Контакт

Берзи

На Волстрит најголем пад на цените во четири години, голем скок на ‘индексот на стравот’

Објавено пред

На Волстрит во понеделникот цените на акциите потонаа за повеќе од 3,5 отсто, што е негов најголем дневен пад во речиси последните четири години, бидејќи стравувањата од последиците од слабеењето на кинеската економија ги натера вложувачите на панично повлекување од пазарот. Силен скок забележа ткн „индекс на стравот“, а европските берзи го забележаа најголемиот дневен пад од 2008 година.

dobivaj vesti na viber

Така индексот Dow Jones се лизна за 3,57 отсто, на 15.871 поен, додека индексот S&P 500 потона за 3,94 проценти, на 1.893 поени, а индексот Nasdaq падна за 3,82 отсто, на 4.526 индексни поени.

Тоа претставува најголем дневен пад на овие индекси уште од септември 2011 година, а потоа се насочија во областа на корекцијата, 10 отсто под нивното претходно највисоко ниво. Во еден момент индексот Dow Jones потона во понеделникот за повеќе од 1.000 поени, а индексите S&P 500 и Nasdaq за повеќе од 5 отсто, бидејќи падот на цените на акциите во Кина за повеќе од 8 отсто ги натера инвеститорите на повлекување од пазарите.

И покрај најавите на кинеските власти за воведување нови мерки за стабилизација на пазарот, берзата во Шангај и натаму бележи драматични загуби. Од половината на годинава цените на кинеските акции паднаа за околу 40 отсто. Тоа е последица од стравувањата од острото забавување на растот на кинеската економија. Во вториот квартал таа порасна за 7 отсто, најбавно во последните 25 години, а вложувачите стравуваат дека во тековниот квартал растот ќе биде уште побавен, имајќи ги предвид првичните макроекономски показатели за јули и август.

„Инвеститорите во Кина ја загубија довербата во тамошната централна банка, па ситуацијата на тамошниот пазар е алармантна. Сето тоа зависи од тоа дали растот на кинеската економија значително ќе забави. Во тој случај, тоа ќе се почувствува и во САД“, вели за Reuters Брус Битлес, стратег во компанијата „Robert W. Baird & Co“.

Кинеските власти досега преземаа мерки за поттикнување на економијата, меѓутоа, се чини, тие не ги дадоа посакуваните резултати поради слабоста на домашната и надворешната побарувачка. Оттаму, инвеститорите ставуваат дека кинеските власти повторно, како пред десетина дена, ќе посегнат по девалвација на националната валута јуанот во обидот да се зголеми конкурентноста на кинеските извозни производи и така да се поттикне растот на втората по обемот светска економија.

Меѓутоа, тоа би можело да предизвика валутна војна меѓу земјите во развој, кои се обидуваат да се одбранат на ист начин, и да доведе до забавување на целокупната светска економија. Уште повеќе, што се повлекува капиталот од земјите во развој и се пренасочува кон развиените пазари.

„Ја намаливме нашата изложеност во акции во пазарите во развој, но и во некои сектори, на пример, во автомобилската индустрија бидејќи Кина е голем увозник. Во моментов на пазарите владее паника и може да се очекува продолжување на нестабилноста“, прогнозира Франсоа Савари , аналитичар во швајцарската банка „Reyl“.

Слабеењето на Кина, најголемиот светски потрошувач на сировини, предизвика остар пад на цените на сировините. Така, нафтата во понеделникот потонаа за 6 отсто, на најниското ниво во шест иполо години, додека цените на алуминиумот и бакарот, кои претставуваа своевиден барометар за побарувачката во светот, паднаа на најниските нивоа од периодот на светска финансиска криза од 2009 година. Поради тоа, на Волстрит во по неделникот остро паднаа цените на акциите во енергетскиот сектор, а на вредноста загубија сите 10 сектори од S&P 500 индексот.

Распродажбата на акциите на најголемата светска берза покажува дека инвеститорите стануваат сé понервозни, бидејќи плаќаат високи цени за акциите во периодот кога растот на заработките на компаниите е минимален, кога цените на нафтата паѓаат, кога растот на глобалната економија забавува и кога на пазарите владее неизвесност по прашањето кога американската централна банка Fed ќе го зголеми каматните стапки.

Поради тоа, вложувачите забрзано се повлекуваат од пазарите, на што укажува големиот обем на тргувањето. На американските берзи во понеделникот сопствениците ги заменија дури 14 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во август, и тоа солидно зголемен, изнесуваше 7 милијарди акции.

На стравот на инвеститорите укажува, пак, и силниот 45-процентен скока н VIX „индексот на страв“ на Чикашката берза, која во понеделникот достигна 40 поени, највисокото ниво од јануари 2009 година. Уште минатата седмица овој индекс го постигна најголемиот индексен скок во историјата, што укажува на тоа дека инвеститорите засилено ги осигуруваат своите портфељи од можното натамошно паѓање на цените на акциите.

„Доколку во вторникот ситуацијата во Кина не се смири, ни претстои уште еден грд ден во кој нема да сакате да го држите позициите кои ги заземавте денеска“, смета Ренди Фредерик, директор во компанијата „Charles Schwab“.

На европските берзи, пак, цените на акциите во понеделникот го забележаа најголемиот дневен пад од крајот на 2008 година, иако во вторникот во претпладневното тргување повратија дел од загубите. Индексот FTSEurofirst на 300-те водечки европски акции потона за 5,4 отсто, при што беа избришани околу 450 милијарди евра пазарна вредност на акциите.

Притоа лондонскиот FTSE индекс се лизна за 4,67 отсто, на 5.898 поени, додека франкфуртскиот DAX потона за 4,70 отсто, на 9.648 поени, a парискиот CAC 5,35 за отсто, на 4.383 индексни поени.

Притоа 17 од 18-те најважни европски индекси нурнаа во подрачјето на корекциите, 10 отсто од нивното претходно највисоко ниво. Германскиот DAX, кој на почетокот од 2015 година најмногу растеше и достигна рекордни нивоа, падна, пак, во областа на „мечката“, 20 отсто од своето претходно највисоко ниво./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ59 минути

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на Росица Коцева (31) од Велес, даден на 9 септември годинава, само неколку дена...

Македонија3 часа

Јас не сум од вчера во политиката, Левицата фрли гума за спасување на ДУИ со кандидатите во Струга, Гостивар и во Тетово, вели Мицкоски

Партијата Левица предложи кандидати за градоначалници во Струга, Гостивар и во Тетово само за да ги раслои анти-ДУИ гласовите во...

Македонија3 часа

Обвинителството испитува одговорност за големиот пожар во Трубарево, утре увид на терен

Утре, ќе почне увидот на самото место за причините за големиот пожар во Трубарево. Увидните екипи ќе работат под координација...

Македонија3 часа

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и...

Македонија4 часа

Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје. Според него,...

Македонија5 часа

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и на татко ѝ Киро Коцев (68) во Велес, претходно...

Македонија7 часа

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување...

Македонија7 часа

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...

Свет8 часа

Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија8 часа

„Марш за ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....

Македонија8 часа

Изгаснат тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите на „Дрисла“ и во Трубарево, активен пожарот на Кожуф

Рано утрово пред 4 часот избувна тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над „Стакларата“ на местото наречено Каменик)...

Македонија8 часа

Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево...

Свет9 часа

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе јасна позиција за да го запре Владимир Путин и да...

Македонија21 час

Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“...

Македонија21 час

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ21 час

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија22 часа

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...

Македонија23 часа

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката...

Македонија1 ден

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош,...

Топ1 ден

Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено...