Контакт

Берзи

Надежите за договор со Иран и обилните залихи силно ја притиснаа цената на нафтата

Објавено пред

Цената на нафтата силно се спушти во понеделникот на светските берзи на ниво од 54 долари, под притисок од зголемените глобални залихи и сигналите за можен договор на Западот и иранските власти за спорната нуклеарна програма на Техеран, со што дополнително би се зголемила понудата.

dobivaj vesti na viber

 

 

На лондонската берза цената на барелот накратко падна за 1,34 долари во однос на затворањето од крајот на минатата недела, на 53,33 долари, за да повторно се стабилизира на 54,00 долари. На американската берза цената на барелот потона на најниско ниво од март 2009 година, на 43,57 долари, за да потоа се стабилизира на 44,35 долари.

 

На крајот на минатата недела цените силно ги притисна јакнењето на доларот и предупредувањето на Меѓународната агенција за енергетика (IEA) дека прекумерната понуда на пазарот и натаму се зголемува. На лондонската берза цената на нафтата го заклучи тргувањето во минус 2,41 долар, додека на американскиот пазар минусот изнесуваше 2,21 долар.

 

Надолниот тренд продолжи и на почетокот на неделата, иако по нешто побавно темпо, а товар беа сигналите за можниот договор на западните сили и Иран за нуклеарната програма. Запад се надева на отстапки на Техеран кои би помогнале за постигнување на договор, откако САД и европските сили веќе изразија подготвеност на компромис кој би водел кон укинување на санкциите од Обединетите нации.

 

Тоа би значело враќање на иранската нафта на пазарот, во услови на прекумерно снабдување, Од француската банка Societe Generale проценуваат дека залихите растат со темпо од 1,6 милиони барели дневно, кои во второто тромесечје би можело и благо да забрзат на 1,7 милиони барели.

 

„Пресметки покажуваат дека залихите на сирова нафта и деривати во периодот од март до јуни ќе пораснат за вкупно околу 200 милиони барели. Тоа сигурно ќе ја притисне цената“, заклучуваат аналитичарот на француската банка Мишел Витнер.

 

Поради пониските цени, нафтените компании го намалуваат бројот на ископини во САД и останатите делови на светот, но ќе биде потребно некое веме овој тренд да се преточи во намалување на производството. /крај/

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион54 минути

(Видео) Инциденти пред зградата на Судот во Нови Сад: туркање меѓу граѓаните и полицијата, фрлен солзавец

Пред зградата на судот и канцеларијата на државниот обвинител во Нови Сад, утрово се собраа голем број граѓани и студенти...

Македонија1 час

„Скандал: Филипче замина на одмор, од грчките плажи и од песочната палма од Дубаи пишува статуси за законот за Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Каде е Венко Филипче? Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата? Тој од 10.05 2025...

Европа2 часа

Зеленски сака да го разоткрие Путин: ја игра неговата игра, но дали ќе успее, анализира „Скај“

Кога Володомир Зеленски денес ќе слета во Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тоа нема да биде...

Македонија2 часа

„На 21 мај ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народна банка, а никој не ја ни спомнува можноста на оваа позиција да биде избран Албанец“, велат од ДУИ

„ДУИ изразува незадоволство што ниту Владата, ниту Претседателката, а по линија надолу ниту целата политичка раководната структура, никој не води...

Свет2 часа

Пежешкијан му порача на Трамп: Иран нема да се поклони пред ниту еден насилник

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека земјата нема да „се поклони пред ниту еден насилник“ како одговор на критиките...

Свет3 часа

Трамп пиеше чај со поранешен џихадист за кого САД нудеа награда од 10 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера пиеше чај со поранешен џихадист за кого до неодамна беше распишана награда од 10 милиони...

Свет4 часа

(Видео) Најмалку 21 лице загина во страшна несреќа во Мексико

Најмалку 21 лице загинаа во среда во сообраќајна несреќа на автопат што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, изјави...

Европа4 часа

Трамп го откажа учеството на преговорите откако беше објавено дека Путин нема да присуствува

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер. Тој ја...

Европа4 часа

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Кремљ вчера вечер ги откри членовите на делегацијата што денеска ќе учествува во директните преговори со Украина во Истанбул, но...

Економија21 час

Автоматски ќе има мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања  

Ќе има автоматски мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не...

Економија22 часа

Мицкоски најавува инвестициски бум од речиси 2 милијарди евра: ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува планот за инфраструктурен бум...

Македонија22 часа

Судот ги одмрзнал паричните средства во случајот со „РЕК Битола“, Обвинителството бара нивно повторно замрзнување

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка –...

Македонија23 часа

Јаневска за одењето во Здравство: Ќе бидам таму каде што премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, втор ден резервирано одговара на прашањата дали ќе стане министерка за здравство иако...

Македонија23 часа

(Видео) Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ. Таравари дојде на власт со...

Македонија23 часа

(Фото) Спречени обиди за шверцување лекови и медицински материјали

Царинската управа извести за спречени обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди...

Свет24 часа

Макрон најавува можност за распоредување нуклеарно оружје во цела Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција е подготвена да разговара за можноста за распоредување на своето нуклеарно оружје во...

Европа24 часа

(Видео) Путин: Идиоти, воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“. Тој ги коментира санкциите што ЕУ...

Свет1 ден

Судот на ЕУ: Комисијата мораше да ги објави СМС-пораките меѓу Фон дер Лајен и шефот на „Фајзер“

Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“,...

Македонија1 ден

„Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани“, велат од Алијансата за Албанците

„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие...

Македонија1 ден

„Владата на Мицкоски со своето неодговорно однесување се заканува долгорочно да ги загрози перспективите на земјата за членството во ЕУ“, велат од ДУИ

„Владата на Христијан Мицкоски, водејќи се од популистичкиот бран кој ВМРО ДПМНЕ го јавнаа уште кога беа опозиција, со своето...