Контакт

Берзи

Први реакции на пазарите на мерките на ECB, акциите скокнаа – еврото падна

Објавено пред

На светските финансиски пазари курсот на еврото во однос на американскиот долар во четвртокот се лизна, акциите на европските пазари скокнаа, а приносите на италијанските, шпанските и португалските државни обврзници паднаа како првична реакција откако Европската централна банка (ECB) ја објави програмата за купување на државните обврзници.

dobivaj vesti na viber

Курсот на еврото се лизна на 1,1511 долари, меѓутоа во попладневните часови во четвртокот се држи и натаму над најниското ниво во последните 11 години, од 1,14595 долари, на коешто се симна минатиот петок.

Индексот FTSEurofirst на 300-те водечки европски акции скокна за 0,8 отсто, достигнувајќи го новото највисоко ниво во изминатите седум години. Франкфуртскиот индекс DAX, исто така, се движи кон нови рекордни нивоа.

Меѓу најголемите добитници беа италијанските пазари на акции, со најголемите поединечни добитници во банкарскиот сектор. Така, акцијата на „UniCredit“ притоа зајакнаа за 3,6 отсто, додека акцијата на BMPS за 2,9 отсто.

Приносите на 10-годишните шпански државни обврзници се намалени за 5 базни поени, на 1,491 отсто. Приносите на истите италијански државни обврзници паднаа на 1,639 отсто, а на португалските обврзници на 2,477 отсто. Сите тие приноси се во близина на рекордно ниските нивоа. Приносите на германските 10-годишни државни обврзници, пак, пораснаа за 5 базни поени, на 0,51 отсто.

Во фокусот на вниманието на учесниците на глобалните пазари беше првото годинешно редовно месечно заседание на челниците на Европската централна банка (ECB), на коешто во четвртокот очекувано беа здржани клучните каматни стапки, по што беше објавена и програмата за месечното купување на државните обврзниците во износ од 60 милијарди евра, што главно е во согласност со очекувањата на пазарите.

„(Челникот на ЕCB, Мариo) Драги ја извлече базуката (…) Станува збор за многу великодушна и кредибилна програма. Големото купување на обврзниците од страна на ECB ќе ги спушти приносите, меѓутоа инфлаторните очекувања ги туркаат кон нагоре. Засега се чини дека пазарите не се на чисто каква би требало да биде нивната реакција“, толкува за Reuters Давид Кеебле, аналитичар во банката „Credit Agricole“, и додава дека пазарите на обврзниците се во ситуација меѓу чеканот и наковалната.

На пазарите на парите во еврозоната каматните стапки, исто така, паднаа, откако ECB ја објави програмата на квантитативно монетарно попуштање насочена кон спречувањето на дефлацијата во еврозоната и заживување на замрениот економски раст./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Tрајко Славески е предлогот на Сиљановска-Давкова за гувернер на Народна банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за гувернер на Народната банка. Од нејзиниот кабинет велат дека при носењето на...

Македонија7 часа

Со шесте милијарди евра за Македонија ќе се градат брза пруга, болници, студентски дом – Николоски од Лондон со детали за договорот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој ја предводи официјалната делегација на Македонија во Обединетото Кралство, оствари средба со...

Топ10 часа

Уапсени четири лица во Скопје, ликвидирале луѓе по нарачка

Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“ во...

Македонија11 часа

Нов министер за здравство ќе има следната недела, таа позиција останува во „Вреди“, вели Мицкоски

Владините коалиционери се договориле до крајот на оваа недела да се дефинираат кадровските решенија по излегувањето на Арбен Таравари од...

Македонија11 часа

(Видео) Данела Арсовска во живо се вклучи од објект во Чаир: „Дивоградба на државно земјиште“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, се вклучи во живо од инспекција на нелегален објект во општина Чаир.   Таа...

Македонија12 часа

Ристоска: Поради мојата кандидатура за судија во ЕСЧП, цел сум на клевети и напади

Во изминатиот период, поради мојата апликација за кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права, цел сум на неосновани...

Свет12 часа

Брисел предлага нова такса од две евра за пакет за купувања од платформи како „Тему“

Европската комисија размислува за воведување такса од 2 евра за пакет за пратки надвор од ЕУ купени преку онлајн-платформи, како...

Македонија12 часа

Со новиот закон ќе може да се вработуваат студенти, пензионери, корисници на социјална помош…

Со новиот закон за привремено и сезонско ангажирање лица, кој вчера беше изгласан во Собранието, работодавците ќе може да ги...

Македонија14 часа

Царината заплени тутунски производи, автоделови, ветеринарни лекови, девизи, облека

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари,...

Македонија14 часа

Муцунски: Усвоени измените на Законот за надворешните работи – суштински чекор за професионализација на дипломатијата и подобрување на условите за македонските дипломати во странство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи информираше дека вчера Собранието, на предлог на Министерството...

Македонија14 часа

Голема полициска акција во Скопје, се вршат претреси на пет локации

Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат...

Свет15 часа

(Видео) Драматични сцени од Австралија: хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покривите

Австралиската телевизија „Еј-би-си“ објави „поплави од невидени размери“, опишувајќи драматични сцени додека хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на...

Свет17 часа

(Видео) Рубио: Граѓанска војна од епски размери може да почне во Сирија за неколку недели

Американскиот државен секретар Марко Рубио повика на поддршка за преодните власти во Сирија и предупреди дека земјата може да биде...

Свет17 часа

Си-ен-ен: Израел подготвува голем напад врз иранските нуклеарни постројки

Соединетите Американски Држави добија нови разузнавачки информации кои сугерираат дека Израел се подготвува за напад врз нуклеарните постројки на Иран,...

Европа18 часа

Мелони: Папата ми рече дека е подготвен да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Италијанската премиерка Џорџa Мелони изјави дека папата Лав во телефонски разговор со неа ја потврдил својата подготвеност да биде домаќин...

Свет18 часа

(Видео) Трамп: Го избрав дизајнот за ракетниот штит „Златна купола“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го избрал дизајнот за ракетниот одбранбен штит „Златна купола“ вреден 175 милијарди долари и...

Македонија18 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп од ноќеска, во 01:20 часот е нормализиран, извести АМСМ. Претходно од АМСМ информираа...

Економија1 ден

Николоски: Договорот ќе го потпишеме во четврток во Лондон, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со...

Економија1 ден

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање поврзано со проекциите на Европската комисија и за економскиот раст...

Македонија1 ден

Николовски се пофали дека Царината за пет месеци сработила колку за три години, но спореди со периодот од 2020 до 2022 година

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, се пофали дека со засилени контроли за неполни пет месеци сработиле колку што претходно...