Берзи
Тивко и мирно на Македонската берза

Вторничкото тргување на Македонската Берза за хартии од вредност, слично како и претходниот трговски ден, заврши со промет од 3,5 милиони денари реализирани преку 25 трансакции.
Од акциите, со промет од 1,5 милиони денари (45 отсто од вкупниот промет реализиран денес на МСЕ), Скопски пазар беше најтргувана хартија од вредсност. Вкупно 180 акции беа истргувани, а вредноста на акцијата забележа пад од 2.61 отсто.
Двата индекса го завршија денот во позитивна територија: МБИ10 порасна за 0,03, додека ОМБ за 0,05 проценти.
На страната на обврзниците, со скромен обем од околу 96 илјади денари, РМДЕН11 и РМДЕН14 беа единствени истргувани обврзници. /крај/мф/кн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи
Еврото ослабе во однос на доларот

Еврото падна во однос на доларот на меѓународните пазари, со оглед на тоа дека продажбата на акциите на европските пазари ја зајакна побарувачката за јенот и франкот.
Еврото падна 0,2 отсто, на 1,1429 долар ова утро. Во претходното тргување неговата цена се зголеми на 1,1472 долар, што е највисоко ниво за две недели.
Инвеститорите ги загрижува развојот на ситуацијата во кинеско-американскиот трговски план, преговорите за брегзитот и продажбата на акциите на американскиот пазар.
Поради стравувањата од забавување на кинеската економија, утринава под притисок се најде и австралискиот долар, кој исто така беше ослабен во однос на американскиот долар. Јенот зајакна спрема доларот 0,2 отсто, па доларот се продаваше за 112,33 јени. Цената на франкот се зголеми 0,3 отсто во однос на еврото, кое се тргуваше за 1,1344 франк.
Берзи
Европските берзи бележат драстичен пад

Тргувањето на европските берзи утринава почна со драстичен пад на најважните индекси под влијание на острите корекции на цената на нафтата и одлуката на италијанската влада да го игнорира барањето на Европската комисија да го ревидира својот буџетски предлог за в година.
Цените на нафтените компании се намалија во просек 1,9 отсто, а на рударските компании 2,1 отсто.
Трговците ги следат трендовите на пазарите на нафта по вчерашното намалување на цените на американскиот пазар повеќе од 7 отсто, што е најголема дневна загуба во последните две и пол години. Утрово се намали уште 0,5 проценти, на 55,40 долари, што е најниското ниво во една година.
На лондонскиот пазар цените за барел, по вчерашното опаѓање од 6,8 отсто, ова утро се намалија 0,2 отсто, на 65,35 долари, блиску до најниското ниво за осум месеци.
Берзи
Максимално јакнење на доларот во последните десет недели

Вредноста на доларот достигна 10-неделен максимум во петокот, додека инвеститорите очекуваа да видат дали податоците за економскиот раст ќе доведат до прекин на едномесечното зајакнување на националната валута.
Шпекулациите дека американските каматни стапки следната година ќе бидат зголемени поагресивно од очекуваното ќе влијаат на зајакнувањето на доларот во однос на еврото.
Федералните резерви се очекува да ги зголемат каматните стапки за 25 базични поени во декември.
Индексот на доларот се зголеми за 0,1 отсто во споредба со кошницата на валутите, на 96,749 поени, што е највисоко ниво од 16 септември.
Еврото, пак, падна на 10-неделен минимум од 1.135 долари.