Контакт

Берзи

Пад на европските берзи поради слабите економски податоци

Објавено пред

Цените на акциите на европските берзи паднаа во вторникот, по два дена раст, бидејќи инвеститорите ги обесхрабри  остриот пад на индустриското производство во Германија, што е уште еден податок кој укажува на слабост на економската локомотива на еврозоната.

dobivaj vesti na viber

 

 

FTSEurofirst индескот на 300 водечки европски акции беше во 12.30 часот во минус 0,7 отсто на 1.341 поен, откако во претходните два дена зајакна 1,1 отсто.

 

Лондонски FTSE беше во минус 0,7 отсто, на 1.341 поен, на 6.520 поени, додека париски CAC се спушти во минус еден отсто, на 4.241 поен, а франкфуртски DAX се намали 0,8 отсто, на 9.136 поени.

 

Падот на цените на акциите е последица на податокот дека индустриското производство во Германија во август паднало за четири отсто на месечно ниво, што е значително над очекувањата на аналитичарите од 1,5 отсто и најголем пад од јануари 2009 година.

 

Откако вчера беше објавено дека индустриските нарачки во август паднале за 5,7 отсто на месечно ниво, најмногу од 2009 година, денешниот податок потвдува дека закрепнувањто на германската економија е на стаклени нозе.

 

Цените на акциите на германските индустриски гиганти, како што се RWE и Siemens, паднаа за над еден отсто.

 

„Несигурноста на компании се одгледа во вакви лоши макроеконоски поакзатели. Сепак, во целото трето тромесечје очекуваме благ раст на производството“, вели Штефан Кипар, аналитичар во Bayer LB.

 

Меѓу ретките добитници денеска беа рударските компании. Најмногу за 5,5 отсто, порасна цената на Rio Tinto, откако рударскиот гигант порача дека го одбил предлогот на помалиот ривал Glencore за спојување, со што би се создала компанија вредна 160 милијарди долари.

 

Тоа ги поттикна шпекулациите за преземање во овој сектор кој во последните месеци е под силен притисок поради падот на цените на суровините. Од почетокот на јуни цените на акциите во рударскиот сектор паднаа за 12 отсто. Денеска, пад, цените на Glencore, Anglo American и BHP Billiton пораснаа помеѓу 0,6 и 2 отсто.

 

„На европските берзи повторно порасна волатилноста, а моментно нема појасен тренд. Сега е подобро човек да се повлече од берзата и да биде трпелив бидејќи во одреден момент повторно ќе дојде до растечки тренд“, вели Џерард Сајнер, аналитичар во компанијата  Aurel BGC.

 

Американските термински индекси најавуваат продолжување на падот на цените на акциите на Волстрит, бидејќи инвеститорите се внимателни во пресрет на сезоната на објава на нови деловни резултати на американските компании за третото тромесечје.

 

Со оглед на низата предупредувања на компании, слабоста на еврозоната, но и на другите најголеми светски економии, како и јакнењето на доларот, што ги намалува приходите на американски екомпании./крај/

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Два случаи на мајмунски сипаници во Македонија: потврди Институтот за јавно здравје

Денес во ЈЗУ Институт за јавно здравје од Клиниката за кожни болести биле упатени двајца пациенти суспектни за Monkeypox –...

Македонија8 часа

Данела му одговори на Мицкоски: „Благодарам на можноста господине Мицкоски да делувам едукативно на вас“

Жалам што првиот човек на Владата се уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира...

Македонија8 часа

Уапсени полицајци – дозволиле студенти од Турција нелегално да престојуваат во земјава

По неколкумесечна предистражна постапка, денеска полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал...

Македонија9 часа

Славески ќе си замине од функцијата претседавач во Советот на Град Скопје доколку биде избран за гувернер

Професорот и претседавач на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, доколку биде избран за гувернер на Народната банка на Република...

Македонија10 часа

(Видео) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер

Наместо експерт – партиски пулен, СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер, изјави пратеникот Оливер Спасовски. Според него, изборот...

Македонија10 часа

Поднесени две обвиненија за „Онкологија“: 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 непотребна терапија

Скопското обвинителство поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“, со кој се опфатени шест лица, и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор...

Македонија12 часа

(Видео) Самохрана мајка од Кочани дала отказ за да се грижи за повредениот син: „Ни треба помош од државата“

Силвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, зборуваше за состојбата во која се наоѓа семејството по пожарот во „Пулс“ и...

Македонија12 часа

Мицкоски ја повика Арсовска да постапи за дивоградбата во Чаир: Таа има ингеренции, од филозофирање и гола реторика народот нема фајде

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека...

Македонија13 часа

Лековите за ретки болести не биле евидентирани во сметководствената евиденција, покажа ревизорскиот извештај за Хематологија

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеноста на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника...

Топ13 часа

24-годишник од Струшко со „мерцедес“ излетал од пат: двајца тешко повредени

Вчера околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во...

Македонија13 часа

Во Лондон денеска ќе биде потпишан договорот меѓу владите на Македонија и на Велика Британија

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Македонија и на Велика Британија ќе биде потпишан денеска во Лондон. Вицепремиерот и...

Регион13 часа

(Видео) Први снимки од силниот земјотрес на Крит: автомобилите се тресат, сè паѓа на подот во маркетите, оштетени згради

Жителите на Крит се загрижени откога силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди островот рано...

Свет15 часа

(Видео) Снимката од апсењето на убиецот на израелска двојка стана вирална на социјалните мрежи

На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека го прикажува моментот кога Елијас Родригез, осомничениот за смртоносната...

Свет15 часа

(Видео) Првпат по 81 ден: 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа

Вкупно 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа, за прв пат по 81 ден целосна блокада наметната од...

Европа15 часа

(Видео) Рускиот министер за надворешни работи: Нема да се согласиме на безусловно примирје со Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Русија нема да се согласи на безусловно примирје со Украина...

Свет16 часа

(Видео) Севернокорејците неуспешно лансираа разорувач, Ким Џонг-ун ја осуди несреќата: „Небрежност што го наруши достоинството на земјата“

За време на спуштањето во вода на нов севернокорејски воен брод, на кој присуствуваше и лидерот Ким Џонг Ун, се...

Свет17 часа

(Видео) Двајца израелски дипломати убиени во Вашингтон

Двајца вработени во израелската амбасада се убиени во пукотница за време на настан во Музејот на еврејско наследство во Вашингтон....

Свет17 часа

(Видео) Трамп го нападна новинарот кој праша за луксузниот авион: Ти си срам!

Американскиот претседател Доналд Трамп бурно реагираше на прашањата од новинарот на „Ен-би-си Њуз“, Питер Александар, за луксузниот авион што катарската...

Македонија1 ден

Tрајко Славески е предлогот на Сиљановска-Давкова за гувернер на Народна банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за гувернер на Народната банка. Од нејзиниот кабинет велат дека при носењето на...

Македонија1 ден

Со шесте милијарди евра за Македонија ќе се градат брза пруга, болници, студентски дом – Николоски од Лондон со детали за договорот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој ја предводи официјалната делегација на Македонија во Обединетото Кралство, оствари средба со...