Контакт

Компании

Ајран – нов освежителен пијалок за сечиј вкус

Објавено пред

ИМБ Млекара Битола деновиве го збогати својот асортиман со уште еден млечен пијалок – Ајран, кој е особено популарен на Блискиот Исток. Со овој новитет Битолската млекарница нуди уште еден освежителен производ за сите љубители на млечните вкусови

dobivaj vesti na viber

Ајранот е особено популарен во Турција и Грција, а се конзумира секојдневно во речиси сите земји на Блискиот Исток. На нашите простори, ајранот навлегол со турските влијанија, а веднаш бил прифатен од населението како освежителен и хранлив пијалок со висока нутриционистичка вредност, а ниска масленост. Се добива од висококвалитетно кравјо млеко, во кое се додаваат јогуртни култури и сол, што му дава посебен вкус и гаранција за долготрајна свежина. Јогуртниот состав на ајранот придонесува за освежување и помага при варењето, а додадените мали количества на сол во течноста влијаат да се задржат течностите во организмот, со што се балансира крвниот притисок и се добива подолготрајно гаснење на жедта. Ајранот од БиМилк се препорачува да се пие добро изладен, бидејќи тогаш особено доаѓа до израз неговиот посебен вкус. Поради благотворните дејства на варењето, се препорачува да се конзумира со специјалитети од месо, особено со  зачинетите и лути јадења. Пред налевање во чаша, потребно е убаво да се протресе, по што при налевањето ќе се создаде нежна пена на врвот на пијалокот, за поголемо уживање и освежување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Штедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор

Објавено пред

Резолуција што носи сигурност

dobivaj vesti na viber

Почетокот на годината е период кога многумина прават пресек на досегашните финансиски навики и размислуваат за начини како да внесат поголема стабилност и поголема контрола во секојдневието. Во таков контекст, вниманието сè почесто се насочува кон долгорочно планирање и одговорно управување со личните средства. Меѓу најчестите и најразумни одлуки е штедењето, бидејќи овозможува финансиска сигурност и подобра организација на буџетот на подолг рок. За да прерасне во навика со реални резултати, потребен е јасен план и решение на кое може да се потпрете.

Јасна рамка за стабилен почеток

Кога условите се однапред познати, штедењето станува едноставно и без грижи. Токму во таков контекст, Халкбанк го нуди Промо депозитот како сигурен почеток на финансиската резолуција за 2026 година. Со рок на орочување од 13 месеци и фиксни каматни стапки oд 3,00% за МКД, 2,00% за ЕУР и 2,00% за УСД овој депозит создава стабилна временска рамка што овозможува планирање со јасна насока.

Фиксна камата и јасен принос

Промо депозитот се темели на фиксна каматна стапка, која обезбедува целосна предвидливост на приносот а каматата се исплаќа на крајот од периодот на орочување.

Мал чекор денес, стабилност утре

Додека годината се заокружува, а празничните денови нè потсетуваат на важноста на сигурноста и грижата за иднината, штедењето добива поинакво значење. Тоа станува вредна одлука – подарок што си го даваме сами на себе. Со Промо депозитот на Халкбанк, новата година не започнува само со желби, туку со конкретен чекор што носи стабилност, доверба и чувство на сигурен почеток.

Промо депозитот е достапен во филијалите и експозитурите на Халкбанк, каде клиентите можат да добијат дополнителни информации и професионален совет.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село

Објавено пред

„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.

dobivaj vesti na viber

СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.

Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.

„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.

Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.

Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари

Објавено пред

Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.

dobivaj vesti na viber

Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.

Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.

Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.

Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....

Македонија5 часа

Грипот стивнува, намалени бројките на новозаболени, но остануваат препораките за маска во простории со многу лица

Институтот за јавно здравје и оваа недела пријави помал број новозаболени од грип и заболувања слични на грип. Директорката Марија...

Македонија6 часа

Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во...

Македонија6 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино...

Македонија7 часа

Бислимоски и РКЕ очекуваат расчистување на случајот со „Тритерол Петрол“: Постапено е согласно закон

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени...

Топ7 часа

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантираните права на Македонците во Бугарија и без гаранции дека нема да се соочуваме со блокади од субјективни причини

На денешната собраниска седница за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Скендер Реџепи околу уставните...

Македонија7 часа

Силувале 13-годишно девојче, ја удирале и навредувале: осомничени четири лица од Неготинско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано...

Македонија9 часа

Зголемена опасност од лавини на Шар Планина: Националниот парк со предупредување, посетителите да постапуваат претпазливо

Националниот парк Шар Планина информира дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите...

Македонија10 часа

Стефковски: Општина Гази Баба треба да врати 127 милиони денари за Скопски саем

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски се обрати до граѓаните, а по повод пресудата на Апелациониот суд во Скопје...

Македонија10 часа

АХВ доби поддршка: Изградбата на гробишта за домашни миленици претставува решавање на деценискиот проблем

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов и стручни лица од Агенцијата, неделава одржаа работни состаноци со...

Македонија10 часа

Злоупотреби во Прилепската болница: меѓу обвинетите за проневера и поранешната директорка

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – Проневера...

Топ11 часа

Кривична пријава за „даночно затајување“ против фирма од Струмица и двајца управители

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица, В.Ј. (35) и С.П. (44),...

Македонија12 часа

Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ...

Свет13 часа

Америка сериозно размислува за напади врз Иран, има неколку опции, објави Ројтерс

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува опции против Иран, кои вклучуваат целни напади врз безбедносните сили и нивните водачи за поттикнување...

Свет13 часа

(Видео) Агентите на Служба за имиграција добија нови инструкции по смртта на двајца Американци: „Избегнувајте контакт“

Агентите на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во среда добија нови инструкции да избегнуваат контакт со „агитатори“ додека...

Свет14 часа

(Видео) Откриено каква течност е употребена за напад врз американската конгресменка

Еден маж е уапсен откако ја испрскал американската конгресменка Илхан Омар со течност за која подоцна се утврдило дека е...

Европа14 часа

Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно. „Пристапувањето на...

Свет14 часа

Индија ги намалува царините за увоз за европски луксузни автомобили

Индија веднаш ќе ги намали царините за луксузни европски автомобили од 110 проценти на 30 проценти според новиот трговски договор...

Македонија14 часа

Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила

Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила. Како што известуваат...

Македонија24 часа

(Видео) Симнете ги розовите очила и погледнете ги работниците – порачаа синдикатите до функционерите на протестот за повисоки плати, се бара 600 евра минималец

Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити...