Берзи
Скок на Волстрит по одлуката на Fed да ги заржи ниски каматите

На Волстрит во средата цените на акциите добија замав по одлуката на американската централна банка Federal Reserve (Fed) да ги задржи каматните стапки на сегашните нивоа, оставајќи го засега недопрено опкружувањето на ниските камати кои му одат во прилог на овој пазар.
На Волстрит во средата цените на акциите добија замав по одлуката на американската централна банка Federal Reserve (Fed) да ги задржи каматните стапки на сегашните нивоа, оставајќи го засега недопрено опкружувањето на ниските камати кои му одат во прилог на овој пазар.
Њујоршкиот Dow Jones индекс порасна за 0,9 отсто, на 18.293 поени, а индексот S&P 500 за 1,09 проценти, на 2.163 поени, додека технолошкиот Nasdaq индекс го достигна новото рекордно ниво од 5.295 индексни поени, зајакнувајќи за 1,03 отсто во однос на вторникот.
Функционерите на Fed на своето редовно заседание во средата одлучија да ги задржат каматните стапки на прекуноќните позајмувања на банките меѓу 0,25 и 0,5 отсто, на ниво на кое се наоѓаат до ланскиот декември, но силно сигнализираа дека до крајот на годината би можеле да ја заострат монетарната политика доколку продолжи подобрувањето на ситуацијата на американскиот пазар на труд.
Учесниците на пазарот и онака не очекуваа дека Fed веќе во септември ќе ги подигне каматните стапи, пред самото заседание на гувернерите даваа само 18 отсто шанси за таквиот потег.
„Во мислите на сите имаше некое мало сомневање дека Fed можеби може да ги подигне каматните стапки и сега тоа се разјасни… инвеститорите чувствуваат дека можат парите да ги влеат во акции. Покрај одлуката на јапонската централна банка да ги зајакне мерките за поттикнување на инфлацијата, на пазарите на акциите оди сосема добро“, оценува Питер Туз претседател на управата на „Chase Investment Counsel“ од Вирџинија.
Јапонската централна анка Bank of Japan (BoJ) во средата одлучи а воведе поттикнување на целените каматни стапки на државните обврзници за да го поттикне растот на инфлацијата, по повеќегодишното печатење пари со коешто не успеа да ја извлече третата по обемот светска економија од десет години долгата стагнација.
На Волстрит сите десет главни сектори на акции остварија раст на цените, при што најмногу поскапеа акциите на енергетските компании, во просек за 2,1 отсто.
Околу 7,6 милијарди акции беа истргувани на сите американски берзи, што е над просекот во изминатите 20 трговски дена од 6,8 милијарди акции.
Претседателката на Fed, Џенет Јелен, говорејќи по објавата на одлуката на централната банка, изјави дека американскиот економски раст изгледа посилен, како и дека ќе биде потребно подигнување на каматните стапки за да се спречи прегревањето на економијата и создавањето висока инфлација.
Вложувачите сега проценуваат дека шансите за подигнување на каматните стапки во декември изнесуваат 63 отсто, додека пред објавата на одлуката на Fed ги проценуваа на 8 отсто.
Одлуката на Fed да ги задржи ниските каматни стапки, меѓутоа, го спушти курсот на американската валута. Доларот потона на најниското ниво во последните три ипол седмици, од 100,37 јени. Истовремено, курсот на еврото по одлуката на Fed благо зајакна во однос на доларот, на 1,1196 долари. Индексот на доларот, кој го мери движењето на американската валута кон шесте најзначајни светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, се спушти на најниското ниво во последните пет дена, од 95,515 поени./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи
„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.
Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.
Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.
По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.
Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.
Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.
Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.
„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.
Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.
На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.
Берзи
Доларот нагло падна, еврото зајакна

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.
Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.
И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.
Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.
Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.
Берзи
Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.
На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.
Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.
Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.
И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.