Берзи
Раст на цените на акциите на Волстрит, и покрај падот на БДП-то

И покрај остриот пад на американскиот бруто домашен производ (БДП) во првиот квартал од 2014 година, на Волстрит во средата цените на акциите пораснаа бидејќи учесниците на берзите се надеваат на брзо заздравување на економијата.
Индексот Dow Jones зајакна за 0,29 отсто, на 16.867 поени, индексот S&P 500 скокан за 0,49 проценти, на 1.959 поени, додека индексот Nasdaq се зголеми за 0,68 отсто, на 4.379 индексни поени. Тргувањето во средата започна со падот на цените на акциите, бидејќи, според третата процена, американската економија во првиот квартал од годинава потонала за 2,9 отсто на годишно ниво, најголемото во последните пет години. Тоа предизвика шок на пазарите, имајќи предвид дека првата процена на БДП-то зборуваше за рат од 0,1 отсто, а втората за пад од 1 процент. Толку острата ревизија не е забележана од 1976 година, од кога се изведуваат ваквите податоци.Сепак, во подоцнежното тргување во средата берзанските индекси се опоравија, бидејќи инвеститорите веруваат дека тој пад е најмногу последица на острата зима, како и дека во вториот квартал БДП-то ќе порасне и до 4 отсто.„Ревидираните податоци се застрашувачки. Но, иако тие бројки загрижуваат, мораме да имаме на ум дека во последните четири месеци бројот на вработените растеше за по 200 илјади, и оттаму мислам дека оптимизмот на инвеститорите е оправдан“, вели за Reuters Крис Рапки, економист во „Bank of Tokyo – Mitsubishi UFJ“.Меѓу најголемите добитници во средата беше фармацевтскиот сектор, со раст од 1,1 отсто. Тоа е најмногу благодарејќи на скокот на цената на акцијата на „ Bristol-Myers Squibb“ за 3 отсто, откако оваа компанија објави дека нејзиниот лек против меланомот на тестирањата дал добри резултати. Тоа го поттикна растот на акциите во целиот сектор, па цената на „Pfizer“ порасна за 1,7, а на „MErc“ за 1,6 отсто.Значително пораснаа и цените на акциите на телевизиските мрежи, откако американскиот Врховен суд пресуди дека идејата на стартап компанијата „Aereo“ за понуда на програмите на овие медиумски куќи за претплатниците преку интернет претставува кршење на авторските права. Поради тоа, акцијата на CBS скокна за повеќе од 6 отсто, додека акциите на „Comcast“ и на „Walt Disney“ пораснаа меѓу 1,1 и 1,5 проценти.Благодарејќи на тоа, во средата берзанските индекси се поправија по дводневниот пад, повторно приближувајќи се на највисоките нивоа во историјата. Меѓутоа, имајќи го предвид остриот пад во првиот годинешен квартал, се поставува прашањето колку високите цени на кациите всушност се оправдани. „Се слушаат приказни за надуени цени на кациите, но тоа јас не го гледам. Мислам дека акциите ги одразуваат разумните валуации“, вели Брајан Ивенс, портфељ менаџер во фондот „Cozad Asset Management“./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи
„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.
Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.
Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.
По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.
Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.
Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.
Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.
„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.
Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.
На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.
Берзи
Доларот нагло падна, еврото зајакна

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.
Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.
И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.
Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.
Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.
Берзи
Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.
На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.
Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.
Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.
И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.