Контакт

Берзи

На Волстрит S&P 500 и Dow Jones на рекордни нивоа

Објавено пред

На Волстрит во вторникот индексите S&P 500 и Dow Jones ги достигнаа нависоките нивоа во историјата, бидејќи инвеститорите се надеваат на забрзување на растот на американската економија и подобрите деловни резултати на компанијата отколку во првиот квартал од годинава, а раст забележаа и главните европски берзи.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит, пак, индексот Dow Jones зајакна за 0,66 отсто, на 18.347 поени, додека, S&P 500 порасна за 0,70 проценти, на 2.152 поени, а Nasdaq индексот за 0,69 отсто, на 5.022 индексни поени.

Рекордите на S&P 500 и Dow Jones индексите доаѓаат благодарејќи на уверувањата на вложувачите дека растот на американската економија забрзува, по забавувањето во првото тримесечје од годинава, а дека тоа ќе го потврдат и деловните резултати на компаниите.

Во анкетата на Reuters, пак, проценуваат дека и во вториот квартал заработките на компаниите од составот на индексот S&P 500 паднале, веќе четврти квартал по ред. Меѓутоа, очекуваат пад на заработката за 4,7 отсто на годишно ниво, додека во претходното тримесечје тие паднаа за 5 отсто.

Сезоната на објавувањето на кварталните деловни резултати на американските компании започна традиционално во понеделникот со извештајот на алуминиумскиот гигант „Alcoa“. Приходите и добивката на најголемиот светски производител на алуминиум паднале во однос на истиот лански период, но помалку од очекувањата на аналитичарите, па цената на „Alcoa“ скокна за 5 отсто.

„Веруваме дека заработките на компаниите и американскиот БДП во првиот квартал го достигнаа дното. Ако навистина тоа се докаже така, очекувам продолжување на растот на цените на акциите до крајот на годината“, вели Пол Земски, директор во фондот „Voya Investment Management“.

Најмногу во вторникот, за 2,2 отсто, пораснаа цените на акциите во енергетскиот сектор, најмногу благодарејќи на скокот на цените на нафтата за речиси 5 отсто.

Позитивно на пазарите влијае и уверувањето на вложувачите дека американската централна банка поради нарушувањата на пазари по одлуката Велика Британија да ја напушти Европската унија до крајот на годината нема да ги зголемува каматните стапки, додека другите најважни централни банки во светот, од кинеската и јапонската до британската и европската, наскоро би можеле дополнително да ја олабават монетарната политика.

Поради тоа, пак, приносите на обврзниците се движат на извонредно ниските ниво, што вложувачите ги насочува кон инвестициите со поголеми приноси, како што се акциите./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Трамп и Нетанјаху: Блиску сме до наоѓање земји што би можеле да ги прифатат Палестинците

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера се сретнаа во Белата куќа, каде што разговараа за напорите...

Свет59 минути

Трамп воведе нови царини: Камбоџа, Бангладеш, Србија и Босна поминаа најлошо

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе високи, единствени царини за увоз од најмалку 14 земји почнувајќи од 1...

Македонија1 час

(Видео) Арсовска: Фатен како прави див приклучок сторител беше извесен инспектор од МВР, кој во бес дека се фатени сред дело, физички ја нападна советничката Витина

„Водата е природен ресурс, не се произведува во фабрика, извира од природата. Не е до мрежата, не е до цевките,...

Свет1 час

Акциите на Тесла потонаа откако Маск најави дека ќе формира партија

Акциите на „Тесла“ паднаа за речиси 7% еден ден откако извршниот директор Илон Маск најави формирање на нова политичка партија,...

Топ7 часа

Уапсен скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вчера вечер, полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода 57-годишниот Д.Н. од Скопје...

Македонија10 часа

(Видео) „Зошто досега не се употребени хермелините“, прашува градоначалникот на Чучер Сандево, општината прогласи вонредна состојба

Општината Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите, објави градоначалникот појаснувајќи дека одлуката била донесена на денешната седница на општината....

Македонија12 часа

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Големи облаци чад се шират од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора. Забележливи се и од градските улици...

Македонија14 часа

Поради пожар, целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи известува дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот...

Македонија17 часа

(Видео) Хеликоптерите на МВР со над 70 тони вода го гаснеа пожарот кај Блаце

Во рамките на денешните активности полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи активно учествуваа...

Македонија18 часа

Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во Скопско

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина...

Македонија18 часа

(Видео) На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите....

Македонија19 часа

Владата со бесплатни инвитро-процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и ја...

Македонија20 часа

Апелот на Министерството за здравство да не се снимаат пациентите од дискотеката во Кочани е загрижувачки, смета Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост поради апелот на Министерството за здравство до медиумите да не ги фотографираат...

Македонија21 час

Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – во Скопје ЗОО починаа уште две лами

„Нашата, скопската Зоолошка, е една хорор-приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел некоја ‘умна’ глава преземе...

Македонија23 часа

(Видео) Два полициски хеликоптера го гаснат пожарот во околината на Блаце

Денеска, од 5 часот, полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за...

Европа23 часа

(Видео/фото) Масивен руски напад со дронови врз Киев, Харков и Одеса

Руските сили ја нападнаа Украина со беспилотни летала од типот „Шахед“, при што најтешко се погодени Харков, Одеса и Киев,...

Македонија23 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце делумно под контрола

Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови...

Свет23 часа

Татко загина спасувајќи го семејството во Тексас: катастрофалните поплави одзедоа најмалку 80 животи

Катастрофалната поплава што го погоди југоисточен Тексас одзеде најмалку 80 животи, вклучувајќи 21 дете, соопштија локалните власти. Обилните дождови што...

Македонија24 часа

(Видео) Три хеликоптери го гаснат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата...

Свет24 часа

Трамп: Испраќаме писма за царините до сите земји

САД ќе почнат да испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и тарифи почнувајќи од денес, изјави американскиот...