Контакт

Компании

Хјундаи поголем од Форд

Објавено пред

Групацијата на Хјундаи Мотор Компани каде што спаѓа и КИА го престигна Форд по број на продадени возила во првата половина на годината и со тоа стана четвртиот по ред производител на автомобили на светот.

dobivaj vesti na viber

Иако разликата  на продадени автомобили е далеку од масивна, станува збор за само 8.000 автомобили повеќе, сепак Хјундаи успеа да го престигне американскиот гигант.  Интересно е  што само до пред десет години заедничкото  произвoдство на Хјундаи и на КИА немаше да им овозможи да се пласираат ниту меѓу десетте најголеми производители на светот. Но, работите се менуваат.  Денес корејскиот гигант ја рашири својата мрежа на работење покрај Јужна Кореа има  погони во Соединетите Американски  Држави, во Европа поточно Словачка, во Кина и во Индија.  Стратегијата  на Хјундаи Мотор Компани е да создава модели според условите и побарувањата на пазарите на кои се нудат истите. Значи конкретни модели за конкретни пазари.  Стратегија  која очигледно функционира безпрекорно и вродува плод. Доволно за Хјундаи да се вброи во четирите најголеми производители на автомобили на светот.  Во првата половина на годината Тојота е на прво место со произведени 3.564.105 автомобили, втор е Џенерал Моторс со 3.552.722 автомобили, а трета е групацијата на Фолксваген со 3.100.300 автомобили.  Следува список на десетте најголеми производители  на автомобили на светот:  Марка        01-06-09        01-06-08        разлика  1 Тојота      3.564.105      4.815.442          -26%  2 ГМ           3.552.722      4.541.125         -21,8%3 ФВ           3.100.300      3.265.200         -5,1%4 Хјундаи     2.152.000          —-                 —-5 Форд          2.145.000      3.093.000         -30%6 ПСА         1.586.900       1.844.700         -14%7 Хонда       1.586.000       2.022.000        -21,6%8 Нисан      1.545.976       2.013.611        -23,2%9 Сузуки      1.152.000       1.283.000       -10,2%10 Рено    1.106.989      1.326.164       -16,5%



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

SEAT S.A. постигна историски рекордни финансиски резултати благодарение на двоцифрениот раст и ефикасноста на SEAT и успехот на CUPRA

Објавено пред

“Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“

dobivaj vesti na viber

SEAT S.A. постигна историски рекордни финансиски резултати, благодарение на двоцифрениот раст и ефикасноста на SEAT и успехот на CUPRA

· Оперативната добивка на SEAT S.A. достигна рекордни 625 милиони евра, повратот од продажба достигна 4,4%, а прометот за минатата година се зголеми на 14,3 милијарди евра

· Нова инвестиција во брендот SEAT се новите освежувања на Ibiza и Arona, како и подобрувањето на Leon и Ateca

· Во 2024 година е планирано лансирањето на CUPRA Tavascan и CUPRA Terramar

SEAT S.A. ги претстави своите резултати за 2023 година заедно со својата стратегија за претстојните години. Минатата година, според Меѓународните сметководствени правила (МСФИ), оперативната добивка достигна рекордни 625 милиони евра, зголемувајќи се за 592 милиони евра (2022: 33 милиони евра). Ова претставува подобрување на повратот на продажбата од 4,1 процентен поен, од 0,3% на позитивни 4,4%. Годишниот промет исто така достигна историски 14,333 милијарди евра, 31,0% повеќе од 2022 година (10,941 милијарди). Овие резултати ја потврдуваат силата на компанијата и успехот на нејзината постојана стратегија за трансформација.

„Зад себе оставаме година во која SEAT S.A. ги објави најдобрите финансиски резултати во својата 73-годишна историја, осигурувајќи се дека нашата компанија продолжува на својот пат кон попрофитабилна иднина“, рече Вејн Грифитс, извршен директор на SEAT и CUPRA. „2023 година беше година на огромни контрасти за автомобилската индустрија, како и за нашата компанија, бидејќи продолживме да се движиме низ морето на несигурност додека ја претрпевме најголемата трансформација во нашата историја“.

 

„Во 2023 година, SEAT S.A. направи голем чекор на своето патување на трансформација: имавме за цел да направиме значително подобрување и тоа е она што успеавме да го направиме. Постигнавме рекорди на сите времиња во промет, оперативна добивка и оперативен готовински тек. Ова совршено ги одразува позитивните ефекти од растот на обемот на марката CUPRA и обновувањето на обемот на марката SEAT, како и важноста на напредокот што го постигнавме со нашата програма за подобрување на перформансите“, рече Дејвид Пауелс, потпретседател за финансии и ИТ во SEAT. С.А.

ИНВЕСТИЦИИ ВО БРЕНДОТ НА SEAT

Гледајќи во иднината, SEAT S.A. ја има поставено вистинската стратегија за да го одржи профитабилниот раст на компанијата. Брендот SEAT ќе игра клучна улога во ова и компанијата ќе лансира подобрени plug-in хибридни и штедливи автомобили на SEAT.

Arona и Ibiza ќе добијат подобрување во 2025 година, а во следните месеци, марката ќе лансира нова и подобрена верзија на SEAT Leon, со технички и технолошки надградби. Понатаму, Ateca ќе биде подобрен и неговиот животен циклус ќе се продолжи.

„Го враќаме брендот SEAT таму каде што припаѓа, продолжувајќи го двоцифрениот раст од минатата година со нови инвестиции во брендот и неговите модели. Исто така, разгледуваме што можеме да испорачаме во електричниот свет под брендот SEAT. Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“, додаде Вејн Грифитс.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Зегин онлајн“ е најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина за 2023 година

Објавено пред

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчеравечер се одржа Ecommerce Awards, избор на најдобрите во македонската е-трговија.

dobivaj vesti na viber

Компанијата Зегин со е-продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата „Најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина“, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.

Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкурентноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.

„Оваа награда, трета по ред претстаува уште еден доказ за успешноста на работењето на онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk и е одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина. Ви благодариме за лојалноста и довербата!“, велат од компанијата за наградата.

Манифестација за доделување на македонските Награди за е-трговија за 2023 година – E-commerce Awards, се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Тековните предизвици и можности на винските пазари и значењето на географските ознаки за македонското вино – теми во фокусот на регионалната конференција за вино

Објавено пред

Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари за подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само некои од прашањата за кои се имаше дискусија на регионалната конференција за вино, што ја организираа здружението „Вина од Македонија“ и винарската визба „Тиквеш“, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

dobivaj vesti na viber

„За да се зголемат продуктивноста и додадената вредност на домашната винска индустрија, нејзината конкурентност и вредноста на извозот, како и нејзината отпорност на тековните предизвици, вклучувајќи ги и ризиците од климатските промени, неопходни се големи вложувања во знаење, во нови технологии и дигитализација, во организација, окрупнување на лозјата и создавање ефикасни кооперантски односи, како и во воведување нови правила, стандарди и механизам за државна поддршка и поголема регионална соработка. Сето ова мора да се заснова на научен пристап користејќи ги искуствата на развиените земји, кои поминале низ оваа трансформација и може да ни помогнат да го оствариме она што е нашата главна задача – зголемување на извозот на квалитетно вино, кое ќе биде препознатливо и ценето од потрошувачите во светот“, порача во своето воведно обраќање на конференцијата претседателот на здружението „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски.

Во рамките на конференцијата се одржаа три работни сесии на кои реномирани експерти од Универзитетот „Гајзенхајм“ во Германија, професорите Јон Ханф и Силвија Димер говореа за состојбите на глобалниот пазар на вино, за спецификите на посебните пазарни нишки во Европа и за значењето на правните и техничките услови за извоз на вино. Една од поважните пораки што ја потенцираа експертите се однесуваа на важноста на заедничкиот настап на компаниите на пазарот истакнувајќи дека ваквиот пристап може да креира ефективни резултати доколку секоја компанија настапи одговорно и самостојно покрај заедничките активности како кластер.

Поздравувајќи ја организацијата на оваа конференција, регионалниот советник за земјоделство во германската амбасада во Скопје, Франк Мулер, го нагласи значењето на соработката помеѓу здружението „Вина од Македонија“ и ГИЗ акцентирајќи дека за долгорочен одржлив развој на винската индустрија неопходна е соработка и со универзитетите бидејќи научниот пристап во воведувањето и примената на унифицирани стандарди за производство и пласман на висококвалитетно вино од регионот е повеќе од неопходен.

За најновите движења во интрарегионалната трговија со грозје и вино во рамките на Западен Балкан говореше и извршната директорка на здружението „Вина од Македонија“, Елена Младеновска-Јеленковиќ, која ја нагласи неопходноста од воспоставување заеднички вински бренд со загарантирано географски потекло како еден од клучните предуслови за зголемување на препознатливоста на овдешните вина од страна на потрошувачите на пазарите во ЕУ и пошироко.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини

Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да...

Свет7 часа

Бремена жена е убиена денеска во израелски напад во Газа, бебето спасено со царски рез

Девојче се роди денес по итен царски рез на нејзината мајка, која беше убиена во израелски напад врз градот Рафа...

Свет8 часа

Русија и се заканува на Америка поради историска одлука: Ова ќе заврши со понижувачко фијаско

Русија денеска соопшти дека поддршката на американските претставници за нова помош за Украина во износ од 60,84 милијарди американски долари покажува...

Македонија9 часа

Пендаровски: Мицкоски пред некој ден повика на формирање на семакедонски патриотски фронт, исто како во времето на режимот

На денешниот граѓански собир во Скопје, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се осврна и на меѓуетничките односи, истакнувајќи дека од независноста...

Свет12 часа

(Видео) Опасни поплави ѝ се закануваат на кинеска провинција, над 127 милиони луѓе се евакуирани

Големите реки, канали и езера во кинеската провинција Гуангдонг се соочуваат со опасни поплави, поради што владата денеска одобри акционен...

Македонија12 часа

Битиќи: Јавно здравство без партиципација и повисоки плати за медицинските лица

„Срцето и душата на државата лежи во здравјето на нашите граѓани, а должноста на една социјалдемократска власт е да се...

Македонија13 часа

Николоски: Директорката на прилепската болница поставена од Филипче со огромен корупциски скандал – за иста услуга плаќала дупло

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, на денешната пред сконференција се осврна на, како што...

Регион14 часа

Отстранета голема бомба во Ниш, евакуираните 1300 граѓани се враќаат дома

Завршена е акцијата на неутрализирање и уништување на воздушната бомба која остана од бомбардирањето на НАТО на улицата Александра Медведева...

Свет15 часа

(Видео) Иран ја засилува репресијата врз граѓаните: Егзекуции, апсења и враќање на моралната полиција

Со погубување на осуденици, апсење дисиденти и враќање на полициските патроли за спроведување на задолжителните правила за хиџаб, Иран ја...

Свет16 часа

На изборите во Баскија може да победи партијата која сака независност од Шпанија 

Баскиската сепаратистичка партија Билду, која влече корени од политичкото крило на сега веќе непостоечката вооружена група ЕТА, би можела за...

Македонија16 часа

Три завршни митинзи на претседателските кампањи денеска во Скопје, кампањата за парламентарни избори продолжува

Продолжуваат кампањите за претстојните претседателски и парламентарни избори, каде претседателските кандидати, како и кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија17 часа

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

Пред граѓаните на Струмица, кандидатот за претседател, Стево Пендаровски се осврна на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во однос...

Македонија17 часа

Силјановска-Давкова: Пендаровски е еднакво одговорен за скандалите и криминалите на ДУИ

„Претседателот воопшто не е невин. Барем дваесетина пати требаше да посегне по ветото кога се носеа лошите закони. Тој, скромно,...

Македонија1 ден

Гордана Силјановска-Давкова: Однесувањето на ДУИ е врв на султанатот во Македонија

Денеска, во рамките на својата кампања за претседателка на Македонија, професор д-р Гордана Силјановска-Давкова, одржа говор во Берово. – Врв...

Свет1 ден

САД изгласа помош на Украина: Ова може да го промени текот на војната

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска го изгласа законот за дополнителна помош за Украина, дел од пакетот од 95 милијарди...

Македонија1 ден

Пендаровски: Јас сум ваш, вие сте мои, а сите заедно сме наши – ќе успеееме

Зборувајќи пред граѓаните на Василево, кандидатот за претседател Стево Пендаровски потенцираше дека Македонија веќе е горда на постигнатото, а со...

Македонија1 ден

Ковачевски: Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество

Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ можеме да ги одобриме состојбите...

Македонија1 ден

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје

Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до...

Македонија1 ден

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе направат трансформација во Македонија, со „Платформа 1198“ ќе се решат проблемите на граѓаните

„Во очите на граѓаните има една желба да што побргу заврши сето ова кое што се случуваше шест и половина...

Македонија1 ден

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во...