Контакт

Берзи

Закрепнување на европските берзи на почетокот на неделата

Објавено пред

По минатонеделните најлоши изведби на европските берзи од март годината, денеска најзначајните индекси беа во плус, поттикнати од активностите на спојување и аквизиции во фармацевтскиот сектор.

dobivaj vesti na viber

 

 

Лондонски FTSE беше во плус 0,68 отсто, на 6.735 поени, франкфуртски DAX 0,73 отсто на 9.737 поени, а париски CAC порасна 0,5 отсто на 4.338 поени.

 

Поддршка на берзите  пружија вестите за превземања. Американската компанија AbbVie ја подобри својата претходна понуда за Shire, вредна 31 милијарда фунти, по што цената на акцијата на британската фармацевтска компанија денеска зајакна за 2,2 отсто.

 

„Тоа е атрактивно за акционерите на Shire и мислам дека ќе ја прифатат понудата“, вели Маној Ладва од компанијата TJM Partners. Европскиот фармацевтски сектор во просек порасна 0,9 отсто.

 

„Не е тајна дека американските компании имаат полно пари…Мислам дека ќе има многу вакви понуди“, рече Мајкл Хјусон, аналитичар во компанијата CMC Markets.

 

Растот на берзите го поттикнаа и острите ценовни добивки компании. Така акцијата на Kuehne&Nagel зајакна 3,3 отсто, а на  Sports Direct за 4 отсто.

 

Од друга страна во загуба и натаму е акцијата на најголемата португалска банка Banco Espirito Santo (BES), со ценовен пад од над 8 отсто. BES и минатата недела беше најголем губитник, откако се откриени финансиски неправилности во мрежата на компании кои стојат зад банката. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во „Пулс“ влегол со билет за кој не добил фискална, никој не му побарал лична карта, а од стампедото го спасил обезбедувачот Столе, сведочеше Иван Данаилов

Дваесетипетгодишниот Иван Данаилов, гостин во „Пулс“ вечерта кога се случи пожарот, на денешното судење сведочеше дека во клубот влегол со...

Македонија2 часа

МВР ги објави казните за „Безбеден град“: што ќе се санкционира и колку ќе плаќаат возачите кои ќе направат прекршок

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните...

Македонија2 часа

Николоски предлага три решенија за проблемот со шенгенските правила за превозниците

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на граничниот премин Блаце им даде поддршка на домашните транспортери, кои од денеска...

Македонија4 часа

Келнер, кој непријавен работел во „Пулс“, сведочи дека клубот имал само еден влез, имало малолетници, а пред пожарот со 63 жртви имало танчерки кои вртеле факели

Првиот сведок на Обвинителството, 20 – годишниот Кристијан Панов, на денешното судење за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа...

Македонија5 часа

Две монтажни катни гаражи добива Клиничкиот центар во Скопје, најави Орце Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави отпочнување на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче ја критикуваше Владата дека го кочи европскиот пат и нема волја за уставни измени

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седница на Националниот совет за евроинтеграции изрази сериозна загриженост поради, како што рече, целосниот...

Македонија6 часа

Судењето за „Пулс“ почна со предупредување за родителите на загинатите дека ќе бидат исклучени, по тензиите со бранителката на Јованови

Денешното судење за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ со 63 жртви и над 200 повредени почна со предупредување за родителите...

Топ7 часа

Три лица тешко повредени во сообраќајка помеѓу три возила во тетовско

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во 22:50 часот на регионалниот пат Јажинце...

Македонија7 часа

Не е тајна дека Мицкоски има работено во бизнис секторот и има добро заработено, велат од ВМРО-ДПМНЕ за скапите часовници на премиерот

Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот...

Македонија8 часа

Блокадите на границите не се решение, загубите ќе бидат големи, смета Стопанската комора

Проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез...

Македонија8 часа

Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција информира дека до МВР е доставена најава за одржување...

Македонија9 часа

150 минимални плати чинат часовниците на Мицкоски, велат од СДСМ

„Премиерот Христијан Мицкоски се најде на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници“, велат...

Топ9 часа

Пијана со нож го прободела сопругот, а потоа го гребела по вратот и телото: жена од Хрватска осомничена за семејно насилство во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека...

Европа10 часа

Зеленски: Кучето на Лукашенко има повеќе права од белорускиот народ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Белорусија е сè уште принудена да постои како територија управувана од Русија, додавајќи дека...

Свет11 часа

(Видео) Градоначалникот на Њујорк снимен со лопата во рака

Њујорк, Њу Џерси и Конектикат прогласија вонредна состојба поради голема зимска бура што донесе обилни снежни врнежи во целиот регион....

Свет11 часа

(Фото) Зимска бура во САД: Најмалку седум мртви, стотици илјади без струја

Опасната зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави усмрти најмалку седум лица и остави стотици илјади домови без електрична...

Свет23 часа

Ризик по животот: Човекот кој се искачи на Тајпеј 101 без заштита земал половина милион евра

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изјави дека му е платен „смешно мал“ надомест за да се искачи на облакодер од 488...

Топ24 часа

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ1 ден

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...

Свет1 ден

Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење...