Европа
Полскиот кандидат за европски комесар под истрага

Кандидатот на Полска за нов европски комесар, Јануш Војчичовски е под истрага на агенцијата на ЕУ за спречување корупција и измама, поради наводни неправилности во патните трошоци, рекол портпаролот на агенцијата за германски „Шпигел“.
Наводите за неправилности датираат од времето кога Војчичовски бил пратеник во Европскиот парламент, меѓу 2004 и 2014 година. Кандидатот на Полска за комесар изјавил за „Шпигел“ дека платил 11.250 евра зошто не водел сметка за документирање на патните трошоци меѓу 2009 и 2011 година и тоа на негова иницијатива.
Според информациите од светските медиуми, истрагата на агенцијата на ЕУ се однесува на дополнителни трансакции и информации од Европскиот парламент, како и дека се работи за петцифрена сума.
Војчичовски, кој е член на Европскиот суд за ревизор и поранешен заменик претседател на Одборот на Европскиот парламент за земјоделство, најверојатно ќе го води секторот за земјоделство во комисија на чие чело ќе биде Урсула фон дер Лајен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Се урна хеликоптерот на милијардерот Владимир Ковар: во моментот на несреќата богаташот управувал со леталото

Милијардерот Владимир Ковар, основач на чешката софтверска компанија „Уникорн“, е повреден кога неговиот хеликоптер се урнал во Чешка, во близина на селото Храдецко.
Несреќата се случила во саботата, а Владимир поминал со полесни повреди. Според прелиминарните наоди на истражителите, причина за несреќата е неконтролирано пилотирање за време на маневри за слетување, пренесува Novinky.cz.
Владимир Ковар, кој беше на листата на 100-те најбогати Чеси од страна на магазинот „Форбс“, има пилотска дозвола и основа школа за обука на пилоти за хеликоптери. Несреќата се случила непосредно пред слетувањето.
„Нему му недостигаше брзина на одредена височина. Во тој момент ништо не можеше да се направи и леталото падна на земјата. Тоа беше грешка што можеше да се случи. Тука секундите беа одлучувачки. Немаше прашање за каква било недисциплина“, изјави Јозеф Бејдак, заменик-директор на Канцеларијата за истражување на причините за авионски несреќи.
Портпаролката на полицијата, Барбара Шматерова, изјави дека 62-годишниот пилот бил негативен на алкотестот.
Брза помош го пренела Ковар во Универзитетската болница во Плзењ. Во неделата директорот на болницата, Милан Немец, за „Новинки“ потврди дека пациентот е хоспитализиран на ортопедскиот оддел.
Тој беше подложен на едноставна медицинска процедура и неговата состојба не е сериозна“, рече Немец.
Хеликоптерот се урнал во поле, на 20-ина метри од патот. Според портпаролката на регионалната служба за итни случаи, Мартина Штепан, пилотот цело време бил свесен.
„Имаше полесни повреди на долните екстремитети. Поради карактерот на механизмот на повреда, со хеликоптер е пренесен во здравствена установа“, прецизира Штепан.
Богатството на Владимир Ковар се проценува на повеќе од осум милијарди чешки круни.
Европа
Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Додека Очите на Европа и на Запад главно се насочени кон војната во Украина, тензиите на Западен Балкан растат се повеќе и повеќе. Врвот на британската власт го нарекува регионот „уште едно жариште“ и предупредува дека рускиот претседател Владимир Путин го користи моментот за да ги дестабилизира поранешните југословенски земји, да ја поттикне поделбата и да го турка регионот подалеку од ЕУ и Западот и поблиску до Москва и Пекинг, пишува Политико.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами го посети регионот минатата недела за да ја потврди британската поддршка за проширувањето на Европската унија во сите шест земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија.
„Со војната во Европа и долгата рака на руското учество и овде, би било крајно неодговорно да се игнорира Западен Балкан“, изјави Лами за Политико.
Според Лами, целта на Путин не е помирување, туку постојана нестабилност и немири. „Во негов интерес е да го држи регионот на работ, да ги одржува општествата немирни и да ги одржува конфликтите поттикнати од сајбер и хибридната војна“, рече тој.
Многу западни дипломати веруваат дека Кремљ би можел да ги искористи длабоко вкоренетите етнички и верски тензии за да поттикне нови конфликти и да го зајакне своето влијание во дворот на Европската унија.
Британски функционер предупреди дека Балканот мора брзо да оди напред, бидејќи Брисел наскоро би можел да биде преокупиран со влезот на Украина во ЕУ. „Прозорецот на можности е многу тесен. Балканот повеќе не може да седи на две столчиња“, рече тој.
Србија: меѓу ЕУ и „мрачната визија“
Иако Србија преговара за влез во ЕУ од 2009 година, британскиот министер признава дека постојат две визии за иднината на земјата – едната ориентирана кон Европа, а другата поавторитарна, со поголема контрола, корупција и блискост со Русија. На белградските улици јасно се гледаат овие поделби.
Бранот масовни студентски протести, кои траат од ноември минатата година кога 16 лица загинаа при уривање на настрешницата на станицата во Нови Сад, секојдневно ги блокираат патиштата. Протестите се проширија и на противењето на планираниот луксузен комплекс на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, на местото на поранешното Министерство за одбрана, кое беше бомбардирана од НАТО во 1999 година.
Знамињата на ЕУ не се веат на протестите, а многу студенти сметаат дека Брисел е соучесник на корупцијата против која се борат. Паралелно со Вучиќ се преговара за членство и се прават обиди да му се приближат поради српскиот литиум“, велат организаторите, истакнувајќи го лицемерието на европската политика.
Србија не ја признава независноста на Косово, одбива да воведе санкции кон Русија и продолжува да ги продлабочува воените и економските односи со Москва и Пекинг. „Парадоксот живее овде“, рече Лами, кој вели дека Путин го сака Западен Балкан како „следното игралиште“.
БиХ: Додик како нарушувачки фактор
Во Босна и Херцеговина, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, се соочува со правосилна пресуда за непочитување на одлуките на меѓународниот висок претставник. Наместо да биде уапсен, Додик слободно се движи, неодамна беше во Белград со Вучиќ, а потоа во Москва со Путин.
Иако САД и Велика Британија веќе воведоа санкции против него, британската политичарка Арминка Хелиќ бара построги мерки. „Ова не е брз рез, туку бавна инфекција“, вели Хелиќ, која и самата избегала од Босна и Херцеговина за време на војната.
Предупредува дека Западот е премногу пасивен кон ширењето на влијанието на Русија на Балканот, кое се спроведува преку црквата, медиумите, дезинформациите и политичките сојузи.
Хелена Иванов од британскиот тинк-тенк Henry Jackson Society смета дека Западот може повторно да задоцни, како што задоцни во 1990-тите. „Не е во прашање војна, но тие би можеле да се разбудат во време кога руските и кинеските влијанија се веќе длабоко вкоренети и тогаш ќе биде предоцна“, рече таа.
Заедничкиот заклучок на британските претставници, како и политичките аналитичари е јасен: доколку ЕУ и пошироката меѓународна заедница не дејствуваат брзо и решително, Путин би можел да го претвори Балканот во нова зона на конфликт и нестабилност, исто како што направи во Украина.
Европа
Кремљ: Путин ќе одлучи дали ќе ја нападне украинската енергетска инфраструктура

Одлуката дали да се продолжи мораториумот на нападите на украинските и руските енергетски постројки ќе зависи од претседателот Владимир Путин и можните разговори со САД, изјави денеска портпаролот на Кремљ, пренесе агенцијата ТАСС.
„Тоа ќе зависи од одлуката на претседателот Путин“, рече Дмитриј Песков, одговарајќи на прашање дали договорот, постигнат со американско посредништво, ќе биде продолжен по истекот на 16 април (30 дена по објавувањето на мораториумот на 18 март).
Песков тврди дека „украинската страна во суштина не го почитува мораториумот“.
„Затоа, се разбира, ќе биде неопходно да се анализираат овие 30 дена. Веројатно да се разменат информации и размислувања со Американците. И тогаш врховниот командант, претседателот, ќе донесе одлука“, заклучи портпаролот на Кремљ.