Економија
ECB: Новите мерки ќе ја поткрепат инфлацијата, печатењето пари не е исклучено

Новиот пакет поттикнувачки мерки ќе помогне за јакнењето на цените на банкарското кредитирање, меѓутоа во Европската централна банка (ECB) се подготвени, по потреба и да печатат пари, порача во четвртокот нејзиниот челник Марио Драги.
Претходно во четвртокот Европската централна банка (ECB) објави дека ги задржува рекордно ниските каматни стапки на 0,15 отсто и негативната каматана стапка за комерцијалните банки од 0,1 отсто на прекуноќните депозити за да ги поттикне на поголемо кредитирање на малото и средното претприемништво. Мерките коишто беа најавени на почетокот од јуни, исто така, вклучуваат и продолжување на траењето на програмата за поволни кредити за банките до крајот на 2016 година, како и нова програма за четиригодишни заеми.
Претставувајќи ги поединостите од оваа програма, гувернерот на ECB, Марио Драги, нагласи дека банките мораат да ги искористат тие пари за кредитирање, бидејќи во спротивно ќе мора да ги вратат.
„Монетарните операции коишто ќе се спроведуваат следните месеци ќе се надоврзат на тоа ублажување и ќе го поткрепат банкарското кредитирање. Кога нашите мерки ќе допрат до стопанството, ќе придонесат за враќање на годишната стапка на инфлацијата на ниво поблиску до два отсто“, истакна Драги на прес-конференцијата по завршувањето на редовното месечно заседание на челниците на ECB во Франкфурт.
Годишната инфлација во 18-члената еврозона во јуни, според прелиминарните процени на Eurostat, се задржала на 0,5 отсто, што е под зацртаните близу 2 процента на ECB и во „опасната зона“ под 1 отсто, како што ја нарекува Марио Драги.
Челникот на ECB им порача на учесниците на пазарите и дека во управниот совет на централната банка се подготвени за квантитативно ублажување на монетарната политика, а тоа, во прв ред, значи печатање пари за потребата на откупот на државните или приватните долгови од банките, за трошоците на задолжувањето да останат ниски,а потрошувачката да добие поттик, доколку инфлацијата и натаму слабее.
„Управниот совет е единствен во ставот дека сме подготвени да ги употребиме и расположливите неконвенционални инструменти, доколку има потреба за уште посилно да се сузбијат опасностите од предолгиот период на ниска инфлација“, рече Драги./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.