Контакт

Берзи

Рударскиот сектор го поттикна закрепнувањето на европските берзански индекси

Објавено пред

Цените на акциите на европските берзи закрепнаа во средата, по падот во вторникот, пред се благодарејќи на растот на цените на акциите во рударскиот сектор.

dobivaj vesti na viber

 

 

Индексот на лондонската берза FTSE порасна до 14.00 часот 0,96 отсто, на 6.774 поени, франкфуртски DAX порасна 1,4 отсто, на 9.855 поени, а париски CAC се зголеми 1,46 отсто, на 4.368 поени.

 

Акциите на рударските компании денеска беа во најголем плус, благодарение на податоците за забрзување на растот на кинеската економија, најголем светски потрошувач на суровини.

 

Кинескиот брутодомашен производ порасна во вториот квартал за 7,5 отсто на годишно ниво, што е 0,1-отстотен поен повеќе во споредба со претходниот квартал, и во однос на очекувањата на аналитичарите

 

„Тоа го потврдува трендот кој го забележавме и кај PMI податоците за индустријата, а тоа е во согласност со идејата за закрепнување на глобалната економија“, рече Џејмс Батерфил, стратег во компанијата Coutts. „Постои блиска корелација помеѓу кинеското индустриско производство и рударскиот сектор, поради што овој раст е охрабрувачки“, додаде аналитичарот.

 

Во плус денеска беше и индексот на лисабонската берза PSI-20, пред се поради закрепнувањето на цената на акцијата Banco Espirito Santo (BES) и тоа за речиси 20 отсто. Трговците истакнуваат дека банката профитирала од проширувањето на забраната за short-selling со нејзините акции и од очекувањата на инвеститорите дека банката ќе биде докапитализирана доколку биде потребно. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Колапсот на моќната американска банка ги потресе светските берзи

Објавено пред

Минатата недела на светските берзи е забележан голем пад на цените на акциите, бидејќи поради високата инфлација централните банки ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки.

dobivaj vesti na viber

Волстрит беше потресен и од колапсот на банката во Силиконската долина (SVB).

На Волстрит, акциите на Dow Jones паднаа за 4,4 отсто минатата недела, на 31.909 поени, додека S&P 500 „потона“ за 4,6 отсто, на 3.861 поен, а индексот Nasdaq за 4,7 отсто, на 11.138 поени.

Во февруари овие индекси значително пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа дека американската централна банка наскоро ќе престане да ги зголемува каматните стапки и дека конечната каматна стапка, која ќе го прекине циклусот на затегнување на монетарната политика, ќе остане под нивото од пет проценти. Но, последниве недели индексите изгубија најголем дел од тие добивки бидејќи се појасно е дека ова сценарио нема да се оствари.

Серијата неодамнешни податоци покажуваат дека побарувачката на пазарот на трудот е сè уште силна, па може да се очекува раст на платите и трошоците, што значи дека американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки. Претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, оваа недела изјави дека централната банка е подготвена да преземе повеќе чекори доколку идните економски податоци покажат дека се потребни построги мерки за ограничување на инфлацијата.

Ова предизвика страв кај инвеститорите дека централната банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,50 процентни поени на мартовската сесија, додека неодамна се очекуваше зголемување од 0,25 поени. Затоа сега на пазарот на пари се проценува дека до септември каматните стапки ќе бидат зголемени во интервал од 5,50 до 5,75 отсто, додека сега каматните стапки се движат меѓу 4,50 и 4,75 отсто.

Негативно влијание на Волстрит имаше и колапсот на банката на Силиконската долина (SVB), најголемиот банкрот на американска банка од финансиската криза во 2008 година. Таа банка, која со години го финансираше технолошкиот сектор, беше под притисок бидејќи многу стартап компании почнаа да повлекуваат депозити. За да го собере капиталот, банката прво неодамна продаде постоечки обврзници, но со голема загуба, а потоа во средата објави план за продажба на нови акции за да собере 2,25 милијарди долари свеж капитал.

Но, тоа предизвика паника кај граѓаните и претприемачите, кои само во четвртокот повлекоа 42 милијарди долари депозити од банката, па банката денот го заврши со негативно готовинско салдо од речиси милијарда долари. Како резултат на тоа, регулаторот ја затвори банката во петокот и ја презеде контролата врз преостанатите депозити. И на европските берзи цените на акциите паднаа минатата недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

ДУИ подготвува бојкот на локалните избори за да го избегне поразот, велат од Влен

За да го избегне поразот ДУИ планира да ги бојкотира изборите и да провоцира тензии на денот на гласањето, веалт...

Македонија47 минути

Возел под дејство на алкохол, со голема брзина и тешко повредил пешак: истрага за сообраќајна несреќа во Скопје

Мерки на претпазливост кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или...

Европа3 часа

Лавров: Зеленски се претвори во чист нацист и предавник на Евреите

Украинскиот лидер Володимир Зеленски по доаѓањето на власт се претвори во „чист нацист“ и предавник на Евреите, изјави рускиот министер...

Европа3 часа

(Видео) Зеленски: Подготвен сум да заминам во замена за членство во НАТО

Володомир Зеленски рече дека ќе биде подготвен да замине во замена за членството на Украина во НАТО, навестувајќи дека ќе...

Европа3 часа

Макрон: Предлагаме едномесечен прекин на огнот во Украина

Франција и Велика Британија предлагаат едномесечен прекин на огнот во Украина „во воздух, во море и во енергетската инфраструктура“, изјави...

Европа4 часа

(Видео) Украинците погодија руска рафинерија со дронови, предизвикувајќи експлозија и пожар

Пожар избувна во нафтена рафинерија во рускиот град Уфа во федералниот округ Волга по нападите со украински беспилотни летала во...

Свет4 часа

(Видео) Почина Австралиецот чија крв спаси повеќе од два милиони бебиња

Џејмс Харисон починал во сон во дом за стари лица во Нов Јужен Велс, Австралија, на 17 февруари, соопшти неговото...

Свет16 часа

Макрон предупреди дека откажувањето на САД од пружање поддршка на Украина би имало катастрофални последници

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека откажувањето на Соединетите американски држави од пружање поддршка на Украина би имало катастрофални последници,...

Свет17 часа

Во тек е клучниот состанок во Лондон, момент кој се случува еднаш во генерација

Стотици луѓе се собраа пред канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер и собирот за поддршка на Украина го почнаа со...

Топ20 часа

Полицаец пријавил дека му го украле службениот пиштол со рамка и 13 куршуми

Вчера во осум часот во ОВР – Крушево, М.Х., на возраст од 38 години од овој град, вработен како полициски...

Свет22 часа

Ватикан соопшти дека папата Франциско е во стабилна здравствена состојба и имал мирна ноќ

Папата Франциско е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ, соопшти денеска Ватикан. „Ноќта беше мирна, папата се уште...

Топ23 часа

Пијан возач удри и тешко повреди 25-годишна битолчанка во Скопје, полицијата го приведе

Во СВР Скопје синоќа било пријавено дека на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со...

Регион1 ден

Саша Поповиќ пред да почине се лекувал во Париз, случајно открил дека е болен кога скршил нога

Саша Поповиќ почина вчера на 70-годишна возраст по тешко боледување. Нецела година Поповиќ се борел со тешката болест, неговото лекување...

Регион2 дена

Почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“

По кратко и тешко боледување денес почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“, еден од највлијателните луѓе...

Свет2 дена

Здравствената состојба на папата Франциско останува стабилна

Здравствената состојба на папата Франциско, кој две недели е во болница поради пневмонија и бронхитис, останува стабилна, соопшти вечерва Ватикан...

Свет2 дена

Зеленски пристигна во Лондон и порача дека американската поддршка е од клучно значење за Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, при пристигнувањето во главниот град на Велика Британија, Лондон, изјави дека американската поддршка е од...

Македонија2 дена

Тошковски тврди дека сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за околу 30 проценти

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека со максимално интензивирање на сите ресурси во изминатите дваесетина дена во...

Свет2 дена

По тензичната средба со Зеленски, Трамп може да ја стопира помошта за Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел да ја укине помошта за Украина, тврди неименуван извор од Белата куќа за...

Топ2 дена

Возач со автомобил побегна откако удри и тешко повреди дете во Тетово

Малолетник е тешко повреден откако во него удрило патничко возило на кружен тек во Тетово. По сообраќајката возачот побегнал. Министерството...

Македонија2 дена

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал што се одржа во...