Контакт

Компании

Профит на Охридска во првиот квартал порасна за 73 насто

Објавено пред

Охридска банка оставри раст на кварталниот профит од 73 насто, споредено со профитот остварен во истиот период од минатата година.

Нето добивката на банката во првиот квартал годинава изнесува 204 илјади евра (12,5 милиони денари), додека во истиот период лани, профитот на банката изнесуваше скоро 118 илјади евра (7,25 милиони денари).Според соопштението на банката, нето банкарскиот приход за истиот период изнесува 2,55 милиони евра, што е за 28,7 насто повеќе во однос на приходот остварен во една година порано. Растот на приходите во најголем дел произлегува од порастот на нето приходите од камати. За првите три месеци банката реализираше 1,93 милиони евра нето каматни приходи, што е за 45,6 насто повеќе во однос на ланскиот период кога овие приходи изнесуваа 1,3 милиони евра.Акцијата на банката котира на официјалниот пазар на Македонската берза и последната достигната цена на оваа акција изнесува 1.400 денари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

ЕСМ: Нашата цена на струја е пониска за 55% од цената на слободниот пазар

Објавено пред

Пазарот на електрична енергија е либерализиран за сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата, соопшти ЕСМ.

Како што се наведува, секој потрошувач има право да се снабдува и на слободниот пазар на електрична енергија по цени кои не се предмет на одобрување од Регулаторната комисија за енергетика.

„ Доколку домаќинствата купуваат електрична енергија на слободниот пазар набавната цена со вклучени трошоци за балансирање и обновливи извори изнесува 3,65 ден/kWh, додека цената по која ЕСМ ги снабдува домаќинствата на регулираниот пазар изнесува 2,33 ден/kWh, односно цената на ЕСМ е пониска за 55% од цената на слободниот пазар.

Кога на набавна цена од слободниот пазар ќе се додаде мрежарината која изнесува 1,99 ден/kWh, како и трошокот за операторот на пазарот кој изнесува 0,0081 ден/kWh , крајната цена за домаќинствата на слободниот пазар за домаќинствата изнесува 5,65 ден/kWh.

Цената за домаќинствата со последната одлука од Регулаторната комисија за енергетика изнесува 4,49 ден/kWh, односно е пониска за 26% отколку цената на слободниот пазар.

Концептот кој што е имплементиран во Законот за енергетика обезбедува заштита на домаќинствата од повисоките цени на слободниот пазар.

АД ЕСМ напоменува и дека сите инвестиции, вклучувајќи ја изградбата и на обновливите извори на енергија, компанијата ги финасира од сопствени средства кои ги обезбедува со своето работење, како и од поволни линии од светските финансиски институции, кои потоа редовно ги сервисира“ се вели во соопштението на компанијата.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Се санираат состојбите во рудниците во РЕК Битола, најавена е и помош од Србија

Објавено пред

Се санираат состојбите во рудниците во РЕК Битола по елементарната непогода и поплавите кои се случија на откопните полиња за јаглен предизвикани од обилните врнежи во изминатиот месец, а особено во последната недела.

Неколку багери се вратени во функција, се испумпува водата и калта од откопните полиња, се вложуваат напори за брза набавка на неопходните дополнителни технички ресурси. Доколку е потребно, ќе пристигне и помош од соседна Србија, каде компанијата сродна на АД ЕСМ има искуство со неодамнешни поплави на производствените капацитети.

Предизвиканите штети на системот за ископ и транспорт на јаглен нема да влијаат врз производната цена на електричната енергија, бидејќи сите ресурси се осигурани од страна на соодветно осигурително друштво и штетата за комбинатот и за компанијата ќе биде покриена.

Генералниот директор Ковачевски ги осуди нападите врз РЕК Битола и вработените од страна на опозициската ВМРО–ДПМНЕ, со оценка дека во моментов таквите партиски пресметки преку грбот на најголемиот државен производител на електрична енергија се несериозни и штетни за целата држава која во најголем дел се снабдува со струја од РЕК Битола.

,, Вчера се состана Управниот одбор на АД ЕСМ заедно со стручниот колегиумот на РЕК Битола токму тука во комбинатот. Беа утврдени понатамошните чекори кои ќе се преземат и беа утврдени конкретните задачи по служби и по секој еден вработен. Мотивацијата меѓу вработените е голема, сите се на работните места, нема годишен одмор, нема викенд, сите се вратија на работа за да дадат свој придонес овој комбинат кој е гордост на сите нив повторно да се врати во нормално функционирање и да го надмине овој голем и огромен предизвик за сите нас. Тоа што не помага и што создава чувство на разочараност кај вработените се политичките пресметки што се прават преку нивниот грб од страна на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски. Зачуденоста на вработените е уште поголема затоа што Мицкоски бил и директор во еден период. Сега од него дочекаа да слушнат дека не треба да им се дава и вода за пиење по рудниците. Го повикувам Мицкоски да дојде тука, ќе го однесам во рудникот ако нема отидено, за да види што е рудник, што се рудари и што е елементарна непогода во јагленови откопни полиња“ изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски информираше дека во изминатиот период во рудниците се правеле и дополнителни брани и канали со цел да се заштитат пониските места за ископ и на тој начин е спречено да дојде и до полоша ситуација од моменталната. Ќурчиевски изјави дека со натчовечки напори на вработените во комбинатот, во функција полека се враќа дел од механизацијата за ископ.

,,Во функција веќе е вратен еден од багерите, 323, а очекуваме до утре во функција да се врати и багерот 630/1 со претоварниот уред, и со тоа да го обезбедиме континуираното снабдување со јаглен на термоелектраната и да го одржуваме нивото на депонијата на моменталната состојба, односно околу 80.000 тони јаглен, што е вообичаена количина за летниот период. Сите сили во наредниот период ќе бидат насочени кон оспособување и најголемиот багер, КУ 300 ,,-изјави директорот Ќурчиевски.

Прикажи повеќе...

Економија

ФИТР запира со финансирање на компаниите што ја злоупотребија државната помош

Објавено пред

Фондот за иновации и технолошки развој соопшти дека ја запира реализацијата на проектите од компании што се најдоа на листата на УЈП за неисплатени минимални плати од државна помош.

Стaнува збор за три активни проекти, од кои за еден досега се исплатени финансиски средства („Гери ван Симон“ ДООЕЛ), а кои се предмет на мониторинг од страна на меѓународна ревизорска куќа. За активните проекти на другите две компании („МСТ солушн“ и „Лини 08“ ДООЕЛ) досега не се исплатени финансиски средства од Фондот.

Овој чекор следува по објавените податоци од УЈП и Генералниот секретаријат на Владата, кои укажуваат на несоодветен однос на овие компании кон работниците, особено во време на глобална пандемија на Ковид-19.

„Ова сериозно влијае врз угледот, а со тоа и врз капацитетот на овие компании за реализација на предвидените проекти. Потсетуваме дека капацитетот, како и поширокото влијание на проектите, се дел од критериумите за евалуација и доделување финансиска поддршка од Фондот. Одлуката во однос на натамошниот статус на овие проекти ќе биде донесена од страна на Комитетот за одобрување инвестиции при Фондот, а по завршување на процедурите пред надлежните институции задолжени за реализација на државната помош за минимална плата“, велат од ФИТР.

Фондот за иновации и технолошки развој спроведува строги процедури и механизми за заштита на јавниот интерес и средства што важи за сите корисници, без исклучок.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на...

Свет51 минута

Падна либанската влада

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан. „Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан. Либанската влада падна...

Свет1 час

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според...

Свет2 часа

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на луѓе што се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата...

Македонија4 часа

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван кому му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјата...

Македонија5 часа

Состанокот за протоколите за училиштата ќе продолжи утре

Утре ќе продолжи состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се...

Македонија6 часа

Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични натписи на полициските униформи

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите, со кои полициските униформи ќе добијат...

Свет8 часа

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

Најмалку еден човек е убиен, а десетици се повредени за време на антивладините протести во Белорусија. Како што пренесуваат светските...

Македонија8 часа

Министерот Адеми се излекува од коронавирусот

Министерот за образование, Арбер Адеми, соопшти дека се излекувал од Ковид-19. „Конечно заврши предизвикот со Ковид-19! По две негативни последователни...

Свет8 часа

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот

Здравствените власти што се борат со пандемијата на коронавирусот се соочени со нов проблем – однесувањето на младите, кои ги...

Регион9 часа

Пет лица загинаа во поплавите на грчкиот остров Евија, меѓу нив и бебе

Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна во неделата кога поројни дождови и поплави го погодија...

Македонија10 часа

Само во Пехчево нема ниту еден заразен од коронавирус

Пехчево е единствениот град во Македонија, во кој во моментот нема ниту еден активен случај со коронавирус. Во Пехчево, досега...

Свет20 часа

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година....

Македонија21 час

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија22 часа

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Регион1 ден

Синот на убиената новинарка на Малта: Мајка ми го истражуваше и Ѓукановиќ

Синот на Дафне Каруанa Галиција рекол дека неговата мајка ја истражувала и врската на Мило Ѓукановиќ во случајот „Можура“. Синот...

Македонија1 ден

Четворица починати и 85 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа четири лица починаа од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти Министерството...

Свет1 ден

(Видео) На Трамп не му се допадна прашање од новинар и ја напушти прес-конференцијата

Американскиот претеседател, Доналд Трамп, ја напуштил вчерашната прес-конеференција откако новинарка го прашала за неговата изјава за здравствената заштита за ветераните,...

Регион1 ден

Силно невреме во Грција – тројца загинати, меѓу кои и бебе

Најмалку тројца луѓе, меѓу кои и бебе се најдени мртви во невремето кое го зафати грчкиот остров Евија во централна...

Македонија1 ден

(Видео) Се запалија неколку автомобили на паркинг во Ново Лисиче

Утрово во скопската населба Ново Лисиче, на паркинг гореа автомобили. Жителите од околните згради се собраа да го гаснат пожарот,...

Досие