Контакт

Берзи

Пад на најважните индекси на Волстрит

Објавено пред

Најважните индекси на Волстрит во четврток паднаа, најмногу под притисок на падот на цените на акциите на Apple, бидејќи последната верзија на iPhone не ги импресионираше инвеститорите, а нивниот пад ќе беше уште поголем да немаше закрепнување на цените на акциите во енергетиката.

dobivaj vesti na viber

Њујоршки Dow Jones индексот се спушти 46,23 бодови или 0,25 отсто,  на 18.479 бодови, S&P 500 за 0,22 отсто, на 2.181 бод, а технолошки Nasdaq за 0,46 отсто, на 5.259 бодови.Така Nasdaq го прекина четиридневното качување, спуштајќи се од рекордно високото ниво и тоа најмногу заради падот на цените на акциите на Apple за 2,6 отсто, на 105,52 долари. Тоа е нејзиниот најголем дневен процентен пад од 24 јуни, кога одлуката за Brexit предизвика распродажба на акциите.Дополнително Apple разочара и со најавата дека нема да ги објави податоците за продажбата на iPhone во првиот викенд, со што им го ограничи на аналитичарите брзиот увид во популарноста на уредот што оваа технолошка компанија го претстави во среда.S&P 500 индексот на технолошки акции се спушти во четврток 0,9 отсто, со што технолошкиот сектор беше најголем губитник. Истовремено, енергетскиот сектор оствари во просек раст на цените на акциите за 1,7 отсто, мотивиран од растот на цената на нафтата.Последните месеци цените на американските делници се движат во многу тесен дијапазон, додека инвеститорите се обидуваат да ги проценат шансите Фед да ги покачи каматите, како и да ја увидат кондицијата на американската економија.На американските берзи обемот на тргувањето не беше засилен, вкупно сопствениците ги променија 6,8 милијарди долари, што е над 20 дневниот просек од шест милијарди.На европските берзи најважните индекси ослабеа, откако претседателот на Европската централна банка Марио Драги на прес конференција рече дека не е разгледувано продолжувањето на програмата за откуп на обврзници, вредна 80 милијарди евра месечно.Франкфуртски DAX се спушти 0,72 отсто, на 10.675 бодови, а париски CAC за 0,34 отсто, на 4.542 бодови. Лондонски Ftse, пак, зајакна 0,18 отсто, на 6.858 бодови. /крај/хн/ст

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ9 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија11 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија11 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија12 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија14 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија16 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ17 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ18 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион21 час

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа21 час

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа22 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет22 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет22 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет22 часа

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет22 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија1 ден

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија1 ден

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија1 ден

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија2 дена

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија2 дена

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...