Контакт

Берзи

Волстрит под притисок од Грција и од цената на нафтата

Објавено пред

Берзанските индекси на Волстртит се намалија вос редата, бидејќи берзаа се најде под притисок од падот на цената на нафтата и загриженоста на инвеститорите во врска со гршките долгови.

dobivaj vesti na viber

 

 

Исклучок од негативниот тренд беше Dow Jones, кој зајакна минимално за 0,04 отсто, на 17.673 поени, додека S&P 500 ослабна 0,42 отсто, на 2.041 поен, а Nasdaq се намали 0,23 отсто, на 4.716 поени.

 

Во првите два дена од неделата S&P 500 скокна за 2,8 отсто, најмногу благодарение на силниот раст на цената на нафтата. Но, со оглед дека цената на нафтата вчера остро падна, цената на акциите на енергетските компании повторно се најдоа под притисок, при што енергетскиот сектор се намали за 1,6 отсто.

 

Од минатиот петок, кога беше објавено дека во САД бил затворен рекорден број на нафтени ископини, до вторникот цената на црното злато порасна за речиси 19 отсто.

Но, откако вчера беше објавено дека залихите на нафтата во САД минатата недела силно пораснале, што укажува на слабост на побарувачката, цената на нафтата на лондонската берза падна за 6,5 отсто, на 4,15 долари по барел. На, американската берза потона за дури 9 отсто, на 48,45 долари.

 

Остро вчера, за 1,8 отсто, паднаа и цените на акциите на биотехнолошките компании, по вестите кои најавуваа засилен притисок на цените на нивните производи.

 

Од друга страна, силно за осум отсто, скокна цената на акцијата на Walt Disney, откако компанијата извести за подобри деловни резултати од очекуваното.

 

Благодарени на тоа, Dow Jones успеа вчера да забележи плус, за разлика од останатите индекси.

 

Пред крајот на тргувањето негативно на берзата влијаеше и одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) повеќе да не прифаќа грчки обврзници како осигурување за заемите, бидејќи смета дека новата грчка влада отстапи од спроведувањето на меѓународната програма за помош договорена со ЕУ, ЕЦБ и ММФ.

 

Тоа значи дека грчката централна банка во иднина само ќе мора да обезбедува покритие за десетици милијарди евра итни заеми за да им помогне на банките во потешкотиите, кои веќе побараа кредити за ликвидност бидејќи граѓаните ги повлекуваат парите од банките по победата на Сириза на парламентарните избори.

 

Одлуката е објавена само неколку часа по состанокот на новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис со претседателот на ЕЦБ Марио Драги, по која министерот изјави дека ЕЦБ „ќе стори се што е потребно“ за да им помогне на членките како што е Грција. Но, се случи спротивното.

 

„Се чинеше дека е постигнат напредок за грчкото прашање, но сега повторно е направен чекор наназад. Ова само ги потврдува досегашните тези дека се заканува проблем со ликвидност доколку не се реши состојбата со Грција“, вели Лари Перици, брокер во компанијата Cabrera Capital Markets. /крај/ 

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе...

Топ15 часа

Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор во Бутел, ползејќи и губејќи свест стигнала до дворот да повика помош

Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја...

Македонија16 часа

ЗНАМ очекува до крајот на месецот да ги заврши преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за взаемна поддршка на некои кандидати за градоначалници

ЗНАМ на локлните избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници, а со ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија17 часа

Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага

Обвинителството покрена истрага за помагање за З.Д., вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше...

Македонија18 часа

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Група млади активисти и уметници под менторство на програмата за креативен активизам на Центарот за современи уметности реализираа впечатлива и...

Македонија18 часа

Вештачката интелигенција постепено ќе навлезе во училиштата во Македонија, Јаневска подготвува документ со насоки

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го...

Македонија19 часа

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: тетовец возел 190 километри на час, а дозволено е 80

Во текот на вчерашниот ден приведен е возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 километри на час...

Свет21 час

Израелскиот министер: Го убивме командантот на огранокот на Иранската револуционерна гарда

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека израелската армија го убила командантот на меѓународниот огранок на Иранската револуционерна...

Македонија23 часа

Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихеровата скала бил почувствуван синоќа во Охрид и околината. Според информациите на сеизмолошкиот...

Топ1 ден

Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во...

Македонија1 ден

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија2 дена

Вишиот јавен обвинител казнет, намерно и неоправдано направил крупни професионални грешки

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и...

Македонија2 дена

Ефективен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, Апелација им го укина куќниот

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи...

Македонија2 дена

Градоначалникот Мерко казнет со 10.000 евра за незаконското назначување на директори

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е проглаен за виновен од страна на судот за несовесно работење во службата поради незаконското назначувањето...

Македонија2 дена

(Видео) Повредените во Кочани ќе добиваат по два чифта компресивна облека на шест месеци и препорачливо е да ја носат две години

На 58 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе им е дадена компресивна облека и носењето ги дава...

Македонија2 дена

Адвокатот побара ослободување на Љупчо Палевски поради недостиг на докази

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска...

Македонија2 дена

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија“, вели Кузеска

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред...

Македонија2 дена

Стопирана изградбата на објектот во охридската чаршија, инвеститорот немал одобрение

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам направи вонредна контрола на објектот во изгрaдба во Старата охридска чаршија, односно во заштитетната...

Македонија2 дена

Акиов: Не сум гомнар, туку борец за правда, чашата беше прелеана од советникот Алексов

Советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) преку социјалните мрежи, по насилниот инцидент, порача дека тој...

Топ2 дена

Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: загина охриѓанка, возачот уапсен

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“...