Економија
Британците заинтересирани за инвестиции во спа туризмот во Македонија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) од 3-ти до 6-ти ноември 2014 година ја промовира Македонија и македонскиот туристички производ на интернационалниот саем за туризам World Travel Market во Лондон, Англија.
Република Македонија за првпат учествува на овој саем, а учеството е во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Република Македонија пред Англиските туристи ќе се претстави како привлечна дестинација за патување за кои дополнителна предност е и дирекната линија на Wizz Air, Скопје-Лондон (Luton).
Во вторник, АППТ организира коктел и дегустација на македонската традиционална храна и вино.
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Кристијан Џамбазовски, оствари средби со Томас Кук, претставници на ABTA (Британска асоцијација на тур оператори) и туристичките компании Global Travel Investment, како и Europo-american investment corporation кои пројавија интерес за инвестиции во спа туризмот.
Учество на македонскиот штанд имаат туристичките агенции Ториа, Визит Мацедониа, Македонија травел, Амбасадор Мак, Клинички центар, како и Асоцијацијата за дојдовен туризам кои на туристичките работници од Англија, Европа и светот им презентираат квалитетни понуди и атрактивни туристички производи од Македонија.
Со оваа саемско промовирање се прават напори да се отвори уште еден туристички пазар со цел зголемување на бројот на странските туристи во Македонија која е промовирана и во каталогот на WTM, како и онлајн промоција на официјалната страна на саемот.
Светската туристичка берза WTM годинава се организира по 35-ти пат и ќе биде форум за презентација на 186 земји/региони со приближно 698 штандови и 4,903 излагачи/компании од областа на туризмот. Ќе учествуваат и рекорден број на трговски професионалци (околу 22,100) како и 8,544 купувачи и 2,888 новинари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

