годишната Б.К. од Штип пријавила дека на место викано „Суитлак“ во Штип пронашла...

Македонија1 ден

Арбен бегај, ослободи ги Албанците и сите други, не ги носи на душа, велат од ДУИ за смртта на 14-месечното дете

Од почетокот на работата на оваа Влада, ние како ДУИ ги искажавме нашите забелешки и загрижености во однос на планот...

Македонија1 ден

Курти примен како обичен гостин, а Вучевиќ со највисоки почести, братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада, велат од Алијансата за Албанците

Според Алијанса за Албанците, моноетничката власт денеска ја запечати ориентацијата и односите на државата со соседните земји. „Обидот да се...

Македонија1 ден

„Мепсо“: Во голема паника ДУИ вeќе почна да ги напаѓа кадрите на Зијадин Села

Јавната набавка за хортикултурно уредување е постапка што ја распишало и ја спровело претходното раководство на АД МЕПСО и наша...

Македонија1 ден

Најдоцна во јануари Јаневска ќе го распише тендерот од половина милијарда денари за учебници по странски јазици

По најавата дека учебници по странски јазици ќе има за сите ученицни, но од следната учебна година, министерката за образование...

Македонија1 ден

Вонредни инспекции на Детската клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручна комисија, формирана од министерот за здравство, од утрово прават увид во Универзитетската клиника...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски – Вучевиќ: Во овие турбулентни времиња неопходно е да бидеме заедно

„Денес, тука во Скопје имавме значајна и искрена средба со премиерот на Република Србија, господинот Милош Вучевиќ, истакна македонскиот премиер...

Македонија1 ден

ДУИ: Бурим Латифи од МЕПСО потроши 15.000 евра за купување цвеќе

Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на Бурим Латифи кој како директор на МЕПСО реализирал тендери за...