Економија
Ќе се доградуваат и реконструираат патишта со пари на Светска банка

Наредната година ќе се доградуваат и реконструираат вкупно десет магистрални и регионални патишта со 52 милиони евра, кредит од Светска банка којшто го зела Агенцијата за патишта, а го гарантира Министерството за финансии.
„Дел од нив се патот Делчево-Кочани, Маврово-Дебар, Гостивар-Тетово, Делчево-Голак и повеќе други, вкупно 10, кои ќе бидат целосно реконструирани, реновирани, некои од нив проширени или изградба на нови. Тоа покажува дека Владата освен што е фокусирана на градба на трите големи автопатишта не го занемарува и делот на регионите, градејќи патишта во сите различни региони на Македонија. Внимаваме и на тој дел затоа што и тие се многу користени патишта од граѓаните, не само автопатиштата“, изјави премиерот Никола Груевски.„Владата е во добра позиција да ги врати долговите наредната година откако ја издаде евро обврзницата… Овој заем не се дава како појас за спасување на Владата туку како долгорочна инвестиција“ рече Татјана Проскурјакова, директор на Светска банка за Македонија. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.
Економија
Трипуновски: Со кампања ја подигаме свеста за купување домашни земјоделски производи

Цветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ имаше обраќање на денешната трибина на тема „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“, која се одржа во општина Струмица. Трипуновски зборуваше околу кампањата која би била насловена Македонско најдобро, а целта е да се подигне свеста за важноста од купувањето на домашни земјоделски производи и преработки со што се поддржуваат земјоделците и економијата во земјава. Тој додаде дека во рамки на кампањата ќе биде воведена и платформа која ќе овозможи лесен пристап до информации за производителите и продавачите на земјоделски производи, како и подобра евиденција на земјоделското производство во Македонија.
„Во изминатите месеци работевме еден проект кој сакаме да поттикнеме купување на домашни македонски земјоделски производи. Исто така и преработки. Кампањата би се викала Македонско најдобро, во текот на наредните 10тина дена ќе има и официјална презентација на истата кaмпaња со сите цели и аспекти кои што истата треба да се спроведат и да се постигнат“, рече Трипуновски.
Трипуновски истакна дека купувањето македонски земјоделски производи значи поддршка за домашните земјоделци, преработувачи и целата економија.
„Она што е суштината, сржта на оваа кампања е да ја подигнеме свеста кај македонскиот потрошувач дека со купувањето на македонските земјоделски производи и преработки од истите при самото купување помагаме пред се на оној кој што го произведува тој производ. Тоа е оној почитуван земјоделец којшто упорно работи надвор на полињата за да произведе и да имаме доволна количина на храна. При самото купување на било кој земјоделски производ, ја помагаме и домашната економија, ги помагаме сите преработувачи кои што учествуваат во секторот бидејќи истите имаат вработени кои што делат плата и едноставно нивните семејства ги издржуваат“, вели Трипуновски.
Тој посочи дека кампањата е добро прифатена од јавноста, а новина е воведувањето на платформа што ќе овозможи поврзување на производители, преработувачи и потрошувачи, со цел полесен пристап до домашни земјоделски производи и подобра евиденција на производството.
„Првиот впечаток од јавноста дека кампањата е убаво прифатена, исто така една од новините во оваа кампања ќе биде една платформа која што ќе биде изработена. Во платформата ќе имаме регистрација на сите земјоделски производители по тип на производство. Исто така ќе бидат регистрирани сите потрошувачи односно сите маркети, сите производители и преработувачи на земјоделски производи. Секој еден граѓанин со еден клик ќе може да си избере тип на производ кој што го сака да го купи, каде тој се продава од неговото место на живеење и на тој начин ќе имаме една база на податоци која што ќе значи целокупна евиденција на целокупното земјоделско производство во нашата држава,“ кажа Трипуновски.
Трипуновски додаде дека кампањата има за цел преку медиумска промоција да ја поттикне свеста кај потрошувачите за значењето на купувањето домашни земјоделски производи, со што, според него, директно се поддржуваат земјоделците, селото и македонската економија.
„Оваа кампања ќе биде пропратена со низа на медиумски елементи што ќе значи промоција на домашното производство, единствено целта е да ја подигнеме свеста кај потрошувачот, бидејќи со секое купување на било кој земјоделски производ ја помагаме нашата економија, нашето село и нашиот земјоделец којшто вредно работи“, заклучи Трипуновски.
Економија
Пенков: Поддршката на Владата за локалната самоуправа е клучна, развиени општини се основа за развиена држава

Златко Пенков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, истакна дека клучната поента е стабилизација на економијата, преку растот на БДП од 3% и зголемената економска активност во сите сектори. Тој посочи дека особено е значајна поддршката од страна на Владата за локалната самоуправа, со цел да се унапреди развојот на општините како основа за стабилна држава.
,,Клучна поента, клучен збор е стабилизација. Стабилизација со 3% раст во првиот квартал на БДП. За мене клучна поента на целокупниот документ наречен Ребаланс или предлог за измени и дополнување на буџетот е стабилизацијата која што јас ја гледам како одлична основа“, рече Пенков.
Пенков истакна дека буџетскиот дефицит останува стабилен што значи дека одговорно се управува со јавните финансии.
,,На приходната страна се проектирани 362 милијарди 377 милиони денари, а на расходната страна имаме проектирано 403 милијарди 727 милиони денари. Дефицитот, останува ист. Проектирана 41 милијарда и 350 милиони денари, т.е нема промена во висината на буџетскиот дефицит. Според доставените податоците, секако и во директна комуникација со заменикот министер, заклучивме дека станува збор за економски термин реалокација на средства“ истакна Пенков.
Пенков посочи дека БДП во првиот квартал од 2025 година пораснал за 3%, што укажува на продолжена стабилизација и зголемена економска активност во сите сектори.
,,Најважниот показател, БДП, во првиот квартал во 2025 година расте со стапка од 3%. Односно, продолжува позитивниот тренд. Она што во експозето на заменик министерот стои како продолжена стабилизација, мислам дека е јасно зошто, затоа и во претходните два квартали имаме исклучително позитивна стапка на раст меѓутоа за мене најважно е како е настанат тој раст. Со зголемена економска активност во сите сектори. Посебно ги издвојувам градежништовото со 7,1% меѓутоа не помалку важно и растот во преработувачката индустрија, со 3,7 процентни поенти“, кажа Пенков.
Според Пенков, растот на БДП се должи на зголемената домашна побарувачка, значаен раст на бруто инвестициите и позитивен придонес од растот на извозот.
,,На расходната страна растот на БДП се должи на зголемена домашна побарувачка. Бруто инвестициите имаат раст од 18% и на сето ова може слободно да додадеме и еден позитивен сигнал од растот на извозот од 1,2% на реална основа“, рече Пенков, и додаде:
,,Стапката на невработеност, често пати е екплоатирана тема, 11,7% и имаме намалување од 0,2 процентни поени додека стапката на вработеност во истиот период изнесува 46,3%“.
Тој посочи и на поддршката на Владата за општините преку финансирање инфраструктурни проекти и обезбедување финансиска стабилност, бидејќи според него, развиени општини се основа за развиена држава.
,,Многу значајна продолжува и останува поддршката на Владата до единиците на локалната самоуправа по најмалку два сегменти, првата е да се овозможи финансирање на инфраструктурни проекти од една страна и од друга страна да се работи на финансиската стабилност за единиците на локалната самоуправа. Затоа што конечно сите мораме да разбереме дека една држава за да биде развиена мора да има развиени општини“, додаде Пенков.
Пенков истакна дека Владата има приоритет да ги развие локалните самоуправи преку продолжување на децентрализацијата, пренесувајќи надлежности од централната власт на општините, со цел подобри услуги за граѓаните.
,,Врвниот приоритет на Владата се развиени единици на локалната самоуправа од една страна а од друга страна е продолжување на процесот на децентрализација, тоа значи надлежностите кои што ги имаат органите на управата кои што се по директни јурисдикција на Владата постепено да се пренесат на единиците на локалната самоуправа и тоа јас сум убеден дека ќе биде дополнителен инпут за секоја општина и за граѓаните на таа општина“, заклучи Пенков.